1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. vivien_an

    vivien_an Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Дали има искуство некој со антидепресивот Асентра?

    Претходно пиев Елицеа, сега психијатарката ми го препорача Асентра.

    Многу би ви била благодарна ако може некој кој има искуство со двете или со еден од нив да ми даде свое мислење и искуство.

    Дилемата ми е дали да пијам Елицеа или Асентра.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво , и јас сега земам Асентра.. Веќе неколку дена ги земам, претходно земав Флунисан еве неколку години ама како да не ми делуваа веќе и ми ги дадоа Асентрата..и јас би сакала и би била благодарна ако некој нешто сподели.
     
    На poi и vivien_an им се допаѓа ова.
  3. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    asentrata se malku teski za prifakanje,mozat da vi pravat losenje,gadenje ,no poznavam luge koi gi koristat i se ok
     
    На vivien_an му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Milicaakraavaa

    Milicaakraavaa Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali nekoj gi pie elicea od o,25?
     
  5. vivien_an

    vivien_an Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мила hi, се надевам ќе можеш да ми помогнеш.

    Пиев Елицеа 1 година (поради панично растројство, анксиозност депресија) и по препорака на психијатар ја откажав според шема од 1 месец како што ми кажа психијатарката постепено. Последно пиев апче на 20-ти декември, од тогаш не ги пијам.

    Првата недела беше сѐ океј, само бев некако нервозна. На 29-ти декември (пред некој ден) имам страшен паничен напад и од тогаш до денес се чувствувам УЖАСНО и физички и психички, имам милион симптоми, гадење, повраќав, како струја во мозок, губење рамнотежа, вкочанесот, тресење во телото и секој ден панични напад по минимум еднаш. Психата ми е хаос, не можам да седам сама, како џабе да била целата година пак сѐ исто ми се врати...

    Бев кај психијатарката, ми препорача да ги вратам антидепресивите, пак според шема.

    Сакав да те прашам бидејќи баш се пронајдов во одговорот, што можам да очекувам од овој процес? Дали пак ќе ми биде лошо додека се навикнам или тоа што до неодамна ги пиев има ефект, па последно ќе ги поднесам? И кога ќе ми поминат овие страшни работи кои во моментов ми се случуваат - дали пак одново ќе чекам месец дена да бидам подобро...?

    Инаку пред ова бев супер, одлично, немав паничен напад од март и лековите навистина ми помогнаа.
     
  6. vivien_an

    vivien_an Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мила јас пиев, така ги почнав со таа доза пред една година и постепено зголемувавме. Јас сум благодарна затоа што животот ми го спасија тие апчиња и ме вратија во нормала. Елицеа е еден од најдобрите антидепресиви затоа што малку полесно се поднесува од другите и делува релативно побрзо. Ако имаш некое прашање пиши ми порака кога сакаш.

    Првите неколку дена може да ти е малку тешко на организмот додека се навикне ама се издржува, ќе ти дадат да пиеш и некој седатив (најдобро Деметрин според мене) и после 2 недели некаде веќе ќе почнеш да се чувствуваш малку подобро и ќе биде океј.
     
    На Milicaakraavaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Јас примав терапија со Асентра, конкретно кај мене требаше неколку недели да почне да делува можеби и месец. Ама бев во многу лоша состојба и можеби затоа. Прв антидепресив ми е и не можам да правам споредби со други ад. Ме крена од мртвите тешка анксиозност со депресија и затоа имав корегирање на дози. Додека бев на помала доза воопшто не качив на килажа ама затоа на 100 мг се поправив околу 20кг. Дејството мислам кај сите е индивидуално. Добро ја поднесував, немав лошење, гадење освен мала поспаност ама поминува.
     
    На vivien_an и Bambola Bruce им се допаѓа ова.
  8. Bambola Bruce

    Bambola Bruce Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2019
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот .. колку долго примаше терапија со Асентра? Дали сега некоја терапија земаш?
     
