Стравовите што ги опишуваш се стравови од војна и од природни катастрофи. Тоа се фобии и со анксиозноста се во иста дијагностичка група според ICD 10. Депресијата пак спаѓа во растројства на расположението што е сосема друга категорија. Кај депресијата преовладува тагата а не стравот.
Девојки хелп.... долго време се малтретирам со анксиозност и окп поточно страв да не се повредам себе; или некој што ми е се како детето на пример .... од како слушнав за оној актерон пред некој ден дека се убил јас не можам да си дојдам при себе... ме мрднаа опсесивните мисли.... инаку пијам терапија и подобро е од колку што беше но сепак со овие мисли и стравот од нив неможам да се составам .... помош некој со окп...
Ве молам помогнете ми. Тој ми рече од што сум го навредувала, не му е добро, пиел алкохол и апчиња поради мене, ми има речено дека и ќе си сече вени, а вчера ја зел машинката од нервоза и се избричи ради мене. Од што сум го нервирала.
Ај мавни го таму. Како си за никаде со анксот уште таква лабилна личност ти треба. Нека сече вени нека си е.. матер. не ти треба такво створење во животот. Доволно ти се твоите маки и проблеми за да бидеш нечија вреќа за боксирање. Нека не ти глуми Бритни Спирс со бричењето глава. За да ја ставите под контрола анкизоноста и паничните напади треба да бидете себични. И тоа во смисла да гледате да го правите она што вас ви одговара, да се дружите со луѓе кои вас ви одговараат. Да си го гледате раатот!!!! Кога ќе ги тргнете тие емотивни вампири од животот многу ќе ви биде подобро
Ова мнооогу личи на нарцисоиден човек. За тоа што ставаш во својата уста, дал алкохол или апчиња, и што му правиш сам на своето тело си одговорен и крив само ти. И никој друг. Тоа што својата слабост не ја признава пред себе и на овој начин се дистанцира од одговорност за своите постапки е негов проблем, а не твој. Тебе ти префрла одговорност за неговите постапки. А со тоа и те обременува со чуство на вина за нешто што е вон твоја контрола. Типична тактика на нарцисоидна личност - со цел да те стави таму каде што мисли дека треба да бидеш: да се смалиш пред него, пошто ти си нели кривата (за што год да е тоа), па да може утре да ти бара што ќе посака, зошто нели му должиш за грешката. И ти за да се „извиниш“ за нешто што не си ни крива ни должна, ќе играш како што ти свири во иднина. Ќе пазиш како се однесуваш со него, ќе му удоволуваш и ќе го обсипуваш со внимание, внимателно да не го повредиш пак случајно. Тоа се вика „газење по јајца“. И нема да го задоволи и смири. Само тебе ќе те истошти. Сечењето коса е автоагресија и вентил за бесот и лутината. (И сцена за да му поверуваш во тоа колку е тој навреден и повреден од тебе.) Ако има проблем со контрола на негативните емоции, утре може да се истури и врз тебе или некој друг. Внимавај!
Вака, веќе месец ипол користам АД. Има некое подобрување не се споредува со претходно ... Незнам дали понатаму ќе биде подобро но се надевам голем дел зависи и од мене. Мојава состојба не е нешто сериозно по мислење на докторот и споредбено со работи што ги среќава ја смета за лесна состојба и тоа ми дава надеж и сум многу подобра. Ми се појавуваат панични напади од време на време но воопшто не им давам значење само си продолжувам. Имам контрола врз ситуацијата. Но имам друг проблем сега. Премногу размислувам на иднината како да е тој страв дека нешто ќе ми се сеуште присутен па премногу мислам за иднината да отидам на некое место што побрзо ,да направам нешто што побрзо, да прошетам на дестинација сто сум ја замислувала и така денот ми поминува во такви мисли за иднината.... Знам дека треба да се нафатам со некоја работа макар тоа било и учење,читање книга,спортување и сл.но имам нула мотивација за истото да го направам само лежам по цел ден што не беше случај пред тоа. Мозокот ми вика направи го тоа ,а телото ми вика неможам. Секој совет и мислење ќе ми значи. Фала ви
@katica2001 тоа го имаме сите после овие 2 години корона стање. Сите се плашиме, проектираме секакви сценарија, нормално е се се измести.. Кога ќе ти дојде така земи нешто друго прави. Тргни ги мислите или не им давај преголемо значење.
