Здраво. Последната дијагноза ми е продолжена анксиозна реакција. Најосновните работи ми предизвикуваат стрес на телото. Не можам да се грижам за себе.Дали има кај нас некоја установа за рехабилитација за случај како мојот? Ова ми се случува: https://dolores.com.mk/mk/2017/02/21/kako-so-stresot/
Здраво,незнам дали е анксиозност али панични напади имам од се веќе не се издржувастрес имам на работа и за се паничам и се губам у момент кога највеќе треба да бидем смирена,како да бидам смирена личност и без страв од ништо,почнуваат рацете да ми тресат и сигурно и другите го гледсст тоа ми оди ви земја да пропаднам, и на пример ако видам некија личност што не сакам да ја сретнам во моментот уште поголема паника ме фаќа почнува силно да ми чука срцето и да ми се тресат раце некој совет или некој со слично искуство? препорака за психолог? сакам да го надминам ова ама незнам како не сакам антидепресиви или таблети да пијам мие страв од зависност се чуствувам како слаба и нестабилна личност
Hello Jas pred mnogu godini taka si pomognav ama togas ziveev nadvor,te molam kazi mi kade da se obratam za homeopatija za ova nasevo
Ова што го опишуваш е класична анксиозност. Никој не сакаме да пиеме антидепресиви, ама ако можевме да си помогнеме поинаку, немаше да прашуваме по форумиве за совет. Препорака за психолог немам, но ако си за психијатар тогаш д-р Зора Митиќ.
Женски здраво ! Се осеќам ужасно, а не знам зошто.Ми следи убав период, а јас се плашам и од тоа.Се плашам да излезам на улица , многу сум вознемирена.Има и причина, а и нема.Не знам како да објаснам.Ме стега во градите , не можам да спијам, не можам да јадам. Премногу сум емотивна , и за ситница се расплакувам.Не дај боже да ми повиши некој тон на мене.Анксиозноста ме убива полека но сигурно.Само сум вознемирена и не можам да живеам вака.Се плашам од секоја моја постапка да не е погрешна, да не се посрамотам негде, да не се расплачам кога не треба итн.А не можам да се контролирам, се обидувам ама не бива.Психијатар не би ми помогнал, веќе искусено.
Дали по помината акциозност, после извесно време можно е да се има промени во расположение и тоа барем 1 месечно. Овие промени траат 2-3 дена и се без некоја посебна причина. п.с не зборувам за ПМС..
Da.. jas preziveav ankcioznost I kako posledica mi ostana promenuvanje na raspolozenie... zamislenost zbunetost slaba koncentracija gnev ....
После толку време, анксиозноста пак се врати... Само што помислив дека помина.. Дечки дај ве молам кажете ми нешто како да отргнам од главата дека сум болна од болест, мене тоа ме убива што знам дека не сум ама секој момент ме плаши, а извадив крв се во ред.. Треба и да ми иде па изгледа дека и од тоа ми е овака со мислите...
Постои разлика помеѓу промените во расположение и растројства на расположение. Разликата е во времетраењето на симптомите, нивниот интензитет, дали го оневозможуваат секојдневното нормално функционирање или не, итн. Може еден трауматичен и стресен настан да биде тригер за промени во расположение, па и за појава на растројство, но обично причините за растројство се многу покомплексни. Најдобро ќе ви помогне психолог или некое друго стручно лице во изнаоѓањето на точната дијагноза и во идентификувањето на проблемот. Не е лошо да се консултирате со некој. Инаку сакам да објаснам разлика меѓу анксиозност и анксиозно растројство: Една епизода на анксиозност, после некоја стресна ситуација или настан е вообичаена реакција на нешто што не вознемирува. Значи анксиозноста е поврзана со конкретна ситуација, трае кратко, реакцијата по интензитет е соодветна на ситуацијата што ја предизвикува и завршува со тоа што се решава со некаков реалистичен, одговор (однесување, постапка). Анксиозно растројство е нешто сосема друго. Анксиозноста се јавува без да постои јасна поврзаност со некоја причина или ситуација, трае подолго, посилна е очекуваното, се осеќа како да нема контрола врз анксиозноста.
