Дечки здраво. Страшна анксиозност,хипохондрија,панични напади. Посетував и психолог но би сакала да пробам и со некои лекови на природна база. Некој период земам Лунерба но би сакала да ми препорачате и нешто друго кое ви помогнало да ги облаците симптомите на овој терор и барем малку да се вратите во нормала. Ви благодарам ✌️
Па тогаш,зошто си овде, мене лично ми е подобро и ми се намалува паниката кога ќе пишам овде, еве на пр денеска ме боли главата и вратот, ми се лоши и ме фаќа паника, ама кога ќе пишам и ќе кажи некој не се секирај и нас би е така од промена на време на пр,паниката ми се намалува,и ред др примери. Ама секој индивидуално,секој си има свое мислење
Pa ima edno skoro dve nedeli kako sum so glavobolka, tenzichen vrat, vrtoglavici, gadenje loshenje ... Kje ni pomine se nadevam
Најголемиот проблем и пречка според мене било да се работи за анксиозни размислувања или депресивни епизоди е нагонот (кој патем е вон нашата свесност) да веднаш се вратиме во "нормална" состојба. Прашањето е што е "нормална"? Да сме расположени цело време? Тој нагон го препознаваме како знак дека - аха постојат лоши и добри емоции. Лошиве не смеам никако да ги доживувам. Излезот од анкс и депресија, дури и со стручна помош, е прифаќање на сите чувства, тага, бес, лутина, среќа, бидување свесен и вежбање свесност при секоја епизода, а никако справување само со симптомите. Секако физички прегледи обавезно, за секој случај. Ова е лесно да се напише, заебано за избедба, но нималку тешко. Депресијата не е проблем сама за себе. Нашиот сеуште несвесен однос према неа е тој кој го прави проблемот. Депресијата и анкс е легитимна, опака, реална, но стравот, тагата, бесот, се емоции кои можат да се скротат и те како. Психолог (и евентуално психијатар), сега, денес, не идниот месец. Не една, две сесии. Пола година, година, додека еден ден не си речете едно мнооооогу јако АХАААА . Од тој ден јас веќе не стапнав кај мојот психолог и истовремено започна мојата реална работа на себе.
Zdravo jas sum nov ovde pa nemozam da se iznacitam. Vaka sega ke ja opisam mojata situacija se nadevam nekoj ke moze da mi dade sovet sto da pravam. Mi izleze stresot pocnav da dobivam panicni napadi ( anksiozno depresiven sindrom) pa piev helex i elicea no elicata ja prekinav imav tremor od nea i me prefrlija na mirzaten no nekako mnogu nesakani dejstva zasemetenost zamaglen vid nizok pritisok glavobolki itn itn. 3-4 pati mi se slucuvase i pred da zaspijam nekako naglo mi se smiruva srceto ( palpilacii) i ke mi se zagreat gradite i pominuva toa.Sega pred nova godina pak mi se sluci taka no nekako pojako od son me razbudi so vrtoglavici i srcebienje pa mislev da ne e od Mirzatenot pa gi prekinav 1 den odma se pocuvstvuvav podobro pa pocnav na cetvrtinka da gi pijam piev 15 mg ( pola apce ) 1 nedela taka gi piev i sega eve 1 nedela kako ne gi pijam no nekako imam nekoja vozbuda nekoj vnatresen nemir citav na stranski forumi mnogu luge imaat takvi simptomi na povlekuvanje pa sakam da slusnam vasi iskustva.
Moze nekoj da mi kazes kako se pie Demitrinot, za sto pomaga I Dali bi pomognalo dokolku go zemam za anksioznost, panicni napadi I konstantno custvo na strav?
Здраво, Сакам да прашам дали некоја од членките овде , им каснело менструација по промена на антидепресиви? По долго земање на Флунисан , ми беше дадено Пароксетин... од кога го почнав него .. ми се направи осип по телото, па ми дадоа Асентра сега и сега циклусот веќе ми касни 18 денови. Направив тест за бременост пред 10 дена излезе негативен .. Дали е можно од антидепресивите како Пароксетин да има хормонски дисбаланс? И ако има такви членки , со ваква ситуација , како го решиле ова? Што ви кажал доктор/гинеколог? Ве молам за одговор. Сакам да напоменам , само 3 пати во животов ми има вака доцнето , најмногу до 15 денови и ова состојба многу ме загрижува. Наредна недела , ако не добијам одам на гинеколог.
Zdravo... eve vekje ima skoro 5 dena od kako prekinav so tarapija osekjam voznemirenost nemir ljutina mi odi na gadenje kako da ne mozam da gi kontroliram mislite lutaat kako pak eden vid ankcioznost da mi se javuva ako znae nekoj neka pise
Се немам консултирано си психологот, но не знам колку е 'здраво' да пишувам текстови, пример како нешто убаво ми се случува, се сретнувам со одредени личности, како убаво си го поминувам денот. Не, дневник, туку како желбите да ми се остваруваат.
Да прашам, диазапам дали делува за спиење и опуштање ако се напиеш кога имаш потреба, ( зборувам за ептен да не си океј и не можеш да спиеш во текот на целата ноќ) или мора континуирано повеќе дена да се пие за да има дејство?
Јас би ти кажала вака... Ако ти се плаче, плачи. Ама исплачи се до крај. Ако ти се плаче цел ден - плачи. Нема подобар издувен вентил од плачење. Со ова се соочувам веќе месец дена. Твојата состојба е состојба на неприпадност, дереализација и тоа е многу позната ситуација при анксиозност. Пробај да најдеш медитација за смирување на анксиозност, пробај техники за длабоко дишење, тоа би ти било како прва помош. Исто така мене што ми помогна е да ги запишуваш мислите на хартија една по една како ти доаѓаат, ако треба секој ден, неколку пати во текот на денот. Некако после тоа барем кај мене осетив дека се со помал интензитет.