1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Не полудуваш тоа сигурно! Тоа што ти го осеќаш е дереализација и деперсонализација едни од најлошите чувства поврзани со анксиозноста.Нормално дека нема да ти се смее кога живееш со тос 24/7 знам како е,кај мене тие беа најизразени и заради тоа се јавуваше паника..
    Така се немам осетено можи добри година и пол 2 ама па сега други бубачки..
     
  2. Riba123

    Riba123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ne znam ali stvarno ne se osekam dobro. Mnogu izmesai custva emocii misli so eden zbor Haos.
     
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Ако немаш доверба во психијатарот, треба да го смениш. Многу е важна таа релација на доверба, доктор - пациент и е особено значајна во процесот на терапирање. Зависно од состојбата, секако дека е можно да имаш потреба од поголема доза. Ти си добила поголема доза, ама сосема спротивно, на своја рака комплетно оставаш ад. Закажи кај друг психијатар и ако ти даде ад, медикаментното терапирање сфати го како нешто на кое му е потребно време. И нешто кое води до постепено подобрување. Истото важи и за психотерапијата, ништо не се случува преку ноќ. Не полудуваш, тоа се мисли кои неминовно доаѓаат со анкс и депресија, грижата на совест е од истите. За ова најдобро може да ти помогне психолог.
     
    На WildMk и steela.honey им се допаѓа ова.
  4. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Не си сама, сите сме ги имале тие мисли, нема да полудиш , луда не си,според ова што го кажуваш имаш и малку елементи на деперсонализација, пропратени од анксиозноста, биди трпелива, резултати ќе дојдат , на почетокот изгледа како да немаш никакви бенефити од психотерапијата ама не се откажувај, убавините ќе дојдат подоцна, и запамети тие што те сакаат и се грижат за тебе никогаш нема да те напуштат. Тие се грижат за тебе, само похрабро, не им се плаши на тие мисли и симптоми затоа што се илузија и се ќе помине. Те гушкам
     
    На Dikinzi, Riba123 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Антидепресиви примаше?
    ССРИ?
    Знаеш што се случува кога ќе ги прекинеш наеднаш?
    Прво ќе крузуваш некое време на она што ти е останато во организмот, пошто не делуваат акутно, туку се акумулираат и полека се ослободуваат.
    Кога ќе ги истрошиш скроз, ќе крешуваш наеднаш и то бааѓи.

    Од искуство ти кажувам.
    20 години сум на антидепресиви.

    Не си луда, нема да полудиш.
    Само те заебава мозокот.
    Да се консултираш со психијатар обавезно, и да си се вратиш постепено на терапијата.

    Никогаш, ама никогаш да не почнувате, или прекинувате терапија, без консултација со доктор.
     
    На vivien_an, Dikinzi, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  6. fairy11__

    fairy11__ Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите не знам дали прашањето е за овде.
    Пред 10 месеци загубив личност која што ми беше сѐ. Со тоа еве 10 месеци имам панични напади, ми надоаѓа да плачам и со тоа се појавува тешко дишење, да не можам да земам воздух и забрзано чукање на срцето, често имам губење на рамнотежа и тресење на рацете . Се будам среде ноќ и не можам да земам воздух или да не можам да заспијам цела ноќ. Цело време имам негативни мисли иако читам книги за самопомош. Некогаш ми надоаѓаат мисли дека не заслужувам ништо, но често во тие 10 месеци ми надоаѓаат мисли за самоубиство и дека поубо би било да ме нема. Се затворив целосно, не излегувам како порано а иако сум во најубавите години. Не знам дали се ова симптоми за анксиозност па ако е некој повеќе упстен во ова да ми каже, . Не знам како да кажам на домашните дека се борам со ваков проблем. Поздрав, се надевам некој дека ќе ми одговори.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам за одговор. Ако можи некој да каже искуства со Асентра 50 мг? Некои несакани ефекти? Денес ми ја препишаа по долго земање Флунисан и еден месец Пароксетин... Исто така, поради деперсонализација или дереализација ми препишаа Рисперидон од 1 мг за збунетоста ама нема да го земам тој лек бидејќи ќе се изборам сама со дереализацијата... Дека овој лек ми го препишаа сега се плашам да не развијам некои симптоми на психоза со ова дереализација ;( Некој да го земал овој лек за анксиозност ? Фала, Среќни празници!
     
