1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    pies li antidepresiv ili nisto?moras da si najdes zanimacija da go fokusiras na nesto drugo mozokot,nesto sto te ispolnuva
     
  2. Lejla-86

    Lejla-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам.

    Се трудам сама, се убедувам и свесна сум дека е од анксиозност, ама сепак ме фаќа страв. Ви благодарам.

    Да во меѓувреме добив. Тоа дополнително ги отежнува работите. Еве и сега мислам срцето дека ми работи неправилно, пулсот ми е 104.

    Да правев испитувања, не баш скоро, ама и тогаш ми беше вака, а се во ред.
     
    Последна измена од модератор: 11 октомври 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Не обрнувај внимание на симптомите, колку повеќе им обрнуваш внимание толку ќе бидат по интнзивни. Практикувај абдоминално дишење, медитација, јога. Функционирај нормално и ќе се повлечат.
     
    Последна измена: 10 октомври 2021
    На Lejla-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Jas bev copy paste kako tebe na promena na vreme, piev 8 meseci elicea 10mg, ja iskluciv, sega sama menadziram i uspevam nekako. Jas ne im obrnuvam vnimanie. Normalen son imam, nemam nikakov strav sega, vozam i po 500 km, letam po 12 saati, samo nesrekjni nastani mnogu me pogoduvaat i togas me stegaat gradite i me mavaat tahikardii. Mojot psihijatar mi kaza deka toa e posledica od anksioznosta i treba vreme organizmot da se smiri. Bitno da ne panicis.
    Ali ako trae podolgo vreme tvojava sostojba poseta na lekar zadolzitelno. Sekako ke te prepratst prvo na internist, pa posle na psihijatar, za da isklucat drugi pricini, iako po opisov vaka sigirna sum deka ti e anskzioznosta
     
    На Lejla-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    treba da zemes nekoj betablokator ama mora da bide daden od internist ili kardiolog,istoto go imam i jas ,tahikardii i ekstrasistoli
     
    На Lejla-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Тоа е последна опција, мора прво да проба на друг начин. Не се зема бета блокатор туку така без индикација.
     
    На Lejla-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Анксиозноста не е болест за да се лечи. Состојба е. Во текот на терапијата и сеансите учиш да живееш со неа. Не може да излечиш вродено чувство. Сите почуствувале некаква анксиозност во текот на животот. Само кај одредени индивидуи останува како хронична состојба при одредени ситуации.
    Јас буквално живеам со анксиозноста, која ми се јавува кога правам нешто спротивно на она што ми лежи на срце.
    Велиш нус појави. Не се тоа нус појави од анксиозноста. Тоа е анксиозност која нормално е присутна при одредени доживувања. Прифати дека е нормално да чувствуваш емоции, како што се тага, гнев, страв, лутина, односно самата анксиозност. И тоа не треба да го контролираш ниту пак потиснуваш. Јас сум личност која никогаш претходно не плачеше, ниту пак покажуваше емоции. Сега при такви ситуации кои ми ја зголемуваат анксиозноста, не се контролирам, туку ја следам и експресирам.
    Не е утеха да кажеш некому дека постои лек. Лек не постои, туку најпрост збор менаџирање. Или пак уште подобро, запознавање себе си од сржта и препуштање на емоциите. Антидепресивите се само помошно средство кое ако не се користи правилно, во смисла без работа со психолог, на долг рок не би рекла дека не помагаат, но не би имале ефект доколку се ослониш само на нив. Всушност истите даваат време за ти меѓувремено да работиш на себе, без да чувствуваш апокалиптични сценарија.
    Јас не земам никакви суплементи, не ми треба да се смирам во дадена ситуација, напротив го вадам животното во мене.
    Тоа е целта на анксиозноста, кога ќе се јави, да не ја стишуваш. Има зошто се јавила и благодарение на неа, живеам живот на кој претходно би завидувала.
    Така да, борење со анксиозност и условно кажано лечење на истата е всушност сосема погрешен пристап кон самата проблематика. Не се лечи ниту пак треба да се бориш со емоции, нешто што е составен дел од секој човек на планетава.
    Целта е да станеш свесна во однос на самата анксиозност.
     
