Никој нејќе да е сам, понекогаш потребна е поддршка, ама понекад треба да знаеш да ги отераш у п.м., да кажеш кој ве е*е, и да тераш даље. Битно е ти сам себе да се разбираш, да се самопознаваш и да препознаваш у која форма тебе ти се јавува анкциозноста.
Нема зашто да се трудиш да разбереш. Едноставно се такви. Јас имам малку потежок период, се надевам после викендов ќе олабавам, ама јас не се жалам и не кажувам на сите анксиозна сум, вака ми е онака ми е. Си наоѓам начин да канализирам стрес. Елиминирам тригери, избегавам негативни луѓе.. И не се осеќам крива ако кажам не!! Стави се прво ти , твојата среќа, твојот живот ( знам дека е тешко се борам и јас, падни-стани), ама не можеме да одиме на секој по кејф..
Али другарството е такво треба да постои компромис. Ама очигледно другите имаат друга дефиниција за другарство…
Не можеш да очекуваш некој кој нема поминато и е неписмен за психолошки состојби да те разбере. Ни родител ни пријател. Тоа ако мислиш дека некоја која во живот нема осетено како е да имаш напад на паника, како е да имаш напад на анксиозност, ќе те разбере се лажеш.
Погрешно си ме сфатила. Јас напишав дека личности што поминале низ вакво се преправаа пред други дека не ме разбираат. Затоа кажав дека не можам да ги разберам..
Е тоа да видиш.. Стигма е чудна работа. Се срамат, табу е. Идат на бајачки место на психијатар или психолог.. Менталитет.
Јас по паметот на другарката место на психијатар отидов на бајачка. Демек нејзе и помогнало. Абе страшно што да ти раскажувам. Место на време да превземев нешто јас идев по глупости. Ама ете памет за друг пат. Дури една и на гравче ми гледаше по предлог на една феминка. Поарно да не знаеш што се не правев. Човек од очај на се ќе поверува дека помага. Али единствениот лек е во самите нас. Нашите мисли треба да научиме да ги контролираме. Да не не навладеат негативните мисли. Тоа е целата поента. Фала богу на крај сфатив се.
Си правела она што си мислела дека е најдобро во тој момент. Нема зашто да се срамиш и каеш. Сите сме барале чаре да излеземе од ова.
Мене само не ми е јасно кога ќе престане да биде ова табу тема кога пола фемина има ваков или сличен проблем на овој?
Ти со вакво нешто и вака да размислуваш сега се чудам што мислење имаат тие за мене што никогаш го немале ова
Не бре зашто лошо. Со затуцан народ овде очекуваш некој да те сфати дека имаш состојба со која се бори секој 5ти жител на планетава?
Не се замарај со другите, гледај ти да си се оправиш. Знаеш како викаат Нема нормални има само непрегледани...
Еден период превише се замарав со ситници и кога и го кажував тоа на докторката кој што направил и кој што рекол и ми рече: сите сме малце фалични не можеш така да гледаш.. Па ако подразмислиш малце секој си има некаков проблем само што на пример не досаѓаат многу со тоа.. Не се како јас секој човек да го давам али ок сега сум океј фала богу.. се надевам дека пак нема да имам некои кризи ќе видиме дали ми е стварно поминато или период е..