1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.710
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас, и, мислам дека состојбава мора да се следи и од психолог и од психијатар.
    Од блеење по форуми ко мене и другите, ништо не правиме
     
  2. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ве молам итно, некој нека ми пиши порака.
     
  3. Месец дена без секунда анксиозност! Да ми се множат со години, а и на вам исто!
    Почнав на работа, во Спа центарот за кој пролетта паничев и пишев долги писанија оти бил 25 км далеку од градот во кој живеам тука на Крит, па ќе сум умрела од топлото, од премореност и не знам што.. Топлото почнав да го сакам и секој ден после работа со сопругот одиме на плажа.. Се сончам топлес и пливам до среде море каде во сон не можев да замислам дека ќе пливам. Бучниот град од кој избегав пролетта, сега го обожувам како егзотичен и медитерански, дури почнав да спијам без тампони за уши. Посвоивме мачка која ни внесе многу топлина во домот. За дете донесовме цврст заклучок дека не сакаме и двајцата. Родителите во иднина ќе ни бидат деца оти ќе се грижиме за нив. Грижата од љубов е иста, а по парадокс стари луѓе и деца се многу блиску.
    Јас имам капацитет за толку! Цврсто знам дека дете не сакам, а и сопругот се согласи на истото!
    Чувството на олеснување е прекрасно, кога си го знаеш капацитетот и не се малтретираш со непотребни и за тебе штетни очекувања. Не мора и не треба секој да има дете!
    И воопшто не се чувствувам помалку вредно од оние кои сакаат/имаат.
    Зрело е да знаеш што можеш и многу сум среќна со сознанието..
    Рецепт за анксиозност не постои!
    Кај секого е толку различна причината и повлекувањето.
    Кај мене после неколку месеци морбидно интензивна анксиозност, сватив и беше потврдено од доктор дека е последица од контра ефектот на зависноста од седативи во комбинација со имагинарните очекувања дека се бара многу одговорност од мене како жена, а не е така, затоа реков имагинарни. Затоа и бев толку гласна за злоупотребата на бензодијазепините, за која многумина погрешно ме разбраа, оти во Северна Македонија доктори и те како ја препишуваат несоодветно и крајно штетно. Не сите секако. Сакав да ви кажам да бидете попретпазливи и да се интересирате за она што го земате. Не е Северна Македонија Скандинавија! Го знам многу добро нашето здравство.
    Што и да ви кажам понатаму ќе звучам како некоја шарлатанка која дели совети, а навистина анксиозноста е толку комплексна и деликатна тема, што и добронамерен совет може да даде контраефект.
    Би рекла дека времето е најдобриот лечител! Не ги форсирајте нештата, не барајте инстант чуда, прифатете дека некое време ќе биде тешко и верувајте дека ќе дојде подобро.
    А додека дојде подобро како ќе работите на себе и што ќе правите останува на вас. Барањето професионална помош никогаш не е на одмет, поготово психолог за почеток, но ете за жал кај нас мнозина не можат ни тоа да си го дозволат.
    Јас пролетта избегав од Крит мислејќи дека истиот е причината за мојата анксиозност, па дојдов во уште поголем пекол дома, мислејќи дека кај моите ќе оздравам. Моите се прекрасни и ме сакаат безусловно, али пеколот беше во мојата глава. Кога го прифатив и речиси се предадов, едно време ми стана сеедно дали ќе умрам, е тогаш ми стана подобро и се вратив кај сопругот.
    Но, секој е различен!
    Поентата е да се сознае вашиот начин /"трик" што ќе направи да се ослободите на периоди, сами или со професионална помош, пак останува на самите вам.
    Верувам дека ќе ми се врати во иднина секако, и нека ми се врати, добредојдена е!
    Научив да ја сакам! Оти, без нејзе немаше да умеам да уживам со толкав интензитет во животов кога ја нема.
    Ја сакам својата анксиозност и не бегам од неа!
    Бидете ми поздравени од врелиот Крит!
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2021
    На lale22, Smajli5, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Многу убаво пишуваш,романтично и бајковито.Мило ми е за секој излечен член,или некој во добри епизоди.,и првата тема што ја отвори со бензо пеколот ми ги отвори очите.:bow::bow::bow::l:Пишувај понатаму.
     
