Не само во Грција, и мене пред да ми се дијагностицира анксиозност ми ги направија сите можни анализи, да се исклучи се па после на психијатар и тоа со минимална доза сум.
Pa toa e korektnata procedura, no kaj nas, ne site maticni ja sproveduvaat. Kako procitav kaj deckoto pogore, maticen mu preporacal/prepisal HELEKS, ne znam kako i dali uste go zema deckoto, ali ova sekako e krivicno delo. Za ova laam ovde celo vreme. Ekstremna pretpazlivost i edukacija. Za zal makedonskoto zdravstvo ne ni izgradi doverba vo istoto.
Мене матичната само еднаш ми даде лексилиум кај неа во ординација да се напијам и тоа од 1,5 кога и дојдов со притисок 160 /100. За да ми се симне притисокот. Јас не знам кои се бре тие матични што се прават поголеми специјалисти од специјалистите. Всушност и таа епизода беше поводот да се почне со тироидна, ендокринолог, кардиолог, па све и свашта за на крај да се утврди дека проблемот е за психијатар. И психијатарот ме почна со минимална доза, и еве ме 7 години подицна не сум ја зголемила, освен кога почина татко ми и вујко ми и тоа му се јавив на психијатарот да го прашам дали смеам да се напијам половинка хелекс од 0,25 плус половинката на ден што ја пијам. Овде читам дози давање од ракав.. а може и се издржани не ја знаеме ситуацијата. Ама анкс не се лечи само со хемија!!!
Fala za odgovorot ,i jas isto vi posakuvam pred se odlichno zdravje i da dozhiveesh uspeh na sekoe pole,mora da bide dobro,ako ne bide ,znachi ne e kraj,kje posetam shto e mozhno pobrgu psiholog , pozdrav do vas ,se najdobro
Сѐ ќе биде во ред! Што не се излекло а камоли ова! Ќе помине..Време треба и трпение. На сите анксиозни фемови и фемини убава, спокојна вечер посакувам. Времето е најдобриот лечител, дајте му време! Сѐ ќе биде добро!
Ве молам некој што користел АД (elicea,zepira)да ми каже како се осеќал на почетокот првите денови,дали има подобрување и какви,после колку време дејствуваат и секако колку ствараат несакани ефекти,зависност.. Ми прешишаа АД но сеуште не сум почнала со нивно користење некако страв ми е. Сметам дека можам да се борам без нив и за сега добро ми иде но од друга страна си велам што ако навистина е потребно и можеби ќе ми биде уште подобро.
Правиш огромна грешка што поставуваш вакво прашање. Ќе има и такви кои ќе кажат дека им било полошо и онакви кои им станало подобро, а и некои на кои им било исто. Земај си ако веќе ти ја препишал психијатар и фокусирај се на друго. Не мисли ја терапијата. Не си свесна сугестијата колку влијае, иначе не би ни прашала. Кај секого е исклучително индивидуално. Колку луѓе толку мозоци, без разлика што делиме слична состојба или болест. Не секој одговара исто на одредена терапија. Нема да најдеш универзален одговор на вакви прашања никаде и никогаш. Само можеш да станеш поанксиозна од негативните одговори. Поздрав.
Не постојат тестови со кои може да се докаже анксиозност, такво нешто не постои. Едно е да се направат тестови со кои ќе се исклучи одредено органско заболување со цел да се елеминира, па на крај да се дијагностицира како анксиозност. Психијатарот врз основа на психијатриската анамнезата и статус установува дали се работи за анксиозност, а специфични тестови со кои би се докажала не постојат.
Да се исклучат органски заболувања ми беше поентата и наместо некој со пример хипертироидизам неуспешно да се лечи со АД, ќе зема лекови за тироидната. Другарка ми со години неуспешно се лечеше со антидепресиви, за на крај да увидат дека има проблем со тироидната и кога почна да си ги зема лековите за тироидна се прероди. А од анксиозност нема веќе. Се извинувам ако не бев прецизна, не би било на одмет да се исклучат органски заболувања кои и те како можат да начнат анксиозност.
