Се извинувам, на Лорсилан мислев, се на Лоратадин ме носеше. Лорсилан, генер. Лоразепам, седатив бил со кратко дејство, затоа и бил толку проблематичен за намалување на дозата. Лукреција, е па супер чим ќе правите комбинација со зголемување на АД, а намалување на Лорсилан. Прати си го психијатарот, биди цврста и решителна, и да видиш малку мака не се откажувај, ништо не доаѓа лесно, ама потоа резултатите ќе бидат чудесни и ќе уживаш во животот максимално. Тука сум ако ти треба поддршка.
Дополнително на тоа, на работа имам колешки што воопшто не ме сакаат дури едната во неколку наврати ме навреди со многу зборови, едниот беше "мајмун" (и да напоменам дека премолчив на тоа) и местото автоматски ми стана одвратно само поради неа, ми ја турна самодовербата, имам лоши мисли секако и веќе не можам..многу сум навредена. Сето ова во секојдневието ми ствара дополнителна анксиозност и не можам нормално да функционирам
Сочувствувам со тебе, никој не сака да му е токсична средината на работа и да е опкружен со силеџии. Се надевам дека ја пријави колешката и бараше санкционирање за нејзиното недолично однесување. Од друга страна пак, нема зошто да се вреѓаш на простачки напади. Не е битно што мисли таа идиотка за тебе, битно е што мислиш ти за себе. Ти знаеш дека не си мајмун (не во буквална смисла на зборот, знам што сака да каже велејќи го тоа), буквално ништо не треба да ти значи нејзиниот коментар. Мене некој и да ми рече "глупа си" нема да се љутам, жими се. Затоа што знам дека не сум глупа. Ништо не би ми значело таквиот коментар зошто не е вистина. Но пак ќе напоменам, бори се кај претпоставени/работодавалци за своите права, не смее никој да те напаѓа, да те тормози на работа, тоа НЕ СМЕЕ да се случува!
I jas imav takvi problemi,i ne mi se odi na rabota ja mrazam sredinata, koleskata slobodno prijavi ja za mobing, psihicko nasilstvo, da se povede disciplinska postapka protiv nea, ima zakoni, nikoj ne smee da te maltretira na rabotno mesto,konsultiraj se so advokat se ke ti objasni.
На работа правило број еден е: одам, ги изработувам тие 8 часа најдобро што можам и чао. Колегите гледај ги со резерва и не им давај значење ама ич, секакви глуперди има, а ти да се труеш себе ради тоа, не дозволувај. Ако си ја знаеш и работиш работата како треба никој ништо не ти може. Со тек на време ќе се заќутат сами. А има и такви ако видат дека се нервираш уште толку провоцираат, така да биди си кул
Вака сега јас нешто ќе ти кажам бидејќи поминав низ слични ситуации и се справив успешно со нив. Барем според мене зашто гледам дека некој спротивно мисли од тоа што јас го правев, али ако сметаш и ти дека може ова и кај тебе да има резултат можеш да го направиш ако речеш дека не си толку храбра тогаш уште одма батали. Јас ќе се согласам со @Stefi_555 со тоа што го кажа ако ти паѓаш на провокации тие уште толку ќе добијат сила и се што сакаат ќе ти прават. Јас кога се скарав со моите другарки ради состојбата низ нешто слично поминуваме и двете бев многу очајна дека сум сама и се здружив со едно девојче кое постојано ме провоцираше за се буквално. Така можеби ја трпев три години и више али на крај не издржав зашто полошо ми стана со неа и се и кажав што ми прави и се налјути велејќи дека сум ја набедувала во нешто што не е точно и ме правеше будала во здрав памет што се вели. После некое време си реков зашто ли се и кажав отворено кога нема да свати како се чуствувам додека се дружев со неа и решив да и се смирам. Ама јас не и се смирив од љубов или од очај туку за да и вратам на се тоа што ми правеше она додека ми беше најлошо мене. Тогаш типката не издржа ни месец дена да се дружи со мене и ме блокираше сегде и беше нервозна и кога и се јавив од друг телефон да прашам што е работата ми рече дека се си има граница. Значи ние сме тие што дозволуваме да трпиме све и свашта според неа али она дефинитивно не е толку силна како мене и можеше да падне во депресија со тоа јас што и го правев. И не жалам за тоа нели викаат памти па врати ја не чекам судбината сама да и врати зашто нешто такво не верувам дека постои. Ако ти можеш понашај се исто како она со тебе некој ќе речат не се спуштај на нејзино ниво ама мора да види како е според мене и можеби така ќе престане. Ако имаш опција и можеш слободно најди си друга работа али ја не сум за тоа да се жалиш кај шефот бидејќи така придаваш поголемо значење и сила на таа така што ти прави а и не знаеш кој и го чува грбот и од кај добива сила да се понаша така. Размисли за ова пред да направиш нешто. А освен тоа и еден фин дечко еднаш се обидуваше да ме провоцира и кога виде дека не се замарам и не паѓам на неговите провокации се изнервира он самиот. Јас си правев нормален муабет и не му ќутев. Зашто сметам дека ако се повлечеш настрана како мирно маче тие ќе си продолжат по старо. Не важи ова кај сите али ете тие на моја возраст некои така размислуваат претпоставувам дека си ти поголема па ако мислиш дека моето е во ред примени го ако не океј.
