1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    Има во ДМ, ама не во сите, последно земав од тоа во Веро Џамбо. Еве ваква е паковката.
    [​IMG]
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    7.569
    Пол:
    Женски
    Не сум од Скопје, кај нас во Дм го нема, и во ниедна аптека.
     
  3. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    561
    Стресови, стресови, нервози, голтање се во себе и оп болка кај желудникот која се шири во грбот позади нагоре точно на средина. Помага само некоја поза како истегнување или свиткани колена. Наеднаш престана, почувствував силен глад и зедов да јадам само бел леб, болкитр веднаш се вратија. Потоа се истуширав ставив топла вода кај желудникот и повторно легнав на земја со свиткани колена, ми помина веднаш. Но, сабајлето јадев жежок бурек....А и генерално оваа недела не внимавам воопшто на храната, јадам премногу благо, па и луто каснав неколку пати, грицки, не јадев редовно, скокање оброци (прв оброк во 13-14h). Дали сметате дека ми е од тоа? Анксиозноста и стресовите ми се плус, еве во петокот вечерта толку се изнервирав што почнав да се тресам од нервоза, добив главоболка, плачев итн...
     
  4. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Верувај дека исхраната ја има најважната улога во борбата против анксиозноста. Ти кажувам од искуство. Последните 6 месеци бев на режим на исхрана, несоницата, мигрената, болките во желудникот и негативното расположение драстично се подобрија. Како да се препородив. Последниот скоро месец се вратив на старите навики. Верувај дека 4 денови по ред не можам да ја излечам главоболката. Не знам што уште не се напив, ништо не помага. Патем имам забрзано срцебиење и висок крвен притисок. Чувствувам како да немам доволоно воздух и ме фаќа паника. Плус болки во задниот дел на грбот некаде во делот каде што го копчам прслукот. Понекогаш стануваат неподносливи и добивам одма јаки болки во желудникот, понекогаш варираат од положбата на телото. Бев и на масажа ѓабе. Сигурна сум дека се е од исхрната, не може да се исчисти организмот од токсини и отрови.
     
    На Anxiety:) му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам во целост. Има милиони случаеви каде што анксиозноста се лекува без терапија. Еве јас сум жив пример. Проблемот е кај нас што одма се преминува на терапија со антидепресиви без претходно да се проба да се излечи на друг начин. Секако се сложувам со напишаното дека треба да се утврди степенот на анксиозност и состојбата на личноста. Таму каде што има можност нештата да се решат без терапија е најдобрата опција. Со напомена дека треба мноооогу цврста воља, упорност и пред се свесност за проблемот што се има.
     
    На Askopje, nena2010 и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  6. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Не помага не се лажете
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Објасни му го ова , кој да разбере
     
    На LadyyGaga му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Многу е битно да се определи дали е хронична анксиозноста или не , депресија од анксиозност е различно многу .Анти депресиви не треба и не смеј да се прифаќаат доколку анксиозност е дијагнозата .
    Антидепресивите се SSRI и функционираат на 1 невротрансмитер , Седативите поготово Ханах и Хелекс се таргет доколку сте Анксиозни , функцијата на овие два Алпразолам е дека сите Невротрансмитери во мозокот ги доведува во нормална функција ги балансира . Невротрансмитерите сами по себе се варијабилни , некогаш сте нервозни , некогаш те среќни и слично сето тоа е резултат на невротрансмитери .
    Мозокот е комплексен орган и сеуште не многу истражуван по готово за ова метаболичка состојба , пред се здрав начин на живот здрава храна се 90 % решение тоа го сака мозокот , менталното здравје само така може да се подобри , другото е е хемија и не очекувај од хемијата да ти го решат проблемот јасно и гласно се знае дека медицината не го решава проблемот туку го облажува . Сфатете го тоа така дејството на горенаведените апој е 6-8 часа после истото ќе ви биди зошто оти вашите невротрансмитери се вратиле пак надвор од контролата е тоа е Анксиозноста , па чувствуваш разно разни работи , значи повеќе невротрансмитери се во прашање а SSRI се таргет само на еден невротрансмитер и невозможно е некогаш и негде перманентно засекогаш да се излечите . Тоа е тоа со анксиозноста треба да научиш како да живејш и како да ја ублажиш и да функционираш како некогаш. Нека не ви даваат лажни надежи докторите или психијатри не знам што проучете си го сопственото тело пошто вие најмногу си го знаете и вие сте тие кои што ги донесувате одлуките и треба да делувате кон себе си , а ако не се сакате себе си нема успех не само на ова поле во никое во животот ќе пропаднете , и нормално позитивни мисли тренирајте ја таа техника ако треба 1 година и ако треба цел живот , спортисти , работници и слично можат цел живот да обавуваат одредени дејности така да можеш и ти и сите и јас да размислуваме 8 часа колку едно работно време ПОзитивно и да го полниме нашиот мозок со позитивни мисли. Толку !
     