    Последна измена: 18 септември 2021
    На lale22 и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  5. Ани, ми го направи попладнето!!!
    Среќна сум за секој свесен член од темата за која пишував, без да бидам погрешно разбрана, иако на моменти можеби не бев прецизна, темелна и бев така и попристрасна поради последиците кои ги сносив од истата, земајќи ја во предвид и состојбата во која се наоѓав.. Но, многу ме правите среќна сите вие кои ме разбирате, дури и кога звучам дека грешам.. Не сум тука да деградирам медицина и медикаменти, самата сум медицинско лице. Само сакам да посочам на огромните последици кога се препишуваат/земаат несоодветно. На запад уште нема доволно стручњаци на темата бензодијазепини, а камоли кај нас!
    Жртви има од катастрофални размери!
    Секое интересирање за сопствената терапија е здраво интересирање и ултимативно потребно. Никако не сакам да ги наведувам членовите да не земаат терапија, само сакам многу сериозно да ја сфатат, исто така уредно да ја земаат, и за истата и покрај информациите од својот лекар, на светски проверени страни да се информираат!!!
    Една од нив е страната, ако не и најдобрата - Benzobuddies.com,
    во која светски најдобриот психијатар за оваа проблематика зборува за истите, нивната соодветна употреба и последиците. Таму ќе најдете и форум во кој стручни лица многу разумно делат совети и препораки, исто ќе може да комуницирате со членови како тука за поддршка.
    Ако се информирав порано за времетраењето на терапијата со бензодијазепините немаше да поминам низ најмрачните одаи од пеколот, а ете психијатар ми ги препишуваше и не ми спомна за никакви последици.
    Информирајте се, секогаш, ама секогаш читајте ги упатствата, одете и по кај 10ет психијатри додека го најдете правиот. Не се многу, но ги има и кај нас.
    -Многу, многу сериозна работа се медикаментите!!!
    Ни во лудило не си дозволувајте самите да си играте со нив, поготово со бензодијазепините, да не се повторувам, веројатно знаете кои се?
    Останете одговорни кон себе и секое добро. Тука сум за сѐ што ви треба.
    Убава вечер.
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2021
    На lale22 и Smajli5 им се допаѓа ова.
  6. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Да ми понудите некој лек на природна база против страв и трема што ви помогнало вас?
     
  7. Валеријана капки во помали дози(10,20 капки за преку ден) си пишува во упатството баш за трема и немир преку ден, и маточина чај за спиење, значи мелем за несоница и опсесивни мисли навечер. Мене ми помогна кога го оставав седативот, буквално се убивав од спиење и се будев расположена и со тегнење како бебе!
    Работи си на себе , задлабочи се и разговарај си со себе или психолог што ти ја предизвикува тремата и немирот..Вежбај и контра акции. Тоа што ти претставува најмногу трема соочувај се, оди му во лице, ти се колнам дека ништо нема да ти се случи. Но, кога ќе се почувствуваш способна за тоа. Крајните вежби со психолог за вакви состојби се соочувањата додека не го скршиш имагинарното толкување и стравот за истите. После е лесно кога ќе настапи рациото.
    Ти посакувам успех, ќе го имаш секако!
    Ахх и вежбите со длабоко дишење при трема се доста добри и визуелизација.
    Ќе помине, ти ветувам! ❤️
     
