Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    36.337
    Пол:
    Женски
    Дали е можно турско кафе да ја зголемува анксиозноста?
     
  2. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Кај секого различно. Мојот психолог кога и кажав колку кафиња пијам беше во шок и ми рече максимум 3 да пијам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    Да. Кофеинот ствара jitters, еден вид на тресење.
     
    На lovely girl M и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    36.337
    Пол:
    Женски
    Вчера не пиев кафе, и денес еве не, и не ми се тресе телото.
    Се надевам дека не сум болна нешто туку е се од анксиозност и кафето, дури завчера приметив дека после кафе ми е така.
     
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Сигурно си многу млад,а чим мислиш дека само додека си млад можеш да уживаш во животот!
    Напротив, не постои доба од животот кога нема да можеш да уживаш ако сакаш.
    И анксиозноста е уживање, само не си свесен,а за тоа. Мозокот ти ужива во адреналинот оти е навикнат на таа "дрога".
    Ќе прекине кога ќе станеш свесен,а дека ти здосадило и ќе одлучиш да уживаш во посмирени состојби. Па пак ќе дојде после некое време.. Кај сите е исто.
    Тие кои не се хронично анксиозни бараат адреналин во разни возбуди оти мозокот нема капацитет за константно една состојба каква ти сакаш да постигнеш и никогаш нема да ја постигнеш зашто никој не постигнал и нема.
    Друго, кај сите од нас животот носи стресови кои не се поврзани со анксиозноста и истите не можеме да ги одбегнеме. Некогаш ќе начнат анксиозност некогаш не.
    Што побрзо го отстраниш ирационалното верување дека некои луѓе се нон стоп стабилни и уживаат константно во животот и очекуваш да бидеш таков,а, толку потешко ќе ти биде и ќе живееш во илузија.
    Нема такви луѓе! Има само такви моменти, и сите ги доживуваме тие моменти, и за нив живееме.
    Престани да калкулираш години, во секоја доба подеднакво се ужива како и на 20е, ако не и повеќе.
    Лично најмногу почнав да уживам во животот после 30тата.
    Сѐ тече, сѐ се менува.
    Прифати го овој факт, живеј за моментите, и не штити се од ништо. Само така ќе стекнеш имунитет и ќе ти е многу полесно.
    Секако дека станував уште посилна после секоја епизода зашто упорно се туркав во стресни ситуации на кои мозокот ми се навикна и ми создаде имунитет.
    Исто како што се навикнува на анксиозноста, така се навикнува на сѐ друго.
    Мислиш дека само анксиозноста ја има таа моќ?
    Ах бе друже, сѐ има подеднаква моќ, зависи на што ти ќе му дадеш внимание и ќе го храниш.
    И сѐ е нормално патем.

    Мој совет е да престанеш да анализираш толку и да не се обидуваш да се штитиш, изложувај се на стрес намерно кога ќе се почувствуваш постабилно оти само така ќе се исчеличиш и стекнеш имунитет.
    Ако почнеш да се штитиш од сѐ, ќе завршиш во стаклено ѕвоно.
    Животот има убави моменти, ама до истите се доаѓа преку разно разни борби, подеми и падови..
    Да не беа борбите немаше ни да знаеме дека убаво постои, оти ќе бевме апатични.
    Прифати ги промените и ќе научиш да уживаш, да цениш и да наоѓаш смисла во сѐ што носи животот и во убавото и во тоа другото.
     
    На velfi, Elenpelen, Maryy. и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Ne ogranicuvaj se na toa kolku godini trae, ima lugje to se po 20 god ankciozni a ima i po edna godina,koj kako ke ja prifati
     