    На Избришан профил 146538 и LadyyGaga им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со членката погоре што има пишано во врска со тоа што се пишува конкретно на темава. Иначе и јас не примам терапија иако сум свесна дека некогаш можеби и треба. Можеш и да не примаш терапија кога симптомите не се толку изразени, ама не можеме да го занемариме фактот дека на некој луѓе едноставно им треба терапија. Ако мислиш за себе дека можеш е во ред ама сепак е индивидуално.
     
  10. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    775
    Пол:
    Женски
    Ako moze spodeli za kakva ishrana konrektno zboruvas,sto ti pomagnala?
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Морам ова да го пишам ако надоврзување на твоето мислење затоа те цитирам. Можеш и најздраво да се храниш ако сакаш нема тоа да ти помогне да ја елиминираш анксизноста. Зошто?? Затоа што е важен тригерот на таа анксизност, доколку не се отстрани тригерот анксиозноста ќе биде присутна. Ај тригерот што е тука присутен, анксизноста во голема мера зависи и од генетиката која е многу важен етиолошки фактор, зависи од самиот карактер на идивидуата, како индивидуата ги прифаќа некој работи, како реагира на одредени работи, каков живот живеела индивидуата и многу други фактори. Не можеш да кажеш дека исхраната има најголема улога. За тебе даа може да има ама не значи дека тоа ќе функционира за сите. Генерализирана нелекувана анксиозност води до псисхосоматска манифестација т.е до хронични заболувања што ти веќе и ги имаш како хроничен гастритис, тахикардија. Штом имаш хроничен гастритис и тахикардија далеку си од тоа дека анксиозноста ти е под контрола или пак излечена. Ти да психички се чувствуваш добро. но телото за жал не го кажува истото. Затоа се прима терапија анксиолитици, антидепресиви или пак уште во најраните фази се оди на психотерапија да се отстрани тригерот да се најде причината за на некој начин анксиозноста да се ставив под контрола за да не дојде покасно до психосоматски манифестација т.е до хронични заболувања. Здрава исхрана, спорт, витамини се тоа помага до одредена мера.
     
