Сега пред малце, миев садеви, наеднаш срцето ми зачука брзо раците ми се стресија и воздух ми се зема. Притисокот да не е или?
Ете ме мене, случајно ми стигна маил од фемина па отворив на темата после 8,9 месеци. Супер сум, не пијам АД, немам панични напади, научив да си го живеам животот. Некогаш нормално се дешава да имам тахикардија и сл. ама тоа не е ништо.. Јас штом се средив- С Е К О Ј МОЖЕ.
Аман јас, секој втор ден ми е така веќе, па од друга страна си мислам дека сум болна од тешка болест..
Дали имате симптоми на анксиозност и кога не се чувствувате анксиозно, значи психички се чувствувате одлично, но сепак симптомите се присутни. И кои се најчестите симптоми??
Да. Забрзано чукање на срцето, вртоглавици, и колку и да сум расположена пак ме утепува психата, и пак ќе се омалаксам.. И од претходно што сум била исплашена, што сум ги затегала мускулите од страв, така кога сум расположена ги опуштам мускулите и цела се здрвувам.
Мислев без психички симптоми, само физички. Во смисла психички се чувствувате добро, функционирате најнормално, но симптомите на анксиозност се присутни. Малце истражував на оваа тема, па ме интересира дали има некој што се соочува со истото. Еве ќе кажам за мене. Функциoнирам буквално најнормално, немам никави мисли, никаков страв, буквално ништо од тоа, а сепак имам симптоми на анксиозност што ме тера да мислам дека не се работи за анксиозности се додека не ми се докаже спротивното со одење на доктор. Последниов период имам стегање во градите т.е не можам потполно да земам воздух, до тој степен што ми предизвикува болка и тензија во градите и вратот. Прво нормално помислив да не е корона, па одма на лекар прегледи со што испадна дека се е во ред и дека е психички. И во последно време треперење на телото, како вибрации кои ми се појавувале кога сум била особено под стрес, а сега се присутни без да бидам загрижена за нешто. И многу други симптоми за кои знам дека се од анксиозност бидејќи веднаш се прегледувам за да се уверам дека сум во ред.
Иста сум како тебе, до тука се трпело ова кај мене утре на лекар ќе одам, држите ми среќа ништо да не ми е. Имам едно прашање, не дај боже да имаш некоја болест, дали од земање на крв може да се види?
kako gi nadminuvate povtoruvackite misli,konkretno misli deka ke pocine nekoja vasa bliska osoba ili deka nesto ke se desi ?i koga go mislam toa mi pocnuvaat panicni napadi so visok puls tahikardija i vnatresen nemir na teloto