Здраво на сите, јас се борам со анксиозност скоро 6 години и сеуште не сум ја надминала целосно, но е значително помалку присутна. Панични напади имав многу често порано и многу јаки што ни апче не ме смируваше. Сега не сум имала таков паничен напад може веќе една година и повеќе. Анксиозноста многу ми се намали од кога почнав да живеам сама. Дури не си верував сама на себе дека јас живеам сама и функционирам и дека некои работи од кои се плашев одеднаш ми станаа нормални. На пример претходно ми беше страв да останам сама дома, само што ќе останев сама почнував да се гушам, срцето да ми прескокнува и ред други симптоми и црни мисли. Исто никако не јадев ако нема никој во близина затоа што мислев дека ќе се задавам и нема да има кој да ми помогне. Се плашев да излегувам сама од иста причина, да не ми се случи нешто а да нема никој со мене. Станот ми стоеше празен и цело време одложував да седам таму се додека не се случи непланирано да морам да останам таму сама неколку дена. Се опремив со апчиња, правев планови како ќе се справам кога ќе ме фати паника сигурна дека тоа ќе се случи. Амааа... не се случи ништо. Буквално не осетив никаков страв, ниту мислев дека ќе се случи нешто. Си се најадов без ниту еднаш да помислам дека ќе се задавам, си заспав мирно како бебенце и утрето си викам WOW! Како?! Не ми беше јасно каде исчезна се, како да не бев јас. Тогаш сфатив дека се било во мојата глава. Од тогаш си останав да си живеам сама и некако си го најдов мирот. Некогаш ми доаѓаат лоши мисли ама се потсетувам дека тоа е само мисла и си повторувам во себе: јас сум силна, јас сум здрава, јас сум безбедна. Тоа ми помага да се вратам во реалноста и да не им поверувам на моите лоши мисли. Мој совет до сите вас е колку и да е страшно, осмелете се да пробате и ке видите колку многу можете. Направете го тоа од кое се плашите најмногу и веќе нема да биде страшно. И јас самата имам уште да учам, ама ова искуство ми беше како шамар да се освестам дека сама од себе анксиозноста не поминува и сакав да го споделам со вас. Се надевам дека некому ќе помогне.
Девојки ве молам помош. Ми дадоа да пијам Спиронолактон за акните. Го пијам една недела. Да напоменам дека пијам и антидепресиви. Денес доживеав страшен паничен напад ,ваљда беше паничен ,во моментот мислев дека ќе доживеам срцев удар зашто имав страшна тахикардија. Дали некој има пиено спиронолактон кога е на антидепррсиви и дали е можно да е тахикардијата од тоа или е сепак паничен?
mozno e samiot sostav od dvete vrsti na tableti da ne odat edni so drugi i zatoa mora konsultacija so doktor ili farmacevt pred da pocnete da piete novi lekarstva
Сприонлактон се дава за срце или јас сум грешка. Што ти дале за акни тебе? https://mk.approby.com/третман-на-акни-со-алдактон/
Добро, не знам дали е од пмс, дали е од аннкс. Добив, а нервите ми се на раб ги осеќам, плачки, плачки. На раб не можам никој да поднесам па ни себеси. Како да си помогнам? Утре или петок одам на лабалторија да си проверам хормони. Само нз кои. Тироидната и кој беше оној што се проверуваше на 3ти ден од периодот
Не знаев за леков, вчера татко ми, случајно ми го спомна. Ми кажа дека го пиел заради намалување на оток околку внатрешните органи (тој за абдоменот поточно). Од него ја исфрлаш течноста од организмот и го смалува притисокот. Сега читам дека се дава и за хормонски проблеми. Како и да е, тој има диуретско дејство и треба да се види како ќе делува во комбинација со други лекови. Обавезно консултирајте го специјалистот. @Misskirova
Zdr me interesira nesto,...Kakva psihicka sostojba bi mozelo dq e ova, dali e panicen napad, bidejkiii deteto mi e bratuced iii ima 20god , skoro 2 meseci mu se desava ova, miren e stalozen nekolku sqati, pa pocnuva da place, da vika deka nesto go gushi, i vika kje si umrel kje si umrel, se zboguva so familijata.Zastrasuvacki e ova na cela familiiq ni dzvoni vo niedno vreme ne plasi, segaaa pred 1 nedelq pocna da e i agresiven, sestra mu ja davel, duri i on sakql da se frla pred koli, ama go spasile..Mnogu se plasan da ne mu se desi nesto, doktorite go pustaat, site testovi sto gi napravil, pokqzuvale deka e dobar..Ali situacijqvq stvarno ne e vo red seto toa si mislam e od problemi bidejki negovite se razvedoq pred nek9lku meseciii...Moze li nekoj sto imq poznavanje za situacijava da mi objasni sto rabota e, ii da me upati sto da pravime bidejki site sme shokirani...Ubavaa vecer dragi feminki❤
Panicen napad, a moze da e i vo depresija,odnesete go na psihijatar treba da se leci duri ne mu eskalirala sostojbata
Под итно на психијатар и терапија, да не се чека воопшто, помогнетему на детето додека не станало предоцна