  12. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Од исхраната комплетно ги исфрлив белото брашно, шеќерот, зачинета, мрсна и солена храна. Месото го сведов на минимум, наутро пиев пола лимон и 3-4 грама свеж ѓумбир во 500 мл вода, чај од нане и мноогу многу вода, чиста вода околу 3.5 литри дневно. Телефоните а со тоа и социјалните мрежи ги сведов на минимум. Чисто по 15-тина мин дневно колку да видам што се случува. Навечер ко легнував не ги ставав над или до глава како и обично него на биро, на маса во дневна соба, што подалеку од спалната каде што спијам. Колку и да немав волја, задолжително пешачев по 40-45 минути приквечер, некогаш и повеке во зависност од расположението. За викенди гледав колку што можам да ја избегнам гужвата и метежот, претежно шетав на планини, викав колку што ме држи глас, целата негативна енергија ја вадев на тој начин. Ги зголемив дружбите со пријателите, само со оние кои пријатно делуваат на мене, без депресивни муабети, трачеви и жалби. Само смеи, пријатен разговор и позитивна енергија. Книги... многу книги. Читам. И можам да кажам еден од најголемите лекови за позитивна мисла и бистрење на сите мозочни свери! Едноставно, те внесува во друг свет, забораваш на сите проблемни и грижи. Постојано наоѓав начини да го исполнам времето до максимум и да немам простор за размислување и запаѓање во депресија. Тешко е. Многу е тешко, но не и невозможно. Многу упорност и истрајност се потребни. Имало моменти кога се ми изгледало совршено, за наеднаш да почне срцето да ми чука како да ќе ми излезе од гради.... Веднаш станувам од местото каде се наоѓам, пуштам гласна музика, звонам на некој за кој сум сигурна дека веднаш ќе ме орасположи, другар, пријател, колега, било што. Мора да си најдеш сама некоја занимација, нешто што ќе ти помогне да го пребродиш моментот на криза. Пушти музика и вежбај, има милион видеа на јутуб, понекогаш знам чисто ради релаксација да пуштам афирмации од Ана Бучевич и да ја слушам. Позитивно делува, пробај можеби ќе ти стане интересно. Ги има на јутуб за различни свери. Велат колку почесто ги слушаш толку поблиску си до постигнување на целта. Тешка е борбата но вреди да се проба. Бидете истрајни
     
    На Anxiety:) му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Дали е можно од зголемена доза да се осеќам толку уплашено, анксиозно, несоници или кошмари?

    Осеќам дека цело време ми трне главата.
    Лоши мисли, напнатост.

    Во плодни денови ова ми е најизразено.

    3тава смена е убиствена.

    И не е финтава само седативи да се колкаме и АД.

    Мислам дела ми е полошо од ко ми ги зголемија на 150мг.
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.943
    Допаѓања:
    111.560
    Пол:
    Женски
    Со такви проблеми ти си прифатила работа со 3 та смена ? Нормално ќе ти е напорно. Мојсовет ти е по 101 пат.
    Нов психијатар и второ мислење. Тебе терапијава или не ти делува, или погрешно си дијагностицирана, или не ти е погодена дозата или терапијата. Не е поентата само да се клукаш со АД.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    7.569
    Пол:
    Женски
    Нешто испробано да делува?? Имам пробано Персен и капки Валеријана, па и не приметив нешто :?:
     
  16. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    11.391
    Пол:
    Женски
    Зависи, за стрес од секојдневие мене ми помага.
    Ако е посериозна состојба што бара третман со лек, логично дека тревка не помага.
     
  17. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Имам прашање. Како да си помогнам со мислите дека имам болест и дека деновите ми се бројат? Постојано таква мисла имам, нешто кога ќе ме здоболи значи на секунда јас одма ударам леле рак имам чим ме боли. Отварам на гугл причини ми испаѓа секаде рак карцином тумор. Значи страшно ми е ова.. И уште нешто. Можно ли е од мислите да си ставам во глава дека ме боли одредено нешто и постојано така да осеќам дека ме боли, а всушност не ме боли, во главата така да мислам само, не знам како да објаснам, се надевам ќе ме разберете..
     
