Мене психијатарот ми објасни дека тоа чуство потекнувало од првиот паничен напад тој прв страв дека ке паднам во несвест ми е во потсвеста и дека така фаќало паника за некои работи кои се чудни, ама тоа нема никогаш да го направеш тие што се повредуваат себе имаат желба за тоа ти страв..
Здраво, да , мене.. сите велат дека деметринот е подобар од хелексот ама мене деметринот ми правеше болка во стомакот и го прекинав...
Здраво Сакам да прашам колку често се соочувате со деперсонализација и дереализација? Деновиве пак ми се врати по некое време.. Како излегувате од нив? Дали мислите дека е поради промена на лек? Веќе месец земам пароксетин по долго време земање флунисан.. на почетокот се беше подобро со пароксетинот а сега овие состојби пак се тука..
Dali nekoj ima od socijalna fobija? Ve molam dokolku ima nekoj takov i zema nekoja terapija da mi odgovori bidekji sum vo mnogu tezok period od mojot zivot ...
Не знам стварно.. Најчесто навечер ми се случува, изгледа заради стравот од несоница.. Бидејќи тоа е мојот најголем проблем.
Анксиозноста кај мене прво на дигестивен систем удира. На линков има одлично објаснување зошто е тоа така. Нормално е https://www.health.harvard.edu/diseases-and-conditions/the-gut-brain-connection
Zdavo...osekjam zbrkani misli custvo na nemir vo edno mesto da sedam ne se osekjam svoja na momenti tuga I koga zboruvam e sega pijam elicea,a osekjam I energija povekje dali moze treba da prekinam vekje so tarapijata..?
Тоа веќе е дереализација и деперсонализација по описот на твојата состојба, исто така и јас сега се осеќам .. и ќе ни помине.. За терапијата , само доктор треба да каже дали треба да ја прекинеш или не...
Не, со терапијата не се прекинува кога ќе се чувствуваш подобро. Најверојатно психијатарот пред да ти ги препише ти има кажано дека антидепресивите се пијат подолг временски период, минимум 6 месеци, но и покрај подобрувањето на состојбата се земаат неколку месеци, па во консултација со психијатарот во зависност и од моменталната состоја се прекинува терапијата, но постепено со намалување на дозата.