    На Dashing:) и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  7. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е многу важно секој од нас да го открие коренот на проблемот, од каде доаѓа стравот.
    Ова го велам затоа што јас од дете носам некој ако можам да го наречам тивок страв што си тлеел во мене ама за кој не бев свесна до пред некоја година. Навидум се си беше ок, дружев,искачав, живев нормален живот. Во последниве 3 години потсвесниот страв премина во панични напади како резултат на зголемен хроничен стрес и тогаш веќе почнав да станувам свесна дека носам во себе некој страв. Иако ништо не ми беше јасно и се плашев од паничните напади.
    Но пред извесен период, доста касно дознав дека сум дете земено од дом и скоро 5 години сум била таму, а на тој период не се сеќавам ама баш ништо ни најмал детал. Безразлика што не памтам, откако дознав многу работи за себе почнаа да ми стануваат јасни. Сум го потиснала тој период до тој степен што настанала амнезија, ама потсвеста и психата памтат. Дури и на љубовен план ми се одразува тој период и ми прави сериозни проблеми во наоѓање партнер не е важно како и што, само не знаев каде е проблемот. Веројатно кај мене коренот е во рано детство, што повлекло чувство на неадекватност, страв од напуштање и потешкотија за емотивна поврзаност со другите. Сето тоа создава недоверба, а недовербата хроничен страв. Ако отидам на психолог сигурно уште нешто ќе ми стане јасно, а планирам да одам.
    Поентата ми е дека откако дознав за себе полесно ми е и подобрена ми е состојбата. Сфатив дека сите овие години стравот ме направил по ок особа, иако тешко е да се живее со него на свесно ниво. Колку повеќе се плашиш толку си посвесен за животот и предизвиците. Тоа ме направи поодговорна и многу поамбициозна од многу мои познаници кои тапкаат во место, а тапкаат затоа што не се плашат од иднината, не размислуваат за неа. Затоа се слагам дека стравот како што кажа некој претходно делува позитивно.
    А за тоа дали луѓето стануваат полоши поради стравот мислам дека многу е можно но не кај сите, не постојат правила. Обично е тоа ситуација кај луѓе кај кои стравот е уште заглавен во потсвест и не се свесни за него. Кај тие луѓе има повеќе срам од себе, потајно не се сакаат себе си а тоа влече и страв. И тоа е маскирано во лажна самоувереност до степен на деструкција кон околината. Повеќе се работи за нарцисоидно раствојство по мое мислење, како одбранбен механизам од светот. Обид да се уверат себе дека се подобри од другите за да може да го преживеат својот потиснат страв и срам. Многу е слично на анксиозност, но не е исто мислам.
     
    На Maryy., prashinka, Dashing:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не постои начин целосно да се ослободиме од стравот бидејќи тоа е чуство како и сите останати. Од љубовта можеш да се ослободиш? Не. Не би сакале од тоа да се ослободиме а знаеме дека постои опција да бидеме повредени. Колку што јас имам читано постојат и позитивни стравови како на пример страв да не се изгориме. Се тргаме веднаш од оганот. Тоа барем го сметаат за позитивен страв. А нашиот страв не е реален сами си правме филмови во глава а не знаеме што може да не снајде. Како постојат позитивни искуства така и негативни. Само треба да се гледа напред и да не остануваме заглавени во некое негативно искуство. Конечно ова го сфатив :D
     
    На Stefi_555 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  9. Nice guy

    Nice guy Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво пијам веке 2 ипол месеци цитрам 10мг и многу сум подобар имав панични напади ,но пред 2 3 дена повторно осеќам слабост во десното стапало како трпки да ми фаќа и ептен мало гушење во грлото не осеќам никаков страв само некогаш секундарно ми се качува возбудата како да се губам ама сето тоа трае пола секунда незнам како да објаснам дали може да ми кажете некое мислења.Ви благодарам од срце!
     
