1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. MMayers

    MMayers Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Машки
    Јас пијам зепира и првите 2 - 3 дена само малку некако како чудно се осеќав, ама сега ми е многу подобро
     
    На katica2001 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Одличен. Првите неколку недели по земањето бев катастрофа, истото ми беше напоменато и од докторката дека тоа ке трае додека организмот да се навикне на лекот. Еве веке скоро 6 месеци како пијам Зепира и можам да кажам дека се преродив, се по добро и по добро се чуствувам.
     
    На Избришан профил 146538 и katica2001 им се допаѓа ова.
  3. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите :l::)
     
  4. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене пак. Значи деновите пред менструација сум толку анксиозна, само мислам дека болест имам.. Некој сличен? Имам бодежи измеѓу гради и клучна коска точно во средина не знам дали е од менструацијата или анксиозноста, исто ме боли под ребра, глава ме боли, дтомак ме боли, ќе пукнамммм.
     
  5. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Еве ме,глава, грб,лошо, желудник ме боли ми се повраќа,од се по малку и така катастрофа
     
  6. azzurro

    azzurro Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    851
    Пол:
    Машки
    Енергијата ги следи нашите мисли,ние сме тие кои одлучуваме која енергија ќе преовладува. Еве една многу позитивна мисла која за мене ај да кажем беше доволна за да ги средим глупавите мисли. Позз имајте убав ден
     
  7. Камо да беше толку лесно рационалното да се спои со чувственото.
     
  8. Мозокот е многу сложена работа, за жал.
     
  9. azzurro

    azzurro Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    851
    Пол:
    Машки
    У никој случај не е лесно ама како викаат кога се сака се се може.
     
    На Smajli5 и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.554
    Пол:
    Женски
    Чекај нели тебе ти помина? Нели се исчисти од анксот дека ти беше нус појава од апчињата ?
     
    На joy1 и Emy867 им се допаѓа ова.
  11. Ајде навалите сега со ефтините сарказми. Тежок земјотрес преживеав алооооо!!!
    И до кога ќе ме давите со пустите апчиња, а за истите за нивната злоупотреба и коректна употреба зборував!!!
    На кој јазик да пишувам за да ме разберете? Па стварно нема смисла.
    Конкретно зборував за константната злоупотреба на седативи дека не е решение за анксиозност, па и јас сум паталец и тетка имам која од анксиозност беше 20 години на Лексилиум секој ден и сега не знае како се вика и не оздраве. Како да ви објаснам дека не сум против медикаменти али пропорционално и без злоупотреба, си пишува во секое упатство колку и како треба( поготово за седативите) кои не се препорачуваат како долготрајна терапија. Ете тетка ми 20 год ги земаше и си го сруши животот а не оздраве. И нешто лошо кажав што сакав да посочам на зависноста која ја создаваат а нема да решат ништо??? Оди консултирај се или изгуглај и ајде на дебата, културно со факти дали пишува дека не создаваат зависност.
    Истите помагаат за акутни форми во времетраење како пишува во упатството. Ете тоа го велев, најдобронамерно, ништо поинаку и исклучиво за бензодијазепини, никако за антидепресиви или антипсихотици или било кој друг медикамент за кој целосно стојам дека помагаат и многу луѓе цел живот живеат квалитетен живот со истите!
    И ајде сега радувајте се дека пак не сум добра.
    Не знам кој е лекот за анксиозност.
    Можда нов мозок.
     
    Последна измена од модератор: 30 септември 2021
    На Smajli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. abredebre

    abredebre Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Најпрво престани да си се тешиш дека си се излечила, никој не се излекол од анксиозност, но може да се контролира и да бидеш подобра на одредено време, дури се издешават нешто повторно.
    Второ никој не е овде од што сака и никој не ги злоупотребува апчињата. Ако ти си ги злоупотребувала незначи дека сите ги злоупотребувале. Секој од нас овде пие апчиња од што осеќа потреба да пие.

    Поздрав
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Апсолутно!
    Ама и такви кои ги злоупотребуваат и ако не сте вие една од нив, не разбирам зошто толку пристрасно и погрешно да ме толкувате.
    Само сакав да подигнам свест за оние кои злоупотребуваат, и да работаат на тоа.
    На некои им оди. Една другарка имаше тешка анксиозност како млада, ѝ успеа се избори некако, никогаш не ѝ се врати во таква форма.
    Треба изгледа да се погодат некои дешавки во животот, ти како карактер исто игра голема улога веројатно.. Многу фактори влијаат. Сите сме толку различни.
     
    На Smajli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Мене прво ми почна со страв од физички болести а после ме префрли кај психичките.
    Секоја морбидна табу тема што случајно ќе ја прочитав ми доаѓаа мисли дека и ја ќе станам тоа, до степен да ми беше страв да излезам од дома.
    Лошо е знам. Поготово деперсонализацијата која те тера да мислиш дека сѐ може да си и се преплашуваш и згрозуваш.
    Многу е лошо кога чувството кое си го знаеш која си, ти станува магливо и не си веруваш на себе, рационалното не ти се спојува со чувственото. Знаеш кој си, ама некој језив страв те тера да веруваш во сѐ.
    Да имаше хронична терапија што би ми помогнала да се ослободам би ја земала доживотно ако не би создавала зависност и потреба од поголеми дози.. Камо да постоеше...
     
    На Smajli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.554
    Пол:
    Женски
    @Interrupted Girl najseriozno mislev deka anksot ti bila trigirana od apcinjata. Znam deka ima apcinja koi mozat da ti trigiraat anksioznost i razni sostojbi. Zatoa mislev deka si se izvlekla. Celi romani pisuvase na taa tema ovde.
    I eve jas pijam AD i nikogas ne sum pokacila doza.
     
  16. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Sto e poentata na komentarot?
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.554
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека се осети нападната зашто и реков дека мислев дека се ослободила од анкс која и била тригирана од несоодветна терапија. Цело време членката пишува дека неа од Лопразолам ако не се лажам, не ги знам ниту сум ги пиела.
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што многу членови пишуваат во темата анксиозност за теми што не се поврзани со анксиозност.
     
    На maja.mitrova, buba4e89, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.554
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што на оваа осетлива тема совети даваат од лично искуство, ја читаат луѓе кои се борат со ова срање, и потпаѓаат под влијание. Конкретно за АД имаш оние кои можат без нив и оние на кои АД препишани од доктор им се неопходни да станат од кревет и да функционираат. Оваа тема е многу осетлива. Молитва и цркви и бајачи и чуда врагови не ја лечат. Се знае, психолог, психијатар, ако треба терапија и мнооогу работа на себе. Апчињата помагаат, ама ако ја зголемиш дозата нема да се излечи. Терапијата е само еден чекор кон оздравувањето. Многу треба работа, да се најде коренот на анксиозноста и да се отстрани причината.
     
    На AngIv и GirlLove им се допаѓа ова.
  20. E ajde de, ziva me izedoa.. Neka gi ignoriraat romanite moi koga veke ne gi razbiraat.. Odvisno e bilo sto da se kaze..