    На lale22, Smajli5, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Друштво, исто ќе заборавев, овој месец носам камен АМЕТИСТ нон стоп на мене. Пред ова бев скептична и мислев дека сугестијата си го прави своето и не верував во моќта на камењата, но дури и кога би била сугестија, оти да не, сите функционираме по истата на крајот..
    Бев на еден остров недалеку од Крит минатиот месец.. Сопругот ја познаваше жената која продаваше своерачно изработен накит од драгоцени метали и камења, самата ми го даде Аметистот како камен кој ја апсорбира негативната енергија, помага при зависности, анксиозност, опсесивни мисли, и носи мир и спокој. Уште одамнина се знаело за неговата моќ за преобразба и многу свештеници и духовници го носеле и употребувале при лечење на психички состојби..
    Не е лошо да си најдете ма макар и да е сугестија, ако ви помогне вреди.
    Јас кога си го ставам наутро одма си имагинирам дека ќе бидам стабилна и некако ми влева сигурност и верба во доброто.
    Плус, колку преубава виолетова боја има, баш како морето после залез пред да падне ноќта.. Индиго пурпурна.. Самото гледање во него ме смирува и дава спокој и сигурност.
    Значи, камен АМЕТИСТ, можда може да го најдете таму или порачате од сигурна страна на интернет. Само бидете претпазливи при купувањето, оти вистинските камења тежат доста и кога се мали, лажните не тежат.
     
    Последна измена од модератор: 18 септември 2021
    На lale22, Smajli5 и GirlLove им се допаѓа ова.
  9. Milaa111

    Milaa111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Фала ти секако ке ги земам. Конкретно треба да бранам дипломска, но имам многу голем страв затоа што секогаш ми се случува кога треба така јавно да излезам имам неверојатна тахикардија дури и гласот ми запира скроз. Затоа барам нешто што би можело да ме опушти.
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Го имав и јас истото многу долго време што ми разви дури социјална фобија.. Знам како е!
    Освен билкиве, би ти препорачала да зборуваш за тоа со луѓето, да не се потиснуваш. Мене ми се повлече кога при еден настап исто имав тахикардија 200 и не можев да дишам, и им кажав на сите дека имам трема, на што се насмеавме сите, ми дадоа време, се направи убава атмосфера и поминав супер.
    Не се труди да се претставиш совршено, биди искрена, дури и прифати си ја како твоја карактеристика засега и играј мајтап за истата, зборувај за неа отворено со луѓето, шегувај се на своја сметка и ќе видиш колку сѐ ќе биде полесно, попрекрасно..
    Јас веќе не се срамам да испаднам "глупава", смешна, слаба и не знам каква..
    Човечки е! И кога престанав да не се срамам и да не очекувам од себе чуда, почнаа да се случуваа чуда.
    Само отворено, од најголемите стравови прави мајтапи. ❤️
     
    На lale22, Smajli5 и Milaa111 им се допаѓа ова.
  11. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Се гледа колку се стручни докторите после долги години истите псевдоними сеуште дебатираат за проблемот Анксиозност.
    Вклучете внимание на недостатоците од Витамин Ц , Б 12 , Б6 , серотонин . Причинител е и хормонален дисбаланс .
    Применете природна медицина луѓенца и ќе бидите во ред . Само кој слуша и кој применил :)
     
