Mi vika treba da se pija podolg period ama ne mi beshe podobro isto ednostavno loram pomaga malce od malce
искрено, помирена сум дека доживотно ќе сум под терапија. Баш пред некој ден пишав на 40ка, порадо би била со апчиња, отколку да ги преживувам симптомите секој ден... Life. You get some, you loose some...
Epa shto drugo postojano imam strav I sum kako stegnat I samo si mislam vo mene vska da ne mi bidi taka da ne mi bidi postojano sum preoptereten mora da e toa
Pa piev po dve nedeli ama ti simptomi ne mi pominuva sho gi imam jas tapa bolka vo stomak nemir ukocenost po rbetot I si vikam imam neshto I toa si raboti pak sugestivno
Рано е две недели. Пишав погоре. До месец треба, за да се адаптира организмот. Ти кога си ги прекинал, немале ни кикнато лековитите својства. Серотонинот од апчињата не се апсорбира веднаш, туку прво се акумулира во организмот. После тој месец, почнува да се ослободува во организмот на правилни рецептори. Мораш да го поминеш тој период, за да го осетиш олеснувањето. Толку суптилно се случува после, нема ни да сетиш како си станал сосема нова личност
Ако може некој што е запознаен повеќе за оваа ситуација ( анксиозност) да ми пише лп да прашам нешто само.
Скроз различна генерика се. Деметринот е седатив. Асентрата е антидепресив. Деметринот се користи акутно. Ко ќе ти е неарно во моментот, пиеш апче и те смирува. Антидепресивите се за долгорочни лекувања на депресија и анксиозност.
Да ова ти е психосоматски. Истите симптоми ги имав и ги имам. Чудно е тоа што болките се толку реални што воопшто не но помислуваш дека може да се психолошки предизвикани, не верував во тоа. Тоа ми се случува кога анксиозноста ми е на најјако, многу боли и болката шета. Кај мене траеше со месеци. Од психијатарот веднаш добив препорака за антидепресиви и деметрин по потреба, но ја одбив. Се изборив сама со други методи и помина. Еве периодов сум многу анксиозна поради испитите, целото тело ми е стегнато и повторно ми се појавија тие болки по рацете и рбетот сега, по тоа знам колку стрес му правам на организмот и колку сум напната, па тие денови ден, два земав лексилиум. Да напоменам дека претходно имав се испитано, затоа што не верував дека болката е психосоматска.
Isto I mene kako e mozno od napnat premnogu I celiot sum stegnat vo se porano ne tolku ama kako sho idi polosho nekogash ne nekogash da
Некогаш и месец е рано, најдобро после два до три месеци да се пијат да се види резултати, барем кај мене беше така со цитрамот кога почнав прв пат со ад. Првите две недели омалаксаност, поврсќање, ужас, потоа малку подобро, па после два месеци можам да кажам дека почнав да живеам нормално. А вие одма се одкажувате после недела ,две, издржете малку дури се навикни организмот.
Кога не можеме да си помогнеме сами, потребно е и терапија. Треба да бидеме свесни дека состојбата е психолошка, затоа што дополнително размислување и стресирање околу таа состојба уште повеќе доведува до нејзино влошување. Потребно е одалечување со мислите од самата состојба, посветување на секојдневните обврски, техники за релаксирање, опуштање на телото се многу важни и многу помагаат. Секој човек е индивидуа сама за себе, па нема ништо погрешно во тоа да се земаат и лекарства по препорака од психијатар, со цел полесно да се надмине состојбата.
Mene obratno, krvarenje dva meseca mi predizvikaa, odnosno dobivav po dva pati mesecno, posle se sredi se bese okey Jas piev Elicea od 10mg 8 meseci, veke ne pijam, povremeno si mavam pola demetrin ako imam nekoj stres, a ima sekoj na denesnicava Ali se zezna rabotava, imav spontan i loso go prebrodev toa epten i mislam ke si se vratam na AD, ali za toa na doktor se odi, sam nisto ne se prevzema
Да, постојат многу техники на интернет, на youtube за како да ги смириме умот и мислите. Има техники што ќе ти кликнат, а некои не. Битно е да се најде нешто. Секогаш сум за - сама да си помогнеш без лекарства.
Не јас не гледам youtube техники туку тоа што мене ме релаксира. Тоа е тушрање со топла вода пред спиење, масажа со етерични масла на дланките, стапалата, нозете, за да се опуштат мускулите. Одма после станување од спиење истегнување на мускулите. Прошетка во природа, јога, медитација, слушање музика. Чај од мататочина, валерјана, магнезиум, б6, здрава исхрана. Ова за да се опушти телото при напнатост и стрес.