И јас ги сакам журките али сега се изгор за жал. Освен тие обичните..Koга беше voyage кај нас сум седела на клупа за да го слушам и врнеше надвор. Ама мојата љубов спрема него е голема. А и некој концерт ретко кој не е скап. Се нервирам што се покачија ама тоа е Дури ќесите станаа трагедија... а замисли нас колку пари ни идат за лекови и да не се на рецепта, страшно..
Сон не ме фаќа мене вака со вас ми е подобро тука да си пишувам, јас само гледам читам истражувам по цел ден по нет само како да се фокусирам на. нешто друго се трудам да не го приметувам тие чуства
Да не грешам душа ама колку што треба да ги помагаме и мотивираме, толку треба и да ги избегнуваме анкциозните луѓе
Уххх таму е не дај боже, знам. И овде доста работи поскапеа после Ковидот, ама платите ги покачија доста и всушност исто е. Јас сум одамна надвор и скоро да заборавив како беше пред 10 год кога заминав, а сега моите ми кажуваат дека е уште полошо. А психијатрите со фонд што работаат исто покачија цени или уште е таа некоја симболична ниска сума? На времето знам дека не беше скапо, некои 100 ден да не беше? Веројатно само тие останаа најефтини таму, а турени се од работа. А приватно колку чини час со психијатар таму? Овде се доста солени.
Каде што идев на психолог плаќав 2000. А каде што идам сега на психијатар,не знам зашто мајка ми плаќа. Не седам толку кај психијатарот. Највеќе пола саат седам и скоро секогаш гледам да бидам среќна за да не ме дави.
Правите што сакате, доста се потрошив овде денес. Се префрлам во тема за брчки, од зимово имам нови неколку брчки и сакам да ги решам. Убава забава ви посакувам, а тебе убав помин кај психијатарот.
2000 не се малку за тој стандард таму ако е за час. Е па затоа многу Македонци немаат навика за психолози. Психијатрите со фондот се најефтини.
Ќути.. Знам. Него, нема активна тема за брчки. Овде го забранија чистиот третиноин - Ретинол кој беше мелем за брчки, ботокс не му беше рамен! Можеше да се купи во аптека за смешни пари и беше нешто најефективно за брчки, сега го тргнаа, демек бил штетен..
Не се разбирам во тоа јас уште сум малечка Да прашаш некој од модераторите во категоријата лице? Ваљда се разбираат чим се модератори таму..
А вие сте анксиозни или само така си дадовте мислење? Ако сте анксиозни не знам колку би ви било убаво да ве избегнува некој...
Со мајка ми се чув денес, и она беше многу лошо. Рече времето се стоплило нагло и доаѓал бран со прашина од Африка. Во четврток ќе било најлошо. Тоа време е убилачно за секого, не пак за анксиозните. Плус самата пролет е голем тригер за анксиозност и носи рецидиви исто кај тие кои веќе ја имале. Психолог ми има кажано дека почеток на пролет е најанксиозен период од годината зашто сѐ се буди, меѓу кое и она што е скриено во нас и навидум е мирно. Сите се надвор, се слуша џагор од секаде, денот трае подолго.. Кога страдав од анксиозност, овој период ми беше смрт. Земав многу магнезиум, б комплекс со фолат(б 9) многу вода, здрава храна воопшто, возење точак и гледање со исклучиво драги луѓе кои ме смируваа додека не се адаптирав некаде кон Мај. Тогаш веќе можев да дишам. Исто, земајте камилица чај навечер пред спиење, ако најдете природна од пазар уште подобро, делува како природен седатив, поттикнува сон и ги јакне габа рецепторите во мозокот кои се задолжени за чувство на мир, задоволство и добар сон. Мора да се инвестира во здрави навики.
Имам прочитано на интернетов, а претпоставувам и дека од тоа што го прочитала членката дошла до таков заклучок. Луѓето мислат дека анскиозните луѓе и не само оваа психичка болест и било која друга е штетшна за луѓето. Ама не сфаќаат луѓето повеќе они ни штетат нас отколку ние нив.
Спирулина не се зема со антикоагуланти и лекови за авто имуни болести. Со антидепресиви/седативи нема проблем. Слободно, и на нет пишува.