  10. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Прифати ги. Само тогаш кога ќе ги прифатиш "возбудите", нема да ти создаваат панични напади.
    Пред 11 год имав по 10 панични напади на ден. Последните ми траеа по еден час со 200 пулс тахикардија и ги преживеав.
    На 200 тахикардија пушев цигара и си визуелизирав дека ништо не ми е. Тој ми беше последниот напад. Пред 11 год. Цел саат траеше. И пред крајот сама си реков -пеер гледаш дека не се умира така лесно?
    А и да умреше немаше ни да знаеш дека си умрела. Колку е сѐ едноставно. Се изнасмеав и засекогаш завршив со паничините напади. А до тогаш имав цели 5 год панични напади. И што повеќе им се плашев толку повеќе ги имав од очекување.
    После 11 год повторно бев анксиозна од зимава, ама без панични.
    Веќе две недели сум 90% вратена на себе без терапија.
    Го имам поминато ова и овој пат беше прелесно. Само два месеци.
    Пролетва очекувам 100% вракање на себе.
    Ако не се изложуваш и не работиш на стравовите, тие ќе те возат кога сакаат.
    За жал така работи мозокот.
     
    На Dashing:), steela.honey и Elenpelen им се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Да се насмееме малце :D
     
    На Mentalna85, SnowWhite8, Milicaakraavaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Koceto03

    Koceto03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Не сум активен одамна на форумов си реков ќе пробам и тука ќе барам помош. Последниве неколку месеци не можам да си средам спиењето на почетокот не беше толку лошо но периодов почнав да имам физички промени на телото и почна само да се влошува тешко заспивам, скокам од сон препотен и после ова настапува аксиозноста и премногу мислење и обвинување за некои работи од минатото. Некој со слично нешто или да помогни во врска со ова?
     
    Последна измена: 16 март 2022
  13. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Те разбирам целосно ;(



    Обиди се со ова многу опушта. Ако немаш лошо мислење за медитацијата, зашто мене ни дијазепами не ми помогнаа во тој период.Доколку немаш лошо мислење за медитацијата можам да ти помогнам во лп и да ти кажам и различни видови кои ќе ти помогнат. Да се научиш како да медитираш зашто јас успеав така и ми рекоа дека многу подобро изгледам сега него кога се плашев. Којзнае колку сум им била чудна.:?:
     
    На Koceto03 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anastasija997

    Anastasija997 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Можно е, јас после шолја турско кафе ми почнаа првите напади, а се знае дека кафето е најголем тригер за анксиозноста, јас се одреков од цигари, алкохол,кафе,, но еве некни после 1 месец прекин на АД, имав напад стигнав до брза помош, што значи иако не конзумирам кафе еве пак имам епизоди, пробај, секој организам е различен :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Машки
    Како можеме да помогнеме на лице кое страда од анксиозност? Наведете ми примери, ве молам...
     
  16. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Мене највеќе ми помогна медитацијата и тоа на сите им го кажувам колку што можеш да видиш. Али секој различно си се снаоѓа и си бара начин кој него највеќе му одговара. Мислам дека највеќе зависи од што настанала таа анскиозност. И дека нема универзално решение. Зашто на пример мене некој кога ќе ми кажеше иди работи дома и миј ги садовите или чисти сакав да го задавам :devil:
     
    На etoile му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maryy.

    Maryy. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Медитација, разговор со блиска личност, одвојување време за себе, пешачење, гледање видеа на познати и непознати life coaches, дружба со пријатели...
     
    На ушко му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anastasija997

    Anastasija997 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Сакам да ги прашам оние кои прекинале со АД или сите оние кои имаат анкс и напади..
    Пред 1 месец престанав со АД од вчера ми се јави некое како грчење на срцето, лога се движам ми трпнат и рацеве и лицето, а сега веќе две ноќо неможам да заспијам ми е страв имам благи напади осеќам трпнење во рацете и главата, пијам дијазепам по потреба, инаку АД преќинав сама(иако психијатарот ми рече дека не смеам даги прекинам) дали ви се случувало да ги имате истите симптоми?
     
  19. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Може сите различно добиваат некакви симптоми откако ќе ги прекинат АД според твојава ситуација. Еве јас едно време ги прекинав на своја рака исто зашто ме фатија кризи дека многу ме имаа здебелено и почна да ми тежи главата без нив. После се освестив дека не можам уште без апчиња да функционирам и продолжив да ги пијам. Тогаш ми прекина таа тежина што ја чуствував.
     
  20. Hanaaaaa17

    Hanaaaaa17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    22
    Знае некој која е цената на лекот Зепира?