  9. Angie999

    Angie999 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Od ova mi e najgolemiot strav zosto i go doziveav. 4 godini so doktor na apcinja, spored negova shema gi ostaviv za 1 mesec i posle 6 meseci totalen haos. Se mi se vrati i toa mnogu poloso. Dali e zavisnost od apcinjata? Dali nikogas nema da mozam da gi ostavam?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Скоро 2 години, ама и плус психотерапија.
     
  11. Angie999

    Angie999 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Dali sega pies nesto i ako ne kako se spravuvas bez terapija? Isto ako moze preporaka za dobar psihijatar i dobar psihoterapevt? Blagodaram
     
  12. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Јас сакам само да дадам поддршка на сите оние што се соочуваат со опсесивни мисли,и опсесивно компулсивно растројство.Овие минати три дена навистина се истоштува себеси со опсесивни мисли,и тоа ми се појавуваа кога работам нешто и постојано одново и одново ме тераше да ги работам работите.Ама вчера вечерта си реков доста е,ми се смачи.Што направив зедов повторно да ја работам работата и со велам во себеси "Прави го тоа правилно,како што лице без опсесивни мисли би ги правело" и така направив и сега ми е далеку далеку подобро.
     
    На poi и Dikinzi им се допаѓа ова.
  13. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.583
    Допаѓања:
    6.148
    Пол:
    Женски
    И мене ми е нешто подобро, направив unfollow на Фејзбук и на Инстаграм за се што психички ми делуваше. Не следам вести, не следам многу групи, ако видам тажно видео одма во секунда го гасам. Штом ќе дојдат негативните мисли веднаш ги бркам . Јас сум таа што ќе контролира мозокот, а не тој мене. Не сакам да го живеам животот во страв.
    Во план сум да си купам чај од Валеријана, и Деметрин за ептен ако не можам да издржам. Иначе треба на 10 ти да ми дојде. За време на ПМС ми е најтешко. Посебно од кога се породив со второто. Дали хормоните се пореметија не знам, ама веќе знам кој период ми е најтежок, и одприлика како да се изборам.
     
    На MissChievous и ElenaBUTTERFLY им се допаѓа ова.
  14. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Треба да се бориме,да сме борци ,на крај на краиштата килимот со клин се вади.Да не дозволиме да бидеме под влијание на опсесивни мисли.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не е ништо страшно и никогаш да не ги оставиш.
    Луѓе молат за лек за разни болести, зошто ако го најдеш лекот, да се плашиш од него?
     
    На Anie93, poi и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Пак ќе имаш период на адаптација.
    Секој пат кога ги почнуваш антидепресивите, ќе ги имаш симптомите.
    Ама поминува то за месец, најмногу.

    Сум ги прекинувала и почнувала неколку пати.
    Најдолго кога бев бремена.
     
    На vivien_an му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    24.355
    Ми се деси нешто пред некое време и ми требаше доказ за претрпен стрес за во случај за тужба. Матичната ме упати на психијатар во поликлиника Мвр. И' велам на психијатарката, ми се деси нешто, ме упатија кај вас за претрпен стрес, да ви раскажам што се случи? Она ладнокрвно, не, нема потреба, кажи ми, чуствуваш страв? Паника? Анкциозност? Стрес? Нервоза? Продужува да набројува чувства, јас на секое да, да. На крај, ќе пиеш тоа и тоа толку и тоа и тоа толку. Поздрав! Ни ја заболе што ми се десило, ниту сакаше да се увери дека навистина ми се десило. Можда сум зависник што лаже. :wasntme:
    Како и да е, ништо од тоа не купив, сама си се соочувам со проблемот. Ептен чудно ми се виде "сесијата".
     
    На poi и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Типично на државно.
    Повеќето така 'работат'.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angie999

    Angie999 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2021
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Vo bremenost ne se dozvoleni ic? Jas mislam deka nema da mozam da izdrzam a planiram bremenost
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Докторот ќе процени ризик со/без апчиња.
    Ако треба, ќе ги пиеш.
     
    На Angie999 му/ѝ се допаѓа ова.