Знам јас, свесна сум за се. Не е само ова. Цел живот мајка ми посебно ме вреѓа, ме шамарела пред другарки од ништо на 18 години, ако нешто и се противречам и ако сметам дека не е во право. На 15 години кога ќе сме се карале за излегување ми се ѕвереше ми викаше курво, а јас сум немала дечко бацено во уста, а не па нешто повеќе. Пробувам се’ да издржам за подобра иднина на бебето и мажот ми, тој ми е светла точка во животот, најпрекрасно суштевство во цел Универзум, се плашам дека ако се вратам назад ќе направам огромна грешка со животите наши, цело време живеам за денот кога тој ќе дојде и ќе живееме сами. Едвај паничните напади ги тргнав од глава со психијатри и апчиња и психолози и со неговата љубов и поддршка, за да дојдам тука и да паднам во депресија и пак анксот да ми се врати со моите токсични родител.
Kakva majka e taa, i so posvoeni deca ne se ponasaat taka roditelite ,a ne kamo li so svoi,jas ne bi ziveela taka ni pet minuti,begaj od taa toksicna sredina,ako sakas da se spasis.
За се си свесна добро е што е така. Ама почни тоа што го знаеш да го применуваше. Тие нема да се сменат, ќе си останат токсични какви што се и колку побрзо се тргнеш од нивниот дом, толку подобро за тебе. Штета што си во таква позиција да заради вашата заедничка иднина треба да живееш со нив. Дотогаш треба да издржиш и ти и бебето. Значи нивните критики ќе си пуштиш од едно низ друго уво. Ќе помагаш колку што можеш, и колку што сакаш, а не да правиш тешка физичка работа. Ти си одговорна за бебето и тоа треба да ти е пред се. Ако мрчат ќе си кажеш дека си трудна и дека докторот така ти препорачал. Спуштај ја топката и не влегувај во непотребни расправии. Тргни се и остај ги. Секако што и да кажеш или направиш, тие исто ќе мислат за тебе. И престани да и седиш на курс. Доста си сервилна кон нив. Мора да поставиш граница и да ја држиш. И најбезобрано да си ја користиш бременоста за изговор. Ќе и речеш маж ми ми рече да не правам ова или да правам ова. Нека сфатат дека сега сте ти и тој и дека неможе да те манипулираат како кога си била дете.
Tocno, ako treba i ke glumi,teska mi e bremenosta doktorot mi rece da lezam ,ke se vagja na bremenosta i ke si lezi tie neka si vikaat
Знае. Се нервира премногу. Ми вели врати се ќе си се снајдеме заедно, ако не таму на друго место. Ќе дојде тој за 6 месеци, морам да издржам, еден тон пари си даде за документи за тука да спреми и да дојди. Се САМ. Моите на рандом (пријатели) луѓе им плаќаат и ги пречекуваат тука како цареви, ама за мене и мажот ми немаат пари. И од толку трпење кога ќе почнат да ме фаќаат панични напади, јас сум виновна пошто не сум била благодарна за ништо во животот само неубавото сум го гледала и не сум била задоволна, затоа имам панично растројство. Нека. Од денес друга песна, се зачленав во библиотека во слободно време ќе си одам таму да си читам книги и да се опуштам, и онака преубаво е таму, а и тоа ме прави среќна.
Инаку, фала ви на сите за несебичните одговори и емпатија, искрено ми е срам на другарки да им кажувам за односот на моите кон мене, кај што сум стапнала, не сум видела ваков однос, али тоа е. Како и да е секој ваш збор ми значи многу!