    На Избришан профил 146538, GirlLove и lolipoppp им се допаѓа ова.
  12. Апсолутно!
    Проверка на сите хормони треба да биде првиот чекор.
    На нашето подрачје поради недостаток на јод и здрава околина и исхрана многу луѓе имаат проблеми со тироидната, без да знаат.
    Лани кога ми почна интензивната епизода со анксиозноста, тука во Грција отидов на психијатар, и пред да ми препише било што, ми даде упат за сите хормони меѓу кои и тироидните и проверка на Б6, Б12 и кортизол секако. Тек кога виде дека сите хормони се во ред и витаминскиот статус, почнавме со лекување и истражување. Мојата причина беше зависноста од седативи кои ми ги направиле партали ГАБА РЕЦЕПТОРИТЕ, а истите да не повторувам колку се битни, и со употреба подолга од 4,максимум 6 недели бензодијазепини, согоруваат буквално. А јас земав седатив Лорам, 11 години препишуван од психијатар од Северна Македонија, кој ми велеше не е ништо 1мг на ден, ти помага да спиеш, ќе си го земаш доживотно.
    Кога и' кажав на психијатарката овде во Грција се фати за глава.
    Ова е рече за на суд! Те убил буквално!
    Ама нејсе, Македонците мислат Дијазепамче, Хелексче, Лорамче се нешто ко Б витаминиве..
    Седативите професионалец ќе ти ги препише АКУТНО, не повеќе од 4 недели, и во екстремни моменти, едно!
    А колку има само членови овде кои си ги земаат со години, препишани или на своја рака, додека не се изгубат комплетно во витлите од хемиската анксиозност која ќе продлабочи да не ги плашам што потоа , несвесни дека седативите долго земани ќе им сменат до когнитивна перцепција, хормони, либидо, сѐ, и ќе ја интензивираат анксиозноста до ПЛУТОН, незапознаени дека попатно станале и зависници! Па драги мои, истите тие доктори им ги препишуваа на Мајкл Џексон и еден куп други ѕвезди за анксиозност и несоница и дали им помогнаа во зависноста од истите????
    Нека се тестираат сите оние кои долго земаат седативи редовно, какви биле пред и сега. На долго мислам повеќе од 6 недели секојдневна употреба.
    Нека одат по земјите каде владее интегритет во здравството ќе видат што ќе им кажат за Хелексчето и Дијазепамчето. Попрво метадон ќе ти препишат, него Дијазепам!
    И дај ве молам изгуглајте малку за истиве пред да ми се пуштите дека лупетам или не ми кажувајте дека секој доктор треба да се слуша, поготово таму. Таму секој мора да студира медицина секој ден на Гугл за да остане жив и од настинка.
    Жал ми е за недовербата кон македонското здравство, но јас не го направив такво. Жртва бев на истото!
    Што повеќе луѓе освестам да се едуцираат и интересираат за сопственото здравје, толку повеќе ми олеснува.
     
    Последна измена од модератор: 19 септември 2021
    На Milaa111, Anxiety:), Smajli5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Претходно пробував да му вгнездам на членовите знаење и сега чат пат ми текнува да видам до каде се стасани па му вгнездувам по малце знаење не се трудам многу пошто бев угнетуван. На место се кажа се сложувам со тебе и таа е вистината !
     
  14. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ste koristele Neoleksan ? Ima efekt nekoj ili frlanje pari?
     
  15. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Ако ме прашаш мене лично фрлање пари ..
     