    Последна измена: 11 октомври 2021
    На Skorpija12, Karoline, Alexat и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Се согласувам потполно , но, за ова да се сфати и практикува треба капацитет. Не секој има толку капацитет да се разбере себе. Некои едноставно несвесно и одбираат да бидат анксиозни цел живот и да се "лекуваат" постојано.
    Анксиозноста си ти самиот, кога ја прифаќаш и не се споредуваш со останатите за кои мислиш дека им е подобро ќе ти стане подобро.
    Секое неприфаќање носи контра ефект, како со ОСД то, што повеќе го одбегнуваш и му се плашиш одиш во повеќе компулсии, но пак ќе кажам -не секој има капацитет да го сфати тоа!
    На сеанси сум била за тешко ОСД како резултат на прејака анксиозност, некои ќе се изнасмеат кога ќе го сфатат штосот на крајот од психотерапијата и ќе осознаат колку е лесно, други уште плачеа и правеа ритуали!
    Капацитет треба драга моја за прифаќање!
    Не им кажувај вакви мудрости оти ќе те подберат со навреди и клетви!
    Мнозина овде сакаат да бидат анксиозни и да се жалат.
    И точно нема лечење, само прифаќање. Ама не сакам постојано да ги корегирам членовите. Терапијата со медикаменти сама по себе нема да направи чуда. Секако дека помага кога е неопходна, ама препуштајќи се само на неа, чекајќи да ти донесе нов мозок, не е умно!
    Подобро ни станува само кога се прифаќаме со сѐ што носиме во нас, го разбираме, го прегрнуваме и пуштаме..
    Но, за среќа и жал, капацитетот е неминовен. Некои кои го имаат ќе направат чуда од својата анксиозност (како рече за себе), а други ќе дозаглават уште повеќе..
     
    Последна измена од модератор: 11 октомври 2021
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Во право си. Но би рекла несвесноста води кон тоа да ставаш блокади пред себе за да ја сфатиш. И не ги судам. Не треба капацитет туку финансии, време и посветеност. Секој е различен, кога тогаш ќе стигне до целта, ако сака да работи на себе. Пристапот кој го има психијатарот и психологот е сосема различен. Повеќето се ослонуваат само на терапијата без никаква или минимална работа на себе. Според мене, за конечно прифаќање на себе си и својата анксиозност е всушност работата со психолог. Таму го осознав она што цело време ми било пред очи. Како што велиш, денот кога сфатив што е целта и поентата и зошто ми се јавува ми идеше да се ишамарам колку сум била слепа:) Буквално како да отклучив нов левел во мозокот. До толку беше ослободувачко чувството. Но, и точно е дека одредени индивидуи сакаат да останат заглавени во тој круг, затоа што тоа е комфор зона. Нешто што на повеќето ни е проблем тука на темава или пак било, минато време.
    Има решение, само зависи колку некој го бара и сака.
     
    На Karoline и Избришан профил 146538 им се допаѓа ова.
  10. Апсолутно драга, не судам никого, и се извинувам за мојата иронија ако прозвучив така, ама верувај стварно треба капацитет, кога велам капацитет, мислам на работа на себе и желба да се осознаеш себе (анксиозноста). Мнозина заглавуваат во својата комфорт зона од многу причини. Некои и финансиски не се стабилни да си обезбедат добар психилог кој е круцијален за овој проблем а имаат капацитет за да се разберат. Под капацитет не подразбирам ниско ај кју, во никој случај! На докторати и врвни генија тешко им одело со анксиозноста и опсесиите и обратно. Познавам еден куп финансиски стабилни луѓе со врвна интелигенција, што сѐ не пробале и работеле на себе, на крајот многу им е подобро да си останат такви какви се. Стануваат зависни од стравот, поинаку не сакаат да функционираат. Лично, колку пати се имам фатено дека сум дошла до степен да се ослободам и сум се ослободила, па почнува да ми фали тензијата и стравот. Ако во еден период се ослободам од стравот од болестите, одма се опседнувам со друг. Имам опсесивна природа и наместо да ја пренасочам на некоја продуктивна, јас одбирам да биде бизарна и непотребна. Тоа е тој момент и таа зона на безбедност на која се навикнуваме.
    Најсетне и многу други фактори се битни. Но, вреди да се пишуваат и вакви текстови тука.
    Драго ми е кога ќе прочитам нешто поразлично и умно од стандардното тука.
    Те поздравувам многу!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  11. П. С Емотивната интелигенција игра најголема улога!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Pijam nekolku godini
    Неколку години,ама јас немам болки во желудникот само ми се подува поготово кога сум напната,и тогаш чуствувам како некоја слабост па ми се повраќа итн...Ама правам пауза со нолпазата ќе ги попијам па ќе направам пауза,ама еглонилот ми делуваат подобро кога сум нервозна и напната ем ме смируваат ем и желудникот ми го смирува
     
