Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.492
    Пол:
    Женски
    Нервниот систем ти прави да ги чувствуваш посилно нормалните функции на телото. Не е реткост со анксиозноста. Ко ми беше најлошо имав константно чувство како да ми врие крвта, цел крвоток по вените го чувствував, срцето го гледав на блуза кај што чука, ноќе се будев со чувство на ситни игли по телото.
    Само терапија, психолог и психијатар ми помогнаа тогаш. Тие физички сензации не поминуваат сами од себе, мора да разговараш со некој, само полошо ќе ти е од паниката ако оставиш така.
     
    На Marina Menkovska, Mentalna85, macedonia01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. macedonia01

    macedonia01 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Во право си вака живеам со години и ме мачи тоа јас цело време мислам дека нема лек за тоа не се осуди да кажам на психијатар не знаев како да објаснам за други состојби сум одел но никогаш за ова не сум кажал но сега осеќам дека морам да отидам и закажам да слушнам негово мислење понеделник одам барам упут за психијатар
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Па зашто е опсесија затоа ти иде да го откинеш! Мисли малку рационално.
    На кого не би му идело?? Да бидеш опседнат со капакот 24/7 ќе уживаш во тоа, ти се молам?
    Тоа е тежок ментален дискомфорт!!!
    Па со секс да си опседнат толку и ќе ти се згади, а не со баналности.
    Да, истите чувства ги имав со косата како тинејџерка.
    Доаѓаат со тешка напнатост, нервоза, како во жешок котел кој вари да ме имаат ставено, и се тоа само поради банална мисла со косата. Дека имам коса на мене.
    Па ја пипкав со саати, ја тегнев ја пустев, па зошто е ваква, па зошто е таква, не можев да учам, само во косата ми беше умот.
    Првата мисла кога се будев беше косата, кога легнував исто. 24,7 цела година, и исто ми доаѓаше да ја откорнам, запалам, гризев заби од нервоза од опседнатоста, и тоа беше клучно да одам на психијатар, а после и психологот ми рече и да ја ишишаш нула, пак ќе ти е умот таму додека не почнеш да работиш на оваа болест која ќе ја имаш цел живот, некогаш на периоди поинтензивно некогаш ќе се стишува, ама стално ќе е тука.
    "Излекувањето" се состои во пренасочување на баналните опсесии во продуктивни.
    Најдобро -учење јазици, плетење нешто, правење нешто со раце, сѐ што бара големо внимание и екстремна деталност, оти ние опсесивните го имаме тој сенс, затоа и се опседнуваме.
    И со годините се учи да се препознаваат новите епизоди и да се оставаат да лебдат низ мозокот без да им се дава внимание, колку сакаат нека доѓаат со чувства и немир, кога веќе ги знаеш што се, ги пушташ, не ги храниш со внимание и исчезнуваат многу брзо, а ти си фураш со добри опсесии кои ти го прават животот квалитетен и си среќен што си научил да се справуваш со оваа воопшто не лесна болест и уште можеш да им се наоѓаш на такви како нас да им помагаш.
    Животот, секоја состојба /болест/проблем го прават само уште подлабок и поквалитетен ако научиш да го извлечеш најдоброто од нив..
    Ако чекаш да станеш "нормален" или ако им завидуваш на другите оти го немаат тој проблем па демек повеќе уживаат од тебе и си кукаш врз сопствената судбина, само си губиш време, оти такви "нормални" луѓе не постојат!!!
    Секој има некаква "лоша" страна која не му дава мира во нешто и радо би се ослободил од неа само да живее целосно среќно, ама вистината е дека додека сме живи ќе ги имаме тие страни оти сѐ така функционира во бескрајот, "добро /лошо" , и кога ќе научиш да ги прифатиш и двете, ќе увидиш дека не се ни добро ни лошо, него дека се совршенство заедно и многу поспокоен ќе бидеш.
     