    На Blondie715 и katica2001 им се допаѓа ова.
  16. Nagdza

    Nagdza Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2021
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Dobro vecher na site ,Bog pomaga .Baram sovet od vas poshto mislam deka i jas se soochuvam so anksioznost.Pred okolu edna god. mi se javija strasni bolki vo zheludnik i kako celiot da mi se prevtruvashe,premestuvashe,me skina edno 2 saati so jak intenzitet ,a od utreto ,pochnav mn da zhdrigam i da imam gasovi ,nonstop,otidov na matichen,mi dade upat za na eho,nishto nemashe,se uredno,otidov kaj internist,myu gi kazhav simptomite ,mi prepisha pantoprazole ,mi podpomina posle nekoe vreme,trebashe da idam na gastro ,ne otidov radi splet na okolnosti,posle nekoe vreme osetiv podobruvanje i ne ni morashe pak da zakazhuvam da odam,ne mi dijagnosticiraa nishto ,si podpomina ,mada i den denes zhdrigam i imam gasovi ama mn poretko ,togasg nonstop si zhdrigav i imab gasovi,posle toa,po eden mesec, po prethodni bolki vo grloto,otidov pak na matichen,me prati na otorinolaringolog,mi dijagnosticirashe hronichen tonzilitis i deka e nuzhna operacija na krajnicite,realno ne gi izvadiv seushte ,poradi toa shto nemam nikakvi simptomi ,posle toa mi se sloshuvashe ,mi se vrteshe,mi varirashe pritisokot ,bev pak na matichen,mi preporacha helex 0.25 za smiruvanje i otkako gi pijam ne mi se sloshuva ,ustvari mi se podsloshuva nekad,ama ne panicham i pominuva za nekolku sekundi,togash realno panichev i beter mi se losheshe i vrteshe i nekolku pati zavrsis vo bolnica,inekcija ,pred toa helex odma koa mi se losheshe ,exno iskacanje od bolnica mene mi pominuvashe ii sea najnovo 5 6 meseci shto trae,mn mi e chudno u glavata ,dekoncentriran sum ,defokusiran,mi se namaluva rabotata na mozokot ,duri neznam na mom kaj sum , shto sum,kaj teram,sho praam,memorijata slaba mi e isto taka ,mi se vrti kao,chuden mi e pogledot i odednash naednash pominuva bez lek ,bez nishto ,imam loshi misli nekad,kako nema da me bide ,ke mi se sluchi neshto,mlad kke zaminam, nedajbozhe,deka sum bolen a ne sum ,a i te kako sum svesen deka kakvi ni se mislite takov ni e zhivotot i deka kako zrachime taka i privlachime,ama nemozham da sum pozitiven,se trudam max,no me preovladuvaat neg.misli ,5 krvni sliki za ovoj tezhok period napraiv,a inaku u moj 22g ,ovaa 22rata nonstop sum po doktori shto se vika,a pred toa mozhe 10g nemam otideno na doktor ,krvnata super e da ne se urocham,ama ja ne sum dobar,eve i ovie denovi imam glavobolki i pechenje u cheloto,prvpat mi se desi da me peche glavata a da ne me boli i toa ete postoelo xD,sea u vrornik zdravje kje odam da ja snimam glavata i drugo shto preostana e da otidam na psihijatar,bev da mi se zakazhe ama nema termini seushte,treba denes da idam da vidam dali ima ,se izvinuvam za malce podolgiot tekst,no za da vi bide pojasno i da utvrdite eventualno za shto stanuva zbor ,vi blagodaram odnapred,pozz do site i se najdobro i shto poskoro da iskochite ko pobednik y bitkata so anksioznosta:hug::l:
     
  17. DarkAcademia

    DarkAcademia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Кои хормони треба да се испитат кај анксиозност и како оди сето тоа, каде може, колку кошта, дали треба упат препорака или може на приватно. (ако ми текне уште нешто пак ќе прашам) :$
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    Какви хормони да се испитаат кај анксиозност :^)(facepalm)??
     
  19. Od
    Odi na psiholog za pocetok, eventualno i psihijatar ako te preprati, tie ke utvrdat za sto stanuva zbor.
    Patem, maticen da ti prepise Heleks e krivicno delo, bez izvestaj od psihijatar.
    Za ova zboruvam celo vreme.
    Vi posakuvam mnogu zdravje i uspeh, se' ke bide vo red.
    Moj sovet e da posetite psiholog pa posle ako treba i psihijatar.
    Bez razlika na simptomite koi mozebi ukazuvaat na anksioznost, nikoj ovde ne e strucen/praven za da dava dijagnozi.
     
    На Smajli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Maticniot te prepratuva za laboratorija ili internist potocno pred da pocnes so bilo kakva terapija i upat za psihijatar.
    Vo Grcija prvo mi dadoa upat za ispituvanje. Ispituvav tiroidna, kortizol, b12, b6, i estrogeni.
    Da, i te kako hormonalen disbalans predizvikuva simptomi na anksioznost, i koga ke se utvrdi deka ne e toa pricinata se odi na drugi pretragi i psihijatar i terapija ako e potrebna.
    Barem taka funkcioniraat ovde vo Grcija, za tamu ne znam iskreno.
    Zboruvaj so maticniot za simptomite i predlozi hormonsko ispituvanje a podocna i psiholog/psihijatar ako treba.
     
    Последна измена од модератор: 20 септември 2021
    На Anxiety:) и DarkAcademia им се допаѓа ова.