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Никако не смеела да ти ги препише нолпазата без конкретна дијагноза. Нолпаза треба да се препишува само доколку состојбата не може да се менаџира со промени во исхраната и кога има зголемен ризик од појава на чир на желудник и не треба да се зема подолго од 14 дена. Е сега докторите што ги препишуваат како да се бонбони тоа е друга работа. Долготрајната употреба на ппи инхибиторите води до сериозни несакани ефекти еден од тие е зголемена анксиозност и brain fog чувство на конфузност и магла во главата. Може да се јават болки во коските, мускулите а исто така нивната долготрајна употреба доведува до намалување на цревната флора, малапсорпција на витамини и минерали, анемија, но може да доведе и до посериозни состоби како остеопораза и кардиоваскуларни заболувања. Јас ги земав скоро 3 години со обиди да ги откажам, но не можев поради тоа што кога и да сакав да ги откажам симптомите се враќа, се додека не почнаа да ми предизвикуваат многу несакани ефекти па пробав постепено да ги откажувам. Ти го пишувам ова затоа што докторите многу не се интересираат дека овој лек на долги стази има сериозни несакани ефекти и не треба да се препишуваат доколку состојбата не е сериозна.
     
    На Nena Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Знам ,ама кај нас е чиста среќа да најдеш доктор што ќе се заентересира за здравјето на пациентот,освен ако си финансиски подобар па да си одиш на приватно.Чист пример лани со короната кога ми ги препиша сумамедот и велам ми е лошо од нив,не ми вика мора да ги пијаш,за по два дена неспијана цела вечер со лошење да и се јавам сабајлето ама се погоди Др докторка,и кажувам мн ми е лошо од апчињата и ми рече само" ами шо ги пијаш тогаш"така да работава е до кај тераме тераме
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Сакав само да ги имаш во предвид и несаканите ефекти од нолпазата и ако можеш да ги прекинеш затоа што реално не ти се потребни, повеќе штета имаш од нив.
     
    На tasikike му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Благодарам на грижата и на информацијата
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.905
    Допаѓања:
    26.009
    Може да станеш зависен од нолпаза? Со ковид на сите пациенти ги даваат..
     
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    16.154
    Пол:
    Женски
    Не се станува зависен, проблемот е во тоа што тие ја супримираат киселината во желудникот, а наглото нивно прекинување доведува до зголемено и нагло ослободување на киселина, т.е до проблеми со желудникот кои претходно си ги немал. Кога се прекинува со нив се прекинува постепено не наеднаш, со намалување на дозата. Зависен од нив си во смисла поради тој ребаунд ефект што го имаат не можеш да ги откажеш бидејќи имаш болки и мораш повторно да ги земеш. Ова го зборувам за тие што се под терапија подолг временски период, со години.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lejla-86

    Lejla-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Е тоа е најголемиот проблем, несреќните случаи, болести, смрт на млади и одма се појавуваат симптомите.
     
    На Blondie715 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Se slagam so najgolem del od vaseto mislenje, ubavo napisano i objasneto. Tocno se menadzira i eve nekako uspevam jas bukvalno bez nisto da se napijam, osven magnesium i b6 i vo nekoi slucai pola demetein, posledno bese svekor mi pred mene pocina, pa morav demetrin da zemam pola i tolku bese.
    Samo ne mozam da se soglasam deka anksioznosta e vrodeno cuvstvo i deka ne e bolest. Znaci spored mene, ne sum doktor, ali anksioznosta se javuva so pricina (nastan, nesrekjen slucaj, poveke sostojbi nadovrzani, neostvareni celi i sl) i se leci koga ke ja otstranis pricinata. Toa bara ponekogas tekstonski promeni vo nacinot na zivot. Jas taka ja razbiram i nekako dobro mi odi so vakvoto razbiranje.
    Na kraj na kraistata, ne e ni bitno koj kako ja definira, bitno e sekoj da si najde nacin da ja pobedi i da se cuvstvuva srekjno i ispolneto.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.