Мислев дека ќе помогнам со подигање на свеста, конкретно за бензодијазепините кои во македонското здравство многу непрописно се препишуваат (злоупотребуваат). А истите ги даваат за анксиозност кај која помагаат кога се даваат пропорционално - краткотрајно. Никаде не кажав да не се земаат медикаменти. Многу членови ме разбраа погрешно. Никаде не напишав да не се земаат останати медикаменти па и доживотно ако треба. А ако некаде пишува дека во ред е да се земаат бензодијазепини со години константно приложете ми факти. Ја одбегнав темата оти сакав да подигнам свест за злоупотребата која прави уште полошо да бидам пократка? Под Темата анксиозност подразбирате само пишување симптоми? Од симптомите за кои се пишува не ви е страв? Како и да е, нема широки погледи тука и прифакање факт најдиректно поврзан со истата, оти најсетне не живееме во Скандинавија. Но, во ред, прифаќам да пишувам за ова во тема исклучиво за злоупотреба па кој сака може да чита таму. Се извинувам на тие што ги засегнав.
Кои симптоми? Нус појави од апчето? Не ни читам. Зашто колку читам, си ги манифестирам (зборувам за мене и само за мене). Дозата е препишана, ја имам како safety net, а во меѓувреме си работам на себе и она што ме прави среќна. Не постои магично апче за пваа соатојба која тек после коронава ќе се актуелизира уште повеќе.
Sekoj ima pravo na svoe mislenje, toa sto za eden e dobitna kombinacija za drug moze ne e. Koj romani ne saka neka ne gi cita. Kaj nekoj ne treba zgolemuvanje da doza vo terapijata kaj moi bliski se zgolemuva i toa go odreduva strucno lice. Sepak 6+3 se 9,ama i 5+4 e zatoa treba da se pocituva tugoto mislenje.
Јас лично, ќе кажам за мене. Ми ја зголемија зепирата на 150 мг. Втора недела веќе од една страна сум подобра, од друга не. Седативот веќе ми е со години уназад пиен. Во работата каде што требаше да бидам меѓу првите 5,јас останав последна ради страв, напнатост и сл. Значи мислев ќе ми помогнат зголемената доза, и ете уште си плачам.
Ова е за тоа како Лоразепамот делува со Зепирата Сепак прашај доктор пред да менуваш ако менуваш нешто никако на своја рака. Може не ти е погодена терапијата. Пиеш, зголемуваш а не си подобра. Има тука нешто.
тој де лоразепам е генеричко име. . Еве и кај други прави проблеми. Види барај друго мислење. Што може беља да направиш?? Функцинораш вака? Не. Се вртиш во еден магепсан круг и само голташ терапија која очигледно не дава резултати. Не е тоа во ред. Не е месец, два, години се мачиш.
Ја чекам платава и заминувам на психологот и нов психијатар за преглед. Само нз ск кој да го одберам, можи најскапиот ама да е квалитетен. Се мислам за Ивана од Неортекс, ама мн за чекање има.
Не ми е целта да плашам никого, нити одбегнувам од темата која е тесно поврзана со употреба и злоупотреба на седативи, секој совет за терапија сметам дека е добредојден. Во Македонија има психијатари кои многу непрописно препишуваат седативи на долга употреба и истите ќе направат повеќе штета. Грл лове, разговарај со психијатар за Лорсиланот, стварно не е добро да го пиеш долго. Не го вадам ова од сама себе. Значи, има факти, изгуглајте, си пишува и во упатствата. Пред Лорсиланот имав најобична анксиозност, после негова долга употреба заборавив која сум. Да не бидам пак погрешно сфатена, не апелирам на негово неземање воопшто, ама прописно за акутни форми и кратки периоди. Да одиш кај друг психијатар!
Или ако ти рекол по потреба, не треба да го земаш секој ден. По потреба се мисли во неиздржливи моменти. Ако секој ден ти е така значи се бара друго чаре, друг психијатар, друга терапија, не е работава седативи секој ден. Гледаш дека ти е полошо.
А колку години го пиеш? И секој ден го пиеш? Знае психијатарот за ова? Ако си го земаш сама на своја рака оти секој ден ти е лошо, те молам извести го за ова. Ако ти рекол по потреба сигурно мислел при паничен напад, а секој ден да си го земаш сама на своја рака оти не си расположена и имаш проблеми стварно е злоупотреба.