  18. Не сакам да играм докторка тука, ама ќе споделам дека истото го имав лани цела година. Бев дијагностицирана со мешана анксиозност и опсесивно компулсивно растројство. Мојата опсесија беа јајниците, оти прележав инфекција и од толку страв и опседнатост нон стоп бев фокусирана на нив и си создавав со мислата симптоми. Ако ми текнеше дека ќе ме фатат почнуваа да ме болат и нон стоп бев по лекари, а немаше ништо, за на крај да посетам психијатар и после еден куп други состојби си наредив оти имав толку јака опсесија дека ги имам.
    Истото е и со сѐ. Притисок кога очекуваш да имаш го покачуваш сама. Помисли дека не го сакаш сопругот во даден момент и дај му значење на таа мисла, почни да ја храниш со значење секој ден, иако нема причина и ти си го сакаш понатаму, ќе почнеш да веруваш дека не го сакаш и ќе се исхаотираш. Или обратно, замисли некоја табу тема, читаш за професорка која имала врска со тинејџер и ако се исплашиш од помислата дека можда и ти би си го изгубила умот не дај боже еден ден, во комбинација со опсесивна природа, секој тинејџер што ќе го видиш од анксиозност ќе почнеш да имаш лажни сензации и ќе мислиш дека се возбудуваш. И ако објавиш овде, членови кои се прават паметњаковиќки ќе те направат педофилка и ќе те доведат до суицид. Тоа се опсесиите драга моја и убаво е да се зборува за нив оти многумина не знаат дека спаѓаат во делот на анксиозните растројства.
    Истите симптоми се и со болестите. Ти имитираш со мозокот болки и симптоми кои не ни постојат ако се фокусираш со толкав интензитет на нив.
    И ни самата не си свесна дека сакаш да ја имаш оваа опсесија оти мозокот ти е навикнат на истата.
    Сите испитувања да ги наоравиш милион пати, можда малку ќе се смириш а после ќе почнеш да имитираш психички болести.
    Би ти препорачала добар психолог и вежби со истиот додека дојдеш до оној момент кога ќе станеш посвесна и порационална за своите опсесии.
    Анксиозноста има многу стадиуми. Една од нив е ОСД то. И не слушај многу од членовите тука оти летото од нив се дошашардисав кога имав осд и ме нападнаа дека сум шизнала. Има членови кои ( свесно или несвесно) се ситат да те дотурнат во бездна а пред сѐ се крајно неинформирани.
    Ако анксиозноста дошла до стадиум да опсесивно си фокусирана само на болести и имитираш симптоми, па можда и правиш ритуали како молење и слично само да ги немаш, веќе е опсесија и најискрено ти кажувам дека не е ништо страшно, многу од нас го имаме! ОСД не е само опсесивно миење раце или броење плочки, милион форми на истото има. Значи, најтопло ти препорачувам психолог, ништо не помага толку како психотерапија за овој проблем, а ако е неподносливо дури дојдеш малку при себе и терапија од психијатар секако. Ама и после терапијата одма психотерапија оти ако не работиш на ова и не си го истренираш мозокот ниедна терапија нема да ти даде нов мозок без опсесивна природа.
    Само депресија може успешно да биде третирана па и цел живот само со медикаменти, ама за опсесии треба и работа.
    Оти, ако сега се болестиве, после терапијата откако ќе прекинеш ќе ти дојде нешто друго на памет.
    На ова се работи цел живот.
    Ќе успееш ако сакаш!
    П. С Не тврдам дека го имаш ова, да не бидам погрешно сфатена, само се пронаоѓам себе во некои симптоми..
    Во секој случај психолог те молам!
    Лина Костарова е прекрасна.
    Ми помогна да сфатам многу нешта.
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2021
    На Skorpija12, Nagdza и ani23 им се допаѓа ова.
  19. Anxiety:)

    Anxiety:) Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2021
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Браво морав да ти реплицирам си ја сфатила и научила формулата , се пронајдов во дел од твоите навики ме бендиса тоа со книгите , треба да се потенцира со секоја нова внесена информација прочитана книга се креираат нови неврони во мозокот и полесно се потиснуваат негативните мисли , како и со секоја прочитана книга ви се крева самодовербата знаете повеќе од другите и тоа е плус , секоја книга е плус позитива .
    Ме бендисува и со социјалните мрежи истото го правев едноставно си зедов од оние мобилни колку да можам да се слушнам со блиски и со луѓе што се позитивни смеа што има со нив се дружев и се дружам многу лесно ми е да игнорирам чоек исполнет со негатива не ни требаат такви , едноставно способни сме за селекција и животот е само наш не треба да им го правиме кевот на другите ние одлучуваме со кој ќе се дружиме . Но исто така се изборив и против себе си најтешката борба а тоа е да се измениш од корен нови навики ново утро нов човек !
     
    На LadyyGaga, lovely girl M и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  20. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    775
    Пол:
    Женски
    Во секој случај психолог те молам!
    Лина Костарова е прекрасна.
    Ми помогна да сфатам многу нешта.[/QUOTE]
    Мислиш на
    Лина Ќостарова-Унковска?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.