Jas pocnav so terapeft mi rece deka stanuva zbor za socijalna anksioznost oti sekogas koga sum so lugje nadvor mi se slucuva istoto. Ednostavno ne mozam da se opustam, pocnuva da mi mesha vo glvata, sedam kako na bocki, sakam da izbegam, mislam ke se onesvestam… i neprijatno cuvstvo sekako. Mi rece sekoj den da vezbam so dishenjeto, i imam edna aplikacija za meditacija. Mi rece da obrakjam vnimanie na mislite sekogas pred da izlezam so lugje I da gi zapisham. Naredenata nedela imam pak sesija pa ke vidime. Nekoj iskustvo so ova?
Дали ви сс случува при напади на анксиознист да ве боли под левата лопатка и се шири накај градите. Имам чувство како срцев удар да ќе добијам
ЈАС. Јас уште од дома се спремам како лошо ќе си поминам и колку лошо ќе ми биде и нормално телото си се брани преку симптоми. Барем така ми имаше кажано некој. Ама не можеш со сила да го натераш мозокот на позитивно, барем јас не можам. Обично секогаш јадам пред да излезам и обавезно благо каснувам за да не мислам дека ќе ми се слоши.Ако немаш проблем те молам да ми ја кажеш апликацијата за медитација за да видам каква е и да ја испробам. Јас долго време медитирав и се научив како треба али ако има нешто ново во врска со медитирањето би сакала да го знам. Само што мене не ми помага баш медитацијата за излегувањето, таа ми помогна за скроз друго нешто и има премногу за тоа да кажувам и да не досаѓам цело време.Заклучок: самите си правиме да си се осеќаме лошо. Ако сакаш подетално пиши ми во лп.
Понекогаш мислам дека сте ботови вие што пишувате во темава, а сега ќе ви кажам и зашто имам такво мислење. Некаде го пишав ова ,, во реалниот живот нигде ги нема добрите луѓе на фемина кој се спремни секогаш да помогнат на некој’’. И ми рекоа дека се интроверти. Зашто во реалниот свет си копате гроб еден на друг и тука се жалите како ништо не е во ред со светот? Гледате самите ние сме си криви за вакви состојби. Тука сите си помагаме едни на други, а во реалниот свет некои се натпреваруваат кои поголема штета ќе ми нанесе и се прават дека не разбираат што е анскиозност кога ќе кажам. Многу сум лута. Не сакам ова некој да го сфати како навреда. Ама така е. Кој како сака нека го сфати ова али не можам веќе ова да го поднесам да го гледам.
Здраво, некој искуство со пароксетин, досега пиев зепира па зепира хр и сега ми смена докторот на пароксетин..дали е во ред вака наеднаш да ми ги промени???
Во ред е да смениш терапија. Мене кога нема да ми одговара некоја терапија ми ја сменуваа веднаш. Мислам да не бараш искуство за некоја терапија и не знам зашто другите бараат ама ајде. Зашто на сите не им одговара иста терапија. Кај секого различно. Види тебе дали ќе ти одговара. Зашто јас имав некои последици од некои апчиња што ги пиев. А некои се фалеа со нив. Затоа според мене е да не слушаш многу друго мислење во врска со апчињата.
Dashing убаво ти кажа. Најголемата грешка, и сосем непотребна е кога бараме мислење за терапија, а истата е апсолутно индивидуална. Само ќе си докомплицираш со автосугестија. Можеби Пароксетин ќе ти делува беспрекорно, а ако некој ти каже дека му било прелошо, ќе почне и тебе од сугестија. Не знам како не сфаќате колку е моќна сугестијата и дека со размена на мислења за терапии на форум само си штетиме дополнително. За алтернативи и слични помагала супер е да се дискутира, ама за терапии само со стручни лица е паметно да се консултира. Често ги гледам некои членови даваат совети за терапија, прекинување на истата, како со еден член со седативите, некој му одговорил лесно е, најнормално ќе си ги откажеш, што некои членови може да ги наведе да си ги прекинат на своја рака и после да не знаат како се викаат. Сите не сме исти, не секој исто реагира на една терапија и повлекување од истата, а она за кое треба да сме свесни е да бидеме екстремно одговорни за информациите и советите кои ги делиме, зашто на душа може да земиме некого. Ако толку сакаме да делиме совети ајде прво да студираме медицина! Земај си онака како ти кажал психијатарот, а ако нема подобрување консултирај се со него, е најумното нешто што можеш да го направиш.
Дури сега видов дека сум пишал зепира и зепира хр а мислев на Занфекса ХР... И од занфексата ми беше убаво.. Незнам дали да си продолжам со нив или да го послушам докторот?
Ве молам, толку ми е лошо немам со кој дљ зборам. Сите ми велат дека сама се си правам, а штотуку дознав дека друштвото од дечкото, пуфкаат марихуана. Се тресам
Убаво ти кажале. Не можеме ние да го воспитаме дечко ти. Најди си друг дечко што нема да ти прави стресови.
Колку знам овде нема ниеден психијатар кој би ти одговорил што да правиш, а и да има во канцеларија се оди за тоа, прописно. Извини за иронијата, ама стварно со вакви прашања, не само Ти, (гледам е норма за многумина), се деградирате и вие и медицинската професија. Еднаш, пред години, направив нешто слично со другарка со која двете бевме на терапии тоа време и си продолжив со терапија по совет од другарка ми, за после месец дена кога отидов на контрола (а ми беше уште полошо) психијатарот да ме направи резил и за малку што не ме избрка, и скроз беше во право. Верувајте, само ние Балканците си играме што ќе ни прдне и затоа е таков каков е Балканот. Како кривично дело стои давање совети за терапија од нестручно лице!!! Дали сте свесни кои последици можат да настанат од истата??? Не знам зошто администрација не брише такви совети кои можат да чинат живот. Претходно видов исто членови даваа мислења дека најнормално си откажале седативи, и истите можат да наведат некој сам да си прекине на своја рака и да не знае како се вика после. Едно е да се дава поддршка и да зборуваме за алтернативи и слични помагала, ама да си играме психијатри, НЕ НИКАКО! Жал ми е што сериозно не ги сфаќате лековите и си играте со нив како вас ќе ви текне, а истите колку што помагаат, ако се злоупотребуваат и не се земаат прописно, можат да направат хаос од вашиот мозок! Буквално психијатарот ми рече -биди среќна што си жива, зашто терапијата која си ја земав по совет од другарката не одела со другиот лек од психијатарот кој продолжив да го земам и вистина многу ми беше лошо. Оттогаш парацетамол не земам додека не се консултирам со доктор и научив дека едно апче за кое си велиме обично ние Балканците, еее едно апче ништо не е, или па убаво ми беше и со него, може да нѐ чини многу! Што толку те плаши ова што го прашуваш овде да си го прашаш него? Сигурна сум дека сѐ би ти објаснил. А ако не ти објасне, барај си друг. Наше право е за сѐ да бидеме информирани за нашето здравје и терапијата која ја земаме. Јави се и прашај го.
Разговарав со докторот и ми вика дека мора да ги пијам сега овие во наредните 3 месеци, за после тоа пак да се вратам на зепира уште најмалку еден месец, а потоа и пополека да ќе ги намалуваме и за скроз да прекинам... Сепак ќе го послушам он сигурно знае што е најдобро.