Значи од анксиозност ќе побудалам не можам мислам дека ми преминува сето ова веќе во депресија. Значи ве молам ете може јас не размислувам трезвено не знам, ете вие кажете што мислите. Поради тоа што моите не можеа финасиски да не одржуваат во Македонија, се иселија во странство и не сум го имала видено татко ми 7 години, фактички сама пораснав со неговите 200€ месечно, како и да е завршив факултет со 10.0 просек, без никој да ме тера да учам итн. Се мажив на 23 години, сега сум шести месец бремена, тука дојдов сама без мажот, здравје да добие виза ќе дојде и тој, а тука сум само четири месеци. Како и да е, имам помала сестричка, не работам, ја носам на школо, ја земам, дома готвам пазарам, чистам, перам, моите само одат на работа си доаѓаат дома и се им е поставено на маса, раскренато, немаат никаква друга обврска. Како и да е јас никогаш не сум доволна и се што ќе направам јас не е доволно за моите. Со мојот факултет нема тука работа, не можев ниту да работам бидејќи почетокот на бременоста ми беше многу тежок со гадење итн. Бидејќи нема кој да готви дома, а сме 3 деца и нема кој да ја носи во школо освен јас, беше јасно дека треба дома да седам. Си разгледував различни програми за колеџ, некако страв ми е и бебе и колеџ ама ајде реков, ќе се снајдам, уписите се во Јануари. Денес татко ми си дојде дома, ми вика ти дома седеш не праиш ништо со животот мислиш ли за иднина или не, јас се изнервирав и му кажав дека треба да му е срам бидејќи ако не помагам јас околу сестра ми која патем е 8 години, тие ќе нема да можат да одат на работа. Татко ми рипна нешто бладва, мајка ми, како и вообичаено цитирам “ племето твое да ти го ебам, ако не си ти ние нема да умриме, ако си бремена не си болна, и јас сум била бремена три пати, пукни таму безобразна една,,. Значи во Н Е В Е РУ В А Њ Е ми е дека јас сум заслужила некој вака да се однесува. Значи се’ се’ во животот сум направила онака како што треба, за се вака да ми возвраќаат. Буквално денар не им барам, мажот ми со плата во Македонија од 15.000 денари плаќа документи за тука да дојди кои коштаат илијадници долари, САМА се шишам, бидејќи скапо е тука, за бебето се сами со маж ми исто купуваме, тој ми праќа од таму пари значи навистина не знам. Претешко ми е во тешки депресии сум не знам што е најпаметно да направам. Цела вечер бремена липам од плачење ниту на мајка ми ни на татко ми око не му трепнува дека плачам и си правам стрес. А и да, мајка ми е “многу уморна” од работа, се враќа, има онлајн курс, пошто не може од работа да стигне, јас и го завршвам курсот, уште еден испит и остана, а она не ни се појавила на час, небитно и тоа, после тоа со сестра ми учам да чита, пошто нема кој, не знае да чита, татко ми одгледува дома плус ретки видови цвеќиња секој ден со кофи вода се тегнам угоре-удолу и пак не сум доволна. Значи денес толку ми падна криво што буквално ми доаѓаше да скокнам од некоја зграда од тешко е. Извинете на долгиот пост ама не можев да го чувам ова во душа. Срце ќе ми експлодира…
Многу ми е жал што во овој период од животот кога си трудна поминуваш низ сето тоа. Многу ми е жал и што твоите родители не те ценат, сопственото дете. Не само анкциозност, туку преполна си со стрес и грижи. Разбирливо е и зошто. Мој совет е ако баш мораш да останеш со нив, да продолжиш да се грижиш за сестра ти и да завршуваш полесни работи по дома како готвење. Но никако да не тегнеш кофи вода! Трудна си! Тоа е најбитно, мораш да внимаваш. Не сакам да ти навлегувам во приватност, но мора ли со маж ти да живеете таму? Зошто не одиш кај него? Малце е тешко човек да те посоветува како да се справиш со анкциозноста и стресовите знаејќи дека живееш со одвратни луѓе. Прави онолку колку што можеш и гледај да ги избегнуваш твоите, да не им даваш причина да ти се обраќаат, дистанцирај се колку можеш повеќе и гледај си ја бременоста. А после.... абе кругот се врти! Кога ќе си се породиш и ќе си бидете заедно со маж ти, тебе око да не ти трепне за нив! Јас би ги отпишала од живот засекогаш.
Da si se vratis kaj mazot dodeka se porodis,posle ke pravite nesto, ti go rizikuvas zivotot na bebeto vo takva okolina
I posle se ova sto go kazuvas ,ti zivees so tvoite a imas maz,pa ne ti trebaat.Treba da ti bide jasno bremena nebrmena oni vakvi bile otsekogas.A imas kade da odis ,tvoeto mentalno zdravje i psihicka sosojba se odrazuva na se.Ne se zalazuvaj deka ako im ides po kef ke te sakaat mama i tato.,i se pravis po red,fakultet,dete,maz.I jas taka se zanesuvav so pametot deka koga ke najdam rabota i se omazam ke me cenat.Ama ne e taka ljubovta i pocituvanjeto gi nema,ostanuva edno.DA PRIVATIS DEKA NEMA DA SMENIS TOKSICNI RODITELI.Tie si ziveat svoj zivot,i ke ti prefrluvaat deka se ti dale,a ti losa i neblagodarna.Ne nasednuvaj na ovaa laga,zivej si za sebe prvo,za deteto sto doaga i za soprugot.Koga ke se rodi uste potesko ke ti bide ako sega gi izgubis zdravjeto i nervite na 23.Samo da znaes sto se nosi zivotot.Nema dokumenti i pari sto vredat poveke OD TVOETO MENTALNO ZDRAVJE.So sreka.