@Milaa111 Морам уште нешто да ти кажам што јас мислам. Според мене немој да се жалиш кај шефот зашто на крај можеш ти крива да испаднеш ако таа кокошката е вработена преку врски. Без никаков доказ може да испадне една обична клевета и ти ќе настрадаш зашто не знаеш од кај она добива сила да се понаша така. Ако си во можност најди друга работа немој очајот да ти направи да трпиш се и свашта и ти имаш душа размисли за тоа. Некој ќе се иживува врз некој ако си чусвителен тешко тебе и на крај ќе завршиш со апчиња. Менувај средина превземи нешто али добро размисли пред да направиш било што. Поздрав
Дечки како сте? Јас ужасно, преспивав за трета смена и се изнасонував глупости, толку тешко ми беше ко се разбудив неможам да ви опишам. Сабајле ко станав лошо ми беше во желудников, ми се гади, безвеза ми е, сега ко станав пак исто. Па и соновиве уште ми фалеја
Може ова подетално да ми го објасниш? Зашто еден психијатар ми го рече ова али тогаш бев многу збунета и ништо не разбирав.
Дали досега ви рекол психијатрот дека психологот може да направи проблем при терапијата? Мене ми објасни дека некако психолозите можат да го вратат назад пациентот....со мислења пример, од минатото.. Се збунив. Не знам дали воопшто да одам на психолог сега.... Да не се пореметам.
Јас сменив многу психијатри и ни еден не ми рече нешто такво. Али мене психолог ништо не ми помогна и престанав да идам само глупости ми тропаше. Не дека јас сум попаметна ама не најдов решение таму. Повеќе фемина ми помогна најискрено.
Здраво може мала помош Во поскедно време мојата дереализација и анксиозност се смирува но има моменти сеуште чести и моментално како мислам дека светот е нњреален како може се ова да постои и едноставно немам желба за ништо. Пробувам да оттргнам мисли да правам нешто но многу тешко дури и кога треба нешто да правам во главата имам мисла како па нели светот е нереален што ке ми ова да го правам и немам желба за ништо и многу ми е страв!
Мене ми велат дека мојот свет е не реален па ми кажуваат меѓу редови колку реално размислувам. Иди па сфати ги овие од моето опкружување. Иначе океј да тоа е анскиозноста не реални стравови ама ако си свесен, а си свесен по ова што го пишуваш за состојбата ми се чини дека многу не би требало да се замараш со стравовите кога знаеш дека нема да се случат. Кај мене е поинаква ситуацијата само да најдам некој кој има живци да ме сослуша до крај без да полуди он. А желбата ќе ти се врати верувај јас еден период само лежев дури немав желба ни за фемина, сега имам желба за повеќе работи, не се секирај за тоа.
Не може секогаш да е убав сонот, има и кошмари нели? Јас знам некогаш среде ноќ да се разбудам ако сонувам нешто лошо и тогаш ќе си запалам цигара и ми поминува. А пак некогаш кога сонувам нешто убаво не ми се станува од кревет и гледам да го продолжам сонот колку што можам повеќе. И еден совет од мене немој да ги толкуваш соновите повеќе ќе се замараш.
Мене ме интересира некој да ми каже што успеал да се излечи дали после состојбава се имате сменето? Дали на полошо или подобро? Дали сте станале лош или добар човек? Јас некои што ги познавам се прават како да не поминале низ ова и уживаат кога ги повредуваат другите, а знаат се како е. Не ми беше јасно дали поради ова станале такви или одсекогаш биле, а јас сум била наивна тогаш.
Во првата епизода имав дереализација и деперсонализација, многу непријатна перцепција е за себе и светот, како преку ноќ сѐ да се сменило и многу стравував дека никогаш нема да го доживеам светот и себе како претходно, али се врати. Време треба и тек кога заборавив на ова, едно попладне додека се возев во такси ми текна дека сум се вратила. Човечкиот мозок е чудо едно и всушност оваа дисоцијација настапува кога ќе се стигне до лимитот на одбрамбениот механизам и со истата нѐ штити од свесни понатамошни трауми од анксиозноста.. Приметувате дека не сте стресени како претходно? Не сте баш добро ама како и да не ви е ни баш гајле, нели? Е па тоа е тоа. Ова е последната фаза пред да се повлече анксиозноста. Многу е непријатно ама сфатете дека ова е за добро и дека сте заштитени всушност од сопствениот мозок. Мене ми требаа две години додека спонтано исчезна. Ќе помине кога ќе заборавите дека се случило.
Многу ми помогна кога кажа дека кога приметуваме дека не сме стресни како претходно и дека баш ни е гајле, а тоа е последната фаза пред да помине. Само мене ме плаши времето колку ќе треба зашто во најубавите години јас се плашам кога треба да уживам. Не мислам на 50-60 години да почнам да го живеам животот. А колку што читав кај некој и дури 7 години траела состојбава. Па поради тоа ме фаќа мене страв. А имам желба не дека немам само состојбава некогаш ме кочи. Мислам дека џабе е и да ме советуваш кога сигурно не не ни е иста причината. А според мене највеќе е до тоа. Колку е поголема траумата мислам дека толку повеќе ќе трае или зависи од силата на човекот и како тој ги доживува работите не знам не сум стручњак. Па сакав да те прашам дали после состојбава си силна како порано или избегнуваш стресни ситуации од страв да не ти се случи повторно?