Благодарам за мислењето, нема зошто да се извинуваш, напротив. Помислував и јас на жолчката, но веројатно се гледаат добро ако се камења. Колку често ги добиваше ти овие болки?
Не обрнував внимание доволно, мислев дека е од стрес и вознемиреност, или дека сум се прејала (особено така топло тесто, пица, паста). Со месеци веројатно. Осетлив желудник демек, осетливо детево, емотивно После еден ептен силен напад, директ на ехо и сфативме дека не е срце, не е осетливоста туку камењата. Којзнае колку сум си ги носела со себе. Веднаш ги отстранив и од тогаш сум раат. Вакви тегоби не ми се повториле.
Добро е, си го решила проблемот. Менњ во бременост првпат ми се јавија болките, тогаш ме гледаа се беше ок...Потоа цела година никако немав проблем, дури наредната година почна да се јавува истата болка, на неколку месеци, обично кога претрпувам големи нервози подолго време или не водам ред на храната...
Затоа и ти пишав, некогаш може и да не е до вознемиреноста, таа само може да биде поголем тригер за да се активира физиолошки проблем. Треба да се пазиме
Последниве неколку недели имам некои безвезе мисли дека ќе умрам како страв дека наскоро ќе ми се деси нешто ,иако физички не го манифестирам тоа но ме оптоварува самата мисла а претходно не сум ни помислувала на вакви работи... Почнав со АД веќе 2 недели . Мислите ли дека од нив ќе ми се подобри барем малце состојбата ?
Ехеее, црни мисли скоро секој ден. Се мене нешто е ми се случи, или на некој близок. И веднаш се вознемирувам што некогаш доаѓа до плачење тој лош филм. Со години. Веројатно е краток период 2 недели, сигурно ќе имаш подобрување.
Јас само го размислувам тоа дека ќе умрам наскоро ... а немам никакви болести . Има подобрување се средив малце ми се врати енергијата, но мислите си останаа би требало од апчињата да биде подобро.
Да пијам терапија за желудник,сниман ми е немам ништо,немам ни бактерија,ни рекоја на стрес,нолпаза пијам инаку,без АД сум два месеци
Исто уште една битна работа која се провлекува на тема желудник и поврзаноста на тој систем органи со вознемиреност/анксиозност. Хеликобактер и парзити во цревата. Тие две тегоби може многу да ги отежнат симптомите на анксиозноста. Не е кај сите случај, ама да знаете да си олесните ако ви е од помош
Здраво. Како ви влијае времето? Мене ми е ужасно. Од секогаш сум имала низок притисок 90/60,110/70, во последно почна да ми се покачува. Денес ми е 130/90 има ли простор за паника. Претежно кога е вакво времето или за време на циклус ми се покачува. Главоболка имам. Вртоглавици, притисок во градите и зашеметеност скоро цело време, препишувам на работата пред компјутер повеќе од 8 часа. Пред неколку ноќи траеше кратко, ама доста стресно неправилно чукање на срцето, беше страшно. Многу бргу се изморувам и понекогаш имам тахикардија. Денеска нозете ми треперат. Ноќе се будам со вибрации на срцето. Дали сето ова е дело на анксиозноста, ве молам за помош. Пропратно црните мисли се секојдневие. Не пијам терапија. Ве молам за одговор. Поздрав
Ви благодарам. Тироидна испитував во јануари во ред. Преглед кај интернист пред една година во ред. Во оваа состојба сум повеќе од 8 години, многу испитувања, се во ред, ама оваа година се прошируваат симптомите.
Психијатар, ако не можеш сама да менаџираш *И не му се плаши. Не се умира од анксиозност, само чувството е одвратно
isto sum i jas,posebno pred ciklus so nokno potenje proprateno ,pijam magnezium i b6,a ekstasistolite se najzadtapeni navecer kako sto i ti kaza
Ако имаш направено преглед на срцето, крвна слика, тироидна и се е во ред најверојатно се работи за анксиозност. Анксиозност плус промената на времето секако влијае. Истите симптоми ги имам, ама не им обрнувам внимание. Јас земам б6 редовно 3 пати по две таблети од 20мг и магнезиум. Навечер пијам чај од маточина. Има прекурзори на серотонин на природна база ама јас не сум земала така што не би можела да кажам како делуваат.
serotonin na prirodna baza moze da se koristo ako ne se piat antidepresivi,inaku zaedno vo kombinacija nikako,pisuva i na samoto upatsvo za lekuvanje