Епа чим веќе се вложени пари за таму издржи, прави само нешто неопходно. Грижа за сестричката, за другото лажи дека имаш болки и тешка бременост
Типично за прикриен тип на нарцисоидни личности. Знаеш зошто е таа разлика во третманот на блиските и во третманот на подалечните? Зошто се супер фини со луѓето што не ги познаваат многу добро а најблиските мора да ги трпат сите с..ња? - ти си им примарен извор од кој добиваат чуство на моќност и контрола. и од тоа произлегува наредното:- блиските треба да функционираат во склад со нивните потреби, а не со своите. Ако покажеш дека имаш свои потреби, се побуниш и не правиш како што сакаат, ќе ги налутиш и заслужуваш презир и ќе направат нешто (од широката палета манипулации со која располагаат) со што ќе се обидат да те вратат под своја контрола. Те казнуваат практично што не им го храниш егото. - тебе ти го покажале своето вистинско лице, неможат да те залажуваат и да добијат од тебе обожување кое им е очајно потребно за да ја пополнат празнината и слабата самопочит во себе. Затоа тоа го добиваат од други, кои уште не знаат кои се навистина. - им недостига емпатија. Толку се окупирани со себе, своите потреби, она што чувствуваат, она што нив им фали, што не можат да мислат како му е на другиот. - самата емотивна близина буди кај нив презир и ја сметаат за слабост. Не се способни за длабока, искрена интимност. Најчесто релациите со другите им се како трансакции и зависат од користа (во било која смисла, не само финансиска) што ја имаат од тие релации. Со другите се фини, и им прават услуги затоа што така утре тие нив ќе им должат услуга. - години те манипулирале, те „одгледувале„ да ги трпиш нивните глупости и испади, без да ги откачиш. Тука си им. Тебе може да ти го исфрлат целиот бес и лутина дури и за работи кои немаат врска со тебе. Тоа ако го направат со некој што не им е близок ќе го изгубат, ќе го откачат засекогаш или уште полошо, НЕ ДАЈ БОЖЕ, ќе си го нарушат имиџот пред светот. Сега се ова што го пишав, земи го само како информација и батали го. Не го мозгај, не се навраќај. Нема потреба тој што е жртва на нарцисоидни манипулатори премногу да ги анализира и да се обидува да ги сфати и разбере своите злоупотребувачи. Тоа е токму тоа заради што и се навлекуваат луѓето на нив-желбата да ги разберат, да ги сменат, и токму твоето замарање со нив, наместо со себе е она што ги храни егата на нарцисоидните. Затоа терај си го животот, место на нив, мисли си на иднината светла, весела и голема што те чека. Ќе дојде и твојот ден, кога ќе си бидеш со детето и маж ти заедно во ваш дом. Нивните критики нека ти поминат како ветер над главата. Најтешко е за детето кога баш родителите се тие што се нарцисоидни а некои други од средината, зошто домот е местото каде што најдолго престојуваш, неможеш лесно да го смениш и напуштиш и треба да е безбеден рај од надворешниот свет, а не обратно. И сам да си живееш, па родителите неможеш да ги смениш. Прифати ги дека тие се луѓе што си имаат длабоки проблеми и една црна дупка која е во НИВНАТА душа. Не дозволувај да бидеш материјал за да си ја пополнуваат. Тоа нема крај. Живеј си по своите правила, а на нив покажи им до каде смеат.
Ve molam za pomos se custvuvam uzasno nemam volja za nisto cela sum pogubena nemam emocija prema nikogo imam nekoj nemir nervoza vo mene I plus misli losi nikako ne mozam da gi trgnam vo potsvest mi se piam elicea mislam ke poludam skros vo sekoj moment...pred pms sum
Секој треба да се соочи со работите кои му се потиснати во потсвеста, оти само ако човек носи уште работи во потсвеста се повеќе ќе му е тешко. Земи пишувај некој текст, читај некои книги, гледај цртани без разлика на возраст, пешачи денот барем 1 час, пушти и пеј песни и ред други работи што ќе ти текнат. Јас сум бил нервозен многу, ама не вреди да се нервираш за глупости, оти ќе се поболиш. Тек ќе си терам по ќејф, ќе си продолжам понатаму со животот, оти многу порано преживеав тага, повреден сум многу, но ете станав на нозе и ќе бидам успешен.
Значи денес се осеќам катастрофа. До време ли е, до мене ли е не знам. Треперење на тело, земање нозе, краток здив, стомак крш...башка и хелекси испиен денес и б6 и мг и пак не ме попушта. Како терате вие, ви влијае ли променливово време? Аман рат да се нема.
Си разговарала со стручно лице? Претпоставувам дека да штом ти дале апчиња, ама мораш почесто да разговараш доколку си во можност, можеби и терапијата не ти е погодена. Не си сама, повеќето сме поминале низ тоа што поминуваш, бори се да излезеш од тој вртлог, остани свесна како што си сега, свесна си дека ти треба помош, таа помош со сопствена сила побарај ја прво во себе, потоа во блиските, во стручни лица и во религијата ако си религиозна личност. Прави ги работите кои те исполнувале порано. Не е лесно воопшто кога човек се бори против себеси, ама мораш да почнеш од некаде.
Здраво... после подолго време земање на Флунисан , денес ми ги замени со пароксетин 20мг , едно на ден... некој ИСКУСТВА да сподели... дали делуваат брзо , кои се несакани ефекти и тх... Ми го даде со комбинација со диазепам навечер... Фала однапред.
Мене пароксетинот предобро ми делуваа и за многу кратко време ми ги прекина психијатарот, тој ми викаше дека Пароксетинот се едни од АД што делуваат брзо и навистина така беше. Немав никакви несакани ефекти ни додека ги пиев ни кога ги откажував, моето искуство е ептен позитивно. Точно пред една година ги пиев и од тогаш до сега ни едно апче не сум се напила за смирување или АД бидејќи не добивам страшни панични напади како претходно.
Дали те поправија? Мене елицеата ми качија неколку кила и покрај тоа што бев на диета цело време. Инаку топ ми делуваа, во живот ме вратија, но ги прекинав заради планирање бременост, но тоа се развлече, мене паничните ми се вратија и сега безвезе хелекси пијам само си направив зависност од нив а проблемот стои. Почнав пак од петка но знам нема да е доволно, а страв ми е да не ме поправат пак. Оти ако качам пак килажа анкс нема да имам ама депресија сигурно.