    Последна измена: 27 март 2022
    На Skorpija12, Marina Menkovska, macedonia01 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. macedonia01

    macedonia01 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам за овој исцрпен одговор што се обидуваш на секој можен начин да ми помогнеш ти благодарам од срце за се што напиша си во право ќе си отидам на психијатар и ќе си барам помош вака не се живее со ова
     
    На Marina Menkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    15.981
    Пол:
    Женски
    Како сте со времево денеска?
    Јас сум зашеметена.
    Се тресам, се ми е чудно, се гушам
     
  6. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Уживај, не ме исцрпуваш, се пошегував погоре кога ти реков за заблагодарувањето ко со дете, зашто си многу млад ваљда?
    Која е поентата на искуствата ако не ги споделиме и помогнеме некому со истите...
    Најди добар психијатар и кажи му го сево ова, ако е добар сигурно ќе знае за што се работи и ќе ти помогне.
    Може да попримаш терапија некое време ако ти е многу лошо, обично даваат Асентра или Анафранил во комбинација со некој седатив, ама тоа е одмор на кратко.
    Ова растројство бара многу работа со психолог и инвестирање во твојот интелект, зашто само така ќе го разбираш и држиш под контрола и паралелно ќе ги трансформираш баналните во продуктивни опсесии.
    За жал или за среќа ова растројство го имаме цел живот.
    Битно е да сфатиш и прифатиш дека нема лек кој ќе направи да исчезне засекогаш, ама ако си паметен ќе почнеш да го разбираш и да правиш чуда од својот опсесивен карактер по добри нешта.
    Исто е како со анксиозноста.
    Разликата е што ОСД или чисто О го тортуризира пациентот со побанални теми и теми кои не се поврзани само со болести, грижа и смрт како кај анксиозните.
    Анксиозноста во нејзиното фундаментално е исто опсесија од која тие кои страдаат не можат да се отарасат лесно од стравовите и грижата без разлика што најчесто не ни има реална причина, кај ОСД то се истите стравови, сензации и ментален дискомфорт само со подруги теми.
    Анксиозните мислиш немаат компулсии?
    Што е по сто пати мерењето притисок или правењето тестови за одредени болести со цел кратковремено да се ослободат од стресот, а и покрај добрите резултати пак не можат да се смират и едноставно имаат потреба да се тиштат и стравуваат.
    Зашто мозокот се навикнува веќе на нивната состојба и многу е тешко да се смени мајндсетот отпосле.
    Анксиозност и ОСД се многу тесно поврзани, ОСД е гранка на Анксиозност и често едното може да начне друго и обратно, поготово кај тие кои имаат веќе генетски пр за ОСД.
    На психолог се учи да се смени мајндсетот и да се разбива ирационалното со рационално.
    Друг начин нема.
    Може да се потроши цел живот во верување дека земјата ја движат китови и да се преплашуваш од истите, а вистината е дека не е така.
    Вака работаат овие растројства, и терапиите ќе ти помогнат на кратко да се одмориш.
    Ако не работиш на себе, "китовите" секогаш ќе те плашат.

    Оди на психијатар/психолог, и те чекаме во иднина со добри вести.
    ❤️
     
    Последна измена: 27 март 2022
    На Marina Menkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.659
    Допаѓања:
    39.520
    Пол:
    Женски
    Ко прво не е сѐ анксиозност...членов што пишува најверојатно има оцд, а може и нешто сосема трето, не сум психијатар ниту вие сте за да носиме заклучоци. Знам дека имате добри намери, ама некогаш советите можат само полошо да направат. Плус не може да му викате не мисли на тоа, да беше толку лесно немаше да страда со години.
    @macedonia01 искрено не знам како до сега не си побарал помош, но добро, што е тоа е, сега ќе си одиш на психијатари ќе си ја земаш терапијата што ќе ти ја препише. Тоа не е отров туку апчиња што ти ги менаџираат симптомите. Ваљда не сакаш да пиеш апчиња зашто веќе живееш со стигма, ама тие апчиња не се ништо поразлични од таблети за други болести.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Ниту јас ниту никој друг пред тоа не му напиша да не оди на психолог / психијатар или пак да не зема терапија ако му е неопходна.
    Лично, му ги објаснив сите можни симптоми на растројството и третирањето на истото како лице кое ја има таа дијагноза заедно со анксиозноста, за во случај да го поттикнам да преземе конечно чекор и да оди таму каде треба да оди.
    И на крајот фала богу, сѐ може да биде, има толку многу слични, скоро идентични симптоми, а во суштина да е нешто друго.
    Лично звучев убедувачки и расправав најмногу за неговиот сомнеж дека новата опсесија можеби не е тоа, оти за претходната имал и компулсии и ова го плаши дека е нешто посериозно, а самиот кажа дека има дијагноза ОСД веќе 9ет години.
    Со цел да го отплашам да побара помош, зашто навистина постои и само "чисто О" без воочливи надворешни компулсии, иако во секое растројство постојат компулсии колку и да не умееме да ги препознаеме, во спротивно би уживале во истото, ама овој термин "чисто О" се употребува за опсесии кои немаат превидливи компулсии, а сигурно постои некаква за ослободување на дискомфортот, затоа и многу психијатри не го ни делат како осд и чисто о, него муабетот ми беше да побара помош, а притоа да го упатам ако веќе биде дијагностициран повторно со истото да почне да работи на правиот начин за справување со ова, и не зашто имам против терапија и пиење таблети поради стигма или зашто можеби верувам дека се штетни, него зашто за ова растројство исто како и за анксиозноста ефективна терапија на долги стази НЕ ПОСТОИ.
    Не постои содржина и на нет каде не го пишува ова или професионално лице кое ако е искрено нема да ви го каже ова.
    Секогаш велам камо шизофренија да имав или биполарно, па и хронична депресија, цел живот ќе си бев на терапија и ќе си функционирав ок.
    Зашто за нив постојат супер терапии кои им го прават она што мозокот не може, а во овој случај мозокот може најнормално да функционира биолошки, а лицето страда и ниедна терапија неможе на долги стази да му ја држи под контрола.
    За ова треба да се засукаат ракави, а дотогаш ако е неподносливо, терапија секако дека би олеснала симптоми.
    Се надевам дека ќе оди на психолог прво, а после и на психијатар ако го препратат, (така оди редот) и дека ќе биде добро со што и дијагноза да е.
    За среќа во овој век имаме многу повеќе помагала од било кој претходно.
     