ХОРМОНИ Кои се најважните хормони во нашиот организам и колкаво е нивното значење? Широк е спектарот на појави и состојби кои се резултат на хормоните и нивниот баланс: започнувајќи од сензитивни или нерационални реакции на надворешни појави, анксиозност, сон или несоница, будење, функционалност на метаболизмот, фертилност, глад и низа на психо-физички состојби каде за жал најчесто ги третираме последиците и ретко ги поврзуваме со вистинскиот причинител – хормоните и ендокриниот систем. Во суштина, важноста на хормоните оди до таму што без нормална функција на хормоните не би можеле да се репродуцираме, да се одржува бременоста, да растеме, едноставно самото постоење не би било возможно без добро и хармонично содејство на хормоните или таканаречените ,,курири,, во нашето тело. Постојат повеќе жлезди познати на медицината како: хипоталамусот, хипофизата, епифизата дури и самиот мозок е жлезда, потоа тироидната, паратироидната жлезда кои се наоѓаат во предниот дел од вратот, тимусот кој е лоциран во средината на градниот кош, панкреасот позади желудникот, надбубрежните жлезди на врвот на обата бубрега, јајниците кај жената, тестисите кај мажот во карлицата. Жлездите лачат хормони или медијатори – гласници и тие имаат одредена регија или функција која ја контролираат со тоа што пренесуваат информација до одредено ткиво или орган (или цел организам) како и што треба да извршува,и секогаш истото го прават во беспрекорна синхронизација со другите жлезди како и со мозокот кој целиот ендокрин систем го контролира преку хипоталамусот. Ендокриниот систем заедно со нервниот систем преку медијатори како хормони или неуромодулатори се првите соработници на мозокот за контрола на организмот и неговото беспрекорно функционирање. Оттука, многу болести и патолошки состојби се врзани со дисфункција на една или повеќе жлезди вклучитечно и самото забременување т.е оплодување кое е невозможно без максимална функционалност и хармоничност на сите жлезди т.е целиот ендокрин систем. Дали можеме да вилијаеме на хормоните и на кој начин? Досега се познати доста хормони и нивни метаболити, како и нивното меѓусебно зависно дејство. Кога се пореметува функцијата на една жлезда скоро секогаш следи и дисфункција на останатите жлезди и пореметување на целата неуроендокрина оска, со последици по целото здравје. Многу често започнува со недостаток на енергија, или вознемиреност во текот на денот, менување на физичкиот изглед, пореметување на психичкото здравје, отсуство на сон, пореметен менструален циклус кај жените, стерилитет кај мажите, па дури и појава на малигни болести. Затоа кога ќе се дијагностицира пореметување треба да се проверат хормоните и веднаш да се третира во интерес да се спречат поголеми штети на телото. Каква е поврзаноста на исхраната со хормоните? Меѓузависноста на храната, вежбањето и хормоните е клучна. Добра избалансирана исхрана со физичка активност, 7-9 часа сон, чист воздух, најмногу влијаат кон обезбедување оптимална функција на ендокриниот систем. Истовремено, претставува најдобра превенција од ендокрини нарушувања но и при третман на истите е прва линија на терапија заедно со хормонската терапија. Токму поради овие причини лошата исхрана, седечкиот живот, нечист воздух, бележиме толкав зголемен пораст на ендокрини нарушувања и болести, машки и женски стерилитет, па дури и малигни болести врзани за пореметување на ендокриниот систем. Каква е поврзаноста помеѓу хормоните и расположението? Доброто расположение, полната енергија во текот на денот, мирниот 8 часовен сон во текот на ноќта, во најголема мера зависи од балансот на сите хормони. На пример од нормалната функција на тироидната жлезда зависи расположението и енергијата во текот на денот. Потоа добриот сон е регулиран од мелатонинот (хормон на епифизата – мала жлезда што се наоѓа во главата). Кога се заљубуваме се лачи во големи количини окситоцин (истиот се лачи и при породување и ги регулира контракциите на матката со што го овозможува природното породување). Кортизолот и адреналинот на надбубрежната жлезда може да ни го спасат животот при стресна и загрозувачка ситуација, додека пак со нивното прекумерно лачење во моменти на силен стрес му овозможува на телото и мозокот да превземе реакции кои нормално не би ги превзело итн. Дали жените се под поголемо влијание на хормоните од мажите? Дека жените се под поголемо влијание на хормоните е повеќе мит отколку вистина. И жените и мажите се под еднакво влијание на хормоните, само што влијанието се разликува. Главен хормон кој ја одредува жената е повисокото ниво на естроген во крвта во одност на тестостеронот, а мажот обратно, тестостеронот е повисок од естрогенот и тоа ги прави различни еден од друг. Тој процес започнува уште во ембрионален развој и ги детерминира и развојот на машки или женски полови органи и со тоа и дали една индивидуа ќе биде машка или женска индивидуа. Било какво нарушување на ендокриниот систем може да доведе до пореметување и на половите хормони, т.е естрогенот или тестостеронот. Овие два хормона се и најголеми причинители на малигни заболувања кај женскиот или машкиот организам од сите други хормони на ендокриниот систем. Оттука, уште еднаш доаѓаме до заклучокот дека баланост на сите хормони е клучен, на кој влијаеме преку исхраната и квалитетниот живот, но и преку редовните превентивни прегледи.
Деновиве имам благи панични напади, зборувам во споредба со тоа што имам поминато, се препотувам одеднаш без никаква причина, и раката десна ми се здрвува целосно со се прсти, ептен грдо и ептен језиво, ама се трудам да се контролирам да не мислам дека е предзнак на нешто полошо, ќе легнам малку, ќе го носам умот на убави мисли и ќе помине
Години тешка анксиозност ме доведоа до дереализација, се двоумам за своето постоење, постоењето на другите и не се издржува више ова, пијам терапија (препишана од психијатар), повеќе пати имам разговарано со разни психолози но џабе. Не можам повеќе ми се умира.
Пиеш некои лекови? Прочитај го внимателно упатството, види во контраиндикации што пишува. Што ти велат психолозите?
Пеперутче има решение мене на пример ми сменија терапија и тоа ми помогна, посети терапевт многу луѓе имаат дереализација но минливо е не се плаши ќе помине
Пијам асентра, рисперидон и ламал. Хелекс по потреба. До сега сите ми рекле дека е резултат на анксиозност.