    На Milicaakraavaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам од лично искуство иако јас немам интензивни напади. Мислам дека се работи за анксиозно депресивно растројство, и јас се соочувам со сето тоа. Од мислите до затворањето, јас не спијам воопшто без лекарства.. За како да им кажеш на домашните не знам што да те советувам. Обично повозрасните што не се соочиле со такво нешто не разбираат. Пиши ми ако ти треба разговор или било што, тука сум.
     
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Хипервентилација, карактеристично за паничен напад. Се работи за ослободување поголемо количество јаглерод диоксид и внесување кислород. Во акутна фаза, дишење во хартиена кеса ќе ти биде од помош да го вратиш изгубениот јаглерод диоксид. Најдобар совет за ова е сепак, вежби за правилно дишење. Колку побрзо се посветуваш со стручно лице, толку побрзо ќе ја ставиш под контрола симптоматиката. Сакам да кажам, консултација со психолог и психијатар. Евентуално кај матичен основен преглед, па ќе те препрати натаму.
    Здраво. Немам искуство со медикаментите, но имам читано туѓи искуства. Враќаат во живот. Како и на кој начин мислиш да се справиш со дереализација? Ако не ја пиеш терапијата на пример и ако не посетуваш психолог‽ Мислам дека прашањево ми е валидно. Јас ги имам искусено и двете, по цели денови сум ги имала. И со најакутна анксиозна фаза сум се справувала, хипервентилација, панични, замаглен вид, вртоглавици и останата физичка симптоматика како резултат на анкс, ама од овие чувства дереализација и деперсонализација за мене нема полошо. Јас сама не успеав и ова ми е скроз аларм за следење совет на стручно лице.

    Не знам зошто речиси повеќето што им препишуваат терапија пишуваат тука дека нема да ја земаат или евентуално самите манипулираат со дозата на истата. Значи чим е нешто дадено, треба да се зема. Ако имате било какви сомнежи во врска со терапијата, треба слободно да си ги кажете на докторот.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво . Фала за одговорот . И претходно неколку пати сум имала дереализација и поминувало по неколку дена, со борба во себе и игнорирање на симптомите. Можеби сум само како отсутна од новите лекови. Неколку години земав само Флунисан и сега за два месеци сменив -од Флунисан на Паросектин и сега Асентра. Точно. Нема нешто полошо од ова. Сите претходни симптоми со ова не се споредуваат. Кога прочитав зошто е овој лек Респирадон така толку тешко ми падна( си реков до кај стасав) - другите лекови ги земам како Асентрата, па затоа прашав дали некој ги земам Асентрата и Респиредон?
     
    На Lianna Anna и Milicaakraavaa им се допаѓа ова.
  11. Milicaakraavaa

    Milicaakraavaa Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Jas pre dva meseci osekjav golema depersonalizacija I derealizacija togas bas pocnav so eliceata od 5 I sega nemam custvo nikakvo na momenti fakja ama pominuva samo ne obrakam mnogu pazna e sega se osekjam raspolozena ama cudno nekako kako da ne e vistinski raspolozenieto mislam e od lekovite za misli uste se prisutni toa samo samite mozeme da kontrolirame ama tesko odi
     
  12. Riba123

    Riba123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ti Blagodaram mnogu na ubavite zborovi i podrskata. Na psihoterapija odam od April. Se nadevam deka ovaa situacija ke zavrsi i ke bidam istata licnost sto bev prethodno. Uste ednas fala ti mnogu
     
    На steela.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Riba123

    Riba123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Da piev AD od maj do oktomvri.
    Ne znam sto se slucuva bidejki jas prv pat se sekavam so vakva situacija. Vo Plan sum da otidam kaj drug psihijatar. A od psihologot ne dobiv zeleno svetlo za da odam kaj drug psihijatar i mi vika stom sum gi ostavil da ne zimam pak. Problemot e isto sto jas ne sum sigurna dali mi bilo dobro so apcinjata ili ne. Poz i ti Blagodaram za sovetot.
     