    На Marina Menkovska и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. macedonia01

    macedonia01 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    За сега пишав на платформата за психолози да го слушнам нивното мислење за мојата состојба, здравје од утре се упатувам кај матичен за психијатар и да видиме што ке каже дали има дијагноза за оваа болест јас сеуште незнам и не сум сигурен дека силните чуства за одреден вид на телото кои преставуваат проблем нервоза вознемиреност спаѓаат во овие состојби што ги наведувате, мене ме мачат чуства не мисли тоа е сосема друго сепак ке оставам стручно мислење да ја каже дијагнозата јас овие чуства силни не ги поврзувам со окн и со опсесии тоа е мое мислење
     
  10. macedonia01

    macedonia01 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Јас се плашам од тие лекови мислам ќе ми се влоши состојбата и мислам дека ова што го чуствувам јас такане се лечи имам чуство дека такатреа да њивеам со тоа, на никој до сега не се осмелив да кажам се плашев како ќе гледат на мене но веќе неможам да се измачувам вака само сакам да знам што е тоа што се случува со мене зошто сум збунет
     
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Цела дебата се отвори, поточно јас ја отворив на големо, зашто во првиот пост пишуваше како појма да немаш што ти се случува, а кога изнапишав ферман со симптомите кои би укажувале на ова, рече дека имаш ОСД веќе девет години и дека овој пат новиве симптоми со чувства не ти изгледаат како тоа.
    Ако си веќе дијагностициран со ОСД, а веројатно си, чим велиш дека го имаш, (ја не би рекла нешто дека имам ако го немам на потврда), треба да знаеш горе долу како одат нештата, и цела дебата ја продолжив и се изнапишав зашто упорно не веруваш дека ОСД или чисто О немало чувства и сензации него само мисли, што е апсурд.
    И анксиозноста немаше да биде толку мачна ако беа само празни мисли, него се мисли со чувства, стравови, сензации и што не.
    Членката @Angie1432 е сосема во право кога вели дека нема потреба од сите овие објаснувања и совети, без разлика што сакам да ти помогнам, а пред сѐ ја раздолжив до олку за да ти појаснам дека кога веќе си дијагностициран со ОСД растројството, истото знае да "вози" со многу разни опсесии и различни симптоми, за да не се вџашуваш дека ти е бог знае што, и да си одиш таму каде треба без страв и срам.
    Значи оди, побарај си помош и работи на себе.
    Што и да е на крајот и да не сум воопшто во право дека е сепак О, решение ќе има сигурно.
    Лекарствата не наштетуваат повеќе од тоа колку што самово растројство ќе ти наштети ако не го третираш и ќе те дебилизира во секој сегмент.
    Искрена сум само дека не помагаат на долги стази во овој случај како што помага психотерапија, и истото го пишува секаде, а дека наштетуваат во никој случај не наштетуваат!
    Правец таму каде треба и сѐ ќе биде подобро и те чекаме со убав пост наскоро.
     
