Утре го имам првиот испит. Учам цело време, доцна си легнував деновиве. Сепак ме фаќа страв, се осеќам како голем дел да сум заборавила или па не ќе знам како да го изјаснам тоа. Знам дека ќе положам, но ете пак осеќам страв. А и би сакала да положам со добра оценка. Некој совет како да се опуштам? Вечерва планирам да си легнам порано се разбира.
Здраво. Да ми препорачате психијатар специјалист за анксиозност во Македонија или околниве држави? Некој многу добар, и некој со искуство дека ви помогнал ве молам итна е работава. Ви благодарам..
Cuden vid kako ne realno da vie se kako da se odalecuvate od samite sebe mnogu cudno custvo ne mozam da opisam dali e ova del od ankcioznost ?
Najprvo da ti posakam se najdobro za tebe i bebeto Jas se porodiv pred 5 meseci,i mene Sega mi se javija mnogu stravovi i opsesivni misli- deka nešto ke se sluci na bebeto ili na mene,i si razvivam filmovi,Koi mnogu negativno mi vlijaat.Neznam kako da se opustam i da uživam vi životot.
Јас бев со царски и сега секакви глупости ми врват низ глава,само таму сум со паметот.. Се плашам да ја допирам раната го одмерувам секој чекор оти мислам дека ќе се распарам некаде..Кога се наведнувам,исправам,кревам малата само анализирам дали ме боли,какви последици ќе имам доживотно не само физички туку и психички..Се прашувам што ми требаше така да се породам а одговор не можам да најдам и се измачувам деноноќно..Денски мислам навечер сонувам. Ужасссс!!! Цел жувот ја чекав за вака.. Единствен спас во смрт гледам и сакам да не се разбудам од што ми е криво и тешко.. Не знам за што сум толку казнета. Не ми се верува едноставно дека овај ми е животот што од секогаш сонував да го живеам,секој момент чекам да се разбудам со стомак и да ги сменам настаните ама не можам а не можам ни да се помирам дека е реалност,не можам... Кога ќе ми се насмевни пак срцето ми пука од љубов и од мака во исто време,секој ден го преживувам тој 22ри и посакувам да можев да се вратам..
Ova so carskiot e normalno,vo prvo vreme koga se porodiv se plasev za ranata,i se trgav na strana da ne me klocne bebe.Posle toa odev nedepilirana ,ne mozev da vidam zilet da se izbricam, a depilacija boli ,mislam deka se me bolese .Ama podobro ko ke razmislam imav uzasen i tezok poragaj,najtezok uste go pamtam do detal,pa sum doziveala TRAUMA od bolki i strav,i ne pomisluvav za vtoro.
Kako da ne sum jas, kako da ne pamtam ne mislam ama bas cudno, ramna linija a najloso sto e nemam strav vekje se mie normalno a custvuvam nesto se smenilo... da ne se raboti za nekoja psihoza
Појди си на психијатар и барај си терапија, и ке се средиш за многу брзо. Јас се мачев доста време, па дури после 2 години од порагајот можам да кажам дека сум добра, да ми е овој памет одма земам терапија и ке си уживам.. И немој воопшто да се обвинуваш себеси, жив човек си, не си ни прва ни последна шо се чувствува така. Верувај СЕ КЕ ПОМИНЕ, и СЕ КЕ БИДЕ ПОДОБРО. Буди се и заспивај со таа мисла, повторувај си ги тие зборови, и ке ти олесни, верувај..
Ти благодарам! Земам терапија веќе месец дена,знам ќе треба уште иако е подобро од што беше на почетокот. Се надевам ќе ме огрее сонце и ќе и се нарадувам како што заслужува
Долго ме нема. Ќе си помислиш поминало, оп еве пак. Пак црни, најцрни мисли што може да постојат секојдневна главоболка, луѓе мислам дека ќе ми откажат кочниците и ќе се фрлам од некаде веќе колку ми е здосадено од ова, сакам да живеам нормално веќе. Не знам како да ги спречам мислите дека ќе се разболам од нешто недај Боже неизлечиво. Ми се смачи.
Во истиов момент можеш да почнеш да живееш нормално. Во оној момент кога анксиозноста ќе увиди дека ќе продолжиме да живееме и со неа и без неа и дека не игра толку голема улога во нашиот живот, самата ќе се повлече.
Не е нормално некој на мои години да се чувствува вака. Плачев со саати, не можам да заспијам, цело време се тресам, повраќам и мислам на најлошото. Треба да уживам во младоста, а мене ме убива страв од неуспех. При секој момент на анксиозност мислам дека ќе пропаднам, се гушам. Се чувствувам како да нема излез и тоа уште повеќе ми ја влошува состојбата. Константно е, не можам да се смирам колку и да пробувам. Ако продолжи вака во иднина мислам дека ќе ме убие.
Јас не сум мртва ни после 11 години! Нема да си ни ти иако е претешко,преболно,не ти се живее мора да се продолжи.