Денес ги зедов резултатите од магнетна за грбов,наодот уреден ,леле ќе пукнам,јас сета со болки во грбов наодот уреден.Незнам веќе шо да мислам
Едвај се мрдам од кревет, немам ни сила ни желба. Студентка сум, логички имам обврски. Си ги сакам студиите, сакам да учам и се' тоа, но едноставно има моменти кога нозете не ми прдаат, не ги чувствувам. Ве молам некој совет за повеќе енергија.
И јас барам совет,оваа недела катастрофа сум,значи како отепана сум,само диезепам пијам ќе ме освежи некое време и после пак на нула паѓам
Здраво! Веќе има некое подобрување од лекот неможам да кажам дека нема не е како што беше но не е и како што очекував уште ми се мотаат некои мисли итн. Дали да почекам уште со оглед на тоа дека го користам лекот само еден месец или треба да се зголеми дозата или пак да се промени лекот?. Ако може и совет како да си ги отргнам мислите како си помагате вие за да го тргнете фокусот од глупи мисли или поточно како да живеам повеќе во сегашноста? Фала ви
Рано ти е,барем три месеци треба,ама чим ти е подобро уште првиот месец понатака уште подобро ќе ти биди
Кога ќе ти светне некоја идеја или мисла регистрирај ја дека е појавена и обиди се да ја пропуштиш како да си однадвор, негде од високо контролор на сопствениот мисловен процес. Не се вдлабочувај во неа, не ја развивај понатака. Ок, непријатна мисла е, ќе помине. За да живееш во сегашноста треба да го насочиш вниманието кон сензорниот апарат и она што го добиваш како стимулус од него. На пр. ако си под туш и мислиш што обврски имаш после да завршиш, па брзаш да завршиш со тушот што побрзо да се фатиш за работа, тоа е веќе живеење без да си присутна во сегашниот момент. Земи здив, тргни ги мислите за идните обврски на страна и почни да размислуваш за сензациите што ги доживуваш во моментот. Мирисите, чуството на кожата на водата, топло-ладно, каква е светлината, па потоа размисли како се држиш дали си во грч со мускулите или си релаксирана. Дали дишиш плитко и забрзано или полека и длабоко. Посвети и се на активноста што ја правиш во моментот со сите сетила. Обичните секојдневни активности оние рутинските треба со полна свест да ги проаѓаш. Мене многу ми помогна медитацијата. Се обидував дома според прочитани насоки, ама не беше тоа вистинското. Научив како да медитирам дури кога отидов во јога клуб. Со медитацијата научив да го префрлам вниманието од надвор кон внатре на почетокот на медитацијата, да визуелизирам и да го насочувам вниманието од визуелизираното назад кон реалноста која ме опкружува на крајот на медитацијата. После медитација мозкот ми е посвесен за дразбите околу мене и за тоа дали трпам премногу интензивни дразби (кои заради брзиот ритам на живот не сум ги забележувала пред тоа). За почеток ми требаше нечие гласовно водство за да медитирам, да ме насочува, или од инструкторката или со некои видеа од јутуб кои ми се допаѓаа и беа слични на оние насоки од часот. Подоцна веќе можев и без водството. Медитацијата е многу корисна за тренинг на мисловниот процес и на реакциите кои мислите ни ги предизвикуваат.
Depersonalizacija derealizacija me ubijaaa skros,ako nekoj znae kako da si pomognam sama na sebe neka mi pise
Повторно на некој начин ми се врати на излегување од домада ми е чудно.... Едноставно на секунда ме фаќа огромна паника не можам да опишам со зборови едноставно ми се гледа во тие секунди малку поинаку и одма размислувам што е следно пример натака дали го знам местото дали ќе стигнам до каде што треба, а плус ме убива тоа што ми се враќа вака на моменти
Те разбирам 2 години се, истото го минав и сеуште се борам, пробувај да се релаксираш ,топла купка, вежби имаш на Јутуб bodyscan , или progressive muscle relaxation , води дневник , пишувај што чувствуваш, и слободно Хелекс од 0,25 кога си хаос. Лесно е да се каже игнорирај го чувството ,ама прифати го и живеј така како што ти наложува моментот.
Nemam strav da reces, no custvo kako izgubena se mie cudno po malce I misli imam ako izgubam kontrola...