    На Feminka22 и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Не кажуваме зашто многумина се срамат од содржината на симптомите (опсесиите), не е така едноставно да кажеш за толку бизарни или банални опсесии и те разбирам многу добро, ама за жал со криењето само ја влошуваме состојбата многу повеќе.
    Еве од сите нас имаш огромна поддршка да одиш и да си кажеш сѐ што те мачи.
    Психолози/психијатри што сѐ не слушаат, ти се молам.
    Нема да бидеш ни прв ни последен со кажаното, верувај.
    ❤️
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macedonia01

    macedonia01 Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2022
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Сум посетувал многу психијатри но никако не ми паднало на памет да кажам за ова ми е срам, мислам дека нема да ме разбере и ќе ме направи ненормален , јас си мислам така дека не може да ми помогне и дека за прв пат се среќава со тоа мислам вакво нешто го нема во медицината како дијагноза ќе изгледа бизарно и чудно, пишав на една бугарска страна за состојбата таму имаше жена психолог чудно и беше не знаеше да ми каже за што се работи ме прати на психијатар и веќе мислам дека сум единствениот на светото со ваков проблем како што мислев до сега сиве овие години
     
    Последна измена: 27 март 2022
  14. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Zosto si odel na psihijatar koga ne si kazuval sto te maci,
     
    На Marina Menkovska, Feminka22 и Mentalna85 им се допаѓа ова.
  15. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Ми го зеде зборот, истото ќе го прашував!
     
    На Marina Menkovska, Feminka22 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.505
    Допаѓања:
    115.001
    Пол:
    Женски
    SmartSelect_20220327-213414_Chrome.jpg
    Закажи кај психијатар.
    @Feminka22 ај те молам немој со моќта на потсвеста и останати книги. Се имам испрочитано само повеќе тонев. Анксиозност и повррмрна криза не е исто. Кој не осетил не знае. Да се лечеше анксот со книги и видеа немаше да има психијатри, психолози, терапии.. Анксиозноста не е вирус ни бактерија да ја излечиш. Живееш и ја контролираш. Имаш периоди светот можеш да го свртиш, имаш периоди кога самото станување од кревет ти е достигнување.
     
    Последна измена: 27 март 2022
    На S.W.A.G, Feminka22, macedonia01 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Треба и психијатарот да ти се погоди не е баш така. Треба опуштено да се осеќаш и се да можеш да кажеш. Една жена на почетокот каде што идев ја мразев од дното на душата и едвај чекав да си идам од таму.
     
    Последна измена: 27 март 2022
    На macedonia01 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да ти помогнам и да те охрабрам да одиш таму каде треба, ама истовремено ме иритираш со контрадикторности и ме начна да изнапишам томови писанија за да ти разјаснам дека опсесии се опсесии со или без надворешни компулсии, ако ќе станува збор само за тоа во твојов случај, тоа стручно лице ќе си го потврди, и ич не ми си јасен кога велиш дека имаш ОСД девет години, а ова е нешто сосема ново и многу чудно и срам ти било да зборуваш со психијатарот за ова.
    Па какво беше останатото ОСД од ова чудново со чувства?
    Секое осд е со чувства и најчесто со банални или бизарни теми.
    Те разбирам дека ти е тешко, знам колку е тешко колку и да звучам сега дрско, сум поминала низ истото, и мене ми беше срам тогаш со косата и мислев дека само јас ја имам најбизарната болест ама дојде ден кога претече млекото и отидов и кажав сѐ.
    Психијатарот ми рече дека многумина го имаат дури се насмеа за да ме расположи и сѐ беше поинаку отпосле.
    После продолжив со психолог, сѐ ѝ кажував, буквално сѐ, најбизарните мисли и ургенции кои ми доаѓаа, и самата ми рече дека мислите, стравовите или ургенциите се едно те исто, содржината не е битна, болеста е тоа и се работи на нејзе.
    Многу е битно да се најде правото стручно лице, факт е дека не сите се добри и можат прецизно да дијагностицираат и лекуваат.
    Потруди се да најдеш некој добар, прашај ги членовите ако знаат некој, и се ќе биде подобро.
    Џабе ја тегнеме овде, поготово кога многу нешта не се јасни..
    И друго е кога ќе имаш нова потврда со дијагнозата (ако е тоа) и има тема само за осд на Фемина видов скоро и ќе си споделувате искуства.
     
    Последна измена: 27 март 2022
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    15.981
    Пол:
    Женски
    Дали разликата е само производителот?

    bedoksin-20mg-aptekibruno.jpg

    vitamin-B6-alkaloid-aptekibruno.jpg
     
  20. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.