  14. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.658
    Пол:
    Женски
    Ke bides samo trpenie I verba, se ke se sredi. :hug:
     
  15. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Јас на некој период вака се осеќам и поминува .. Само Елицеата ја пиеш? Што ти кажа докторот кога му кажа за дереализацијата? Те молам совет. Ми е страв ептен од оваа состојба... Како да трае сега повеќе време..
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.564
    Допаѓања:
    38.665
    Пол:
    Женски
    Симптоми се на анксиозност, ама и на депресија.Подобро побрзо јави се на психолог и започни со терапија, можеби ќе треба да одиш и на психијатар за да ти биде препишана медикаментозна терапија.Книгите за самопомош според мене се само залажување и прикривање на вистинскиот проблем, не се ослонувај на нив.Загубата на личноста ти оставила последици и мораш да работиш на тоа да го прифатиш тој настан и целата тага на соодветен начин за да не се доунишиш дополнително.Ако не знаеш како да им кажеш на домашните и мислиш дека нема да имаат разбирање, апсолутно не мораш, но секако ако сметаш дека ќе ти дадат поддршка отвори се.Сепак, запамти дека не е доволно само разговор со нив или друго блиско лице, туку ќе ти треба и стручен човек. :)
     
  17. Milicaakraavaa

    Milicaakraavaa Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Da elicea ne pominuva so lekarstva moze mnogu malce ne mislam gledam celo vreme da go ispolnam so drugi raboti...ignore samo
     
    На Bambola Bruce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Moras da im kazes na domasnite nivnoto razbiranje i poddrska ti se najpotrebni,i moras da zemas terapija samo po sebe nema da iscezni,poseti psihijatar.
     
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Вака мене психијатарот ми објасни. Искривена перцепција за реалноста, како резултат на стресни фактори напластени подолго време, низок праг на нивна отпорност, висок праг/преосетливост, евентуално примарен тригер, ментална преоптеретеност, негативни промени, хроничен умор. Психата има максимум и кога ќе се постигне тој макс, организмот почнува со одбранбени механизми и реакции, дереализација/деперсонализација. Уствари, се штити од стварноста. Нешто слично како и со останатите симптоми на анксиозност. Така и во паничен напад, организмот почнува со заштитни реакции. Состојбата најчесто не е опасна и не го загрозува здравјето, но е застрашувачка и го ограничува нормалното функционирање.

    Советот негов е редовен сон, технологија на минимум, односно што помалку сензорна преоптеретеност, кофеин на минимум, прошетки во природа, здрава исхрана, вежбање и секако психотерапија. Поентата е да се научи позитивноста, да се постават реални цели, разбирање, правилно насочување и соочување. Рецидивите постепено се сведуваат на минимум.

    Ми кажа секогаш кога сум во таква состојба да се потсетувам дека тие чувства поминуваат. Ова малку тешко е. Ама како се намалува нападот, така се враќа и реалноста. Што значи, се помалку фокусирање и фиксација на проблемот, а ова се учи.

    Дали ќе успееш сама да се справиш, неретко зависи од симптоматиката. Бидејќи, ако веќе постои промена во облик, ситуацијата е малку покомплексна и неретко бара стручна помош. Земај ја терапијата и за секоја промена консултирај се со докторот. Ако не си задоволна од него, смени го. Многу е важно да имаш доверба во начинот на кој се терапираш. Имај во предвид, дека често се повлекува спонтано и исчезнува, но има случаи кога стварно е потребна стручна интервенција. Потребата од ова, ја проценува доктор. Терапијата е чекор за справување со проблемот. Немој да се обвинуваш до кој степен си стигнала. Сега си таму, ама најважно е што се бориш да се кренеш. Кога ќе почнам со психотерапија, ќе споделам дополнително искуство.
     
    Последна измена: 3 јануари 2022
    На Anie93, Bambola Bruce и Nena Jovanova им се допаѓа ова.
  20. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    mnogu ubavo imas objasneto,tocno kazano