Нормално дека нема да умреш! Најдобра ќе бидеш, ако ме послушаш и одиш на психијатар и му кажеш дека го земаш на своја рака скоро или секој ден колку време. Ништо не прави на своја рака. Не го прекинувај самата кога веќе си почнала. Него оди и објасни му сѐ. Ништо нема да ти биде, само ќе треба постепено да го прекинуваш, бавно а можда и со замена од друг седатив додека се прилагодиш. Ќе бидеш само подобра отсекогаш ако ме послушаш и му кажеш сѐ. А до тогаш не го прекинувај самата никако. Сѐ ќе биде во ред. Значи сами ништо на своја рака. Затоа лаев овде и пишував романи, па уште и ме напаѓаа и вреѓаа, а посочував токму на овој проблем. Сите членови кои земаат на своја рака било што да се обратат кај психијатар. Сѐ ќе биде во ред ако се придржувате и редовно консултирате со психијатрите. И сфатете дека по потреба не се мисли ако сте нерасположени или немате работа. Пола Македонија е таква а и истата не треба да бара утеха во седативи. Сфатете ги сериозно сите медикаменти. Помагаат исклучиво кога се земаат како и кога навистина треба!
Zdravo decki nov sum vo grupata i imam problemi kako vasive.Znaci veke 3 ipol god ziveam vo Germanija nemav problemi nisto i pred nekolku meseci osekjam non stop kako me gusi na grloto nesto nekogas preku denta nekogas koga spijam i se razbuduvam bez vozduh potoa osekjam omalaksanost teloto mi treperi i vrtoglavica.Isto taka koga ke odam vo nekoj market ili butik osekjam neznam kako da kazam vozduh vo grloto ili grebenje i potoa se osekjam omalaksan kako pred onesvestuvanje.Nekoa bolka ako imam i pomisluvam se na najloso mislam deka ke skrenam ve molam pomognete
Добредојде, посети си прво психолог, најдобро ќе направиш. Ако треба и психијатар подоцна ќе те препрати. Мене така ми е два дена повторно после преживеан земјотрес. Ќе биде сѐ добро. Не се секирај. Барем таму имате добро здравство. Поздрав и без секирации, ќе помине..
За Лорсиланот и од други имам слушано дека е зезнат. А @GirlLove ако ја следиш е како во зачаран круг. Мора да најде друго решение, друго мислење друг пристап.. Терапија треба да помогне а не да одмогне. Еве за Лорсиланот од Хрватски форум од 2002 година..
Е па вреѓајте ме пак што сакам да помогнам. И што сум скршнувала од темата каде најмногу требаат вакви информации. Абе отворете на википедија или било каде, бензодијазепини, не само Лорсиланот, него сите од врстата бензодијазепини, пишува колку време треба да се земаат. Помагаат само во многу кратки временски периоди за недели се работи и после треба многу постепено редуцирање од психијатар. Ако се земаат подолго време било кој од бензодијазепините не само што одмагаат, него прават штети, не сакам никого да плашам нити сакам да вадам овде линкови, изгуглајте сами. А гласна сум, оти во Македонија токму на анксиозните им се препишуваат на многу долги стази и наместо да помогнат, пациентите се вртат во круг со уште полоши симптоми. Не сакам да зборувам повеќе на оваа тема, оти ме потресува. Бидете одговорни за своето здравје и терапија, информирајте се и ништо на своја рака. Гирл лове, сѐ ќе се среди, само време треба и добар психијатар. Ќе ти каже што и како со Лорсиланот. Дотогаш ништо не прави сама. Поздрав и сѐ ќе биде во ред само со одговорност. Kazi mi dali go imas cuvstvoto kako da si gola i preranliva pred site? Se' sto ke ti dojde na um, sekoja bizarna misla te tera da veruvas deka e taka iako dlaboko znaes deka ne e? Dali bese podobra pred da pocnes tolku dolgo i sama otposle da go zemas Lorsilanot? Одбрав наједноставен линк, без хорор прикаски, ништо не е страшно, пишува за групите на сите бензодијазепини, што се и колку време се земаат. https://www.rethink.org/advice-and-...h-mental-illness/medications/benzodiazepines/