Дечки, дали дијазепамот помага за да ти го смири срцето и вртоглавицата? Од тоа паника ме фаќа уште толку и мислам ќе пукнам.
За смирување е дијазепам.Ама дали ќе помогне за вртоглавица не знам. За срцето да.Легни само Напиј се лимон и легни, помага
Нов сетбек вчера, веројатно од автосугестија поради потсетувањето на пролетта кога ми почна прв пат. Бев на психијатар. Ми рече да почекаме за терапија. Нешто што прв пат го чув денес од него е што прави селекција кои пациенти можат да поднесат антидепресиви а кои не. Некои рече имаат многу сензитивна психа природно и ад само дополнително ќе им ја досензивира и дава многу контра ефекти кај истите без резултати. Тие што не биле добри подносители на ад им препишувал мали дози на антипсихотик. Сетбековите ми се нешто најодвратно! Не можам да се изначудам како можеше да паднам толку после 3тата вакцина. Се прашувам дали можда прележав и Ковид асимптом. и ова е резултат на последици. Цела декада имав заборавено што е анксиозност! Не е фер!
Жено, ти си цар! Еднаш си ја зафркнала, ќе ја зафркнеш пак.Стегни заби, позитивни мисли, да се кае шо пак ти тропнала на врата
Леле реално и јас си викам а што кога ќе дојде август, месецот каде започна се. Ама се држам, немам толку напади колку што имав пред тоа. На плодните денови ме јадат негативни мисли и тогаш имам напади, и толку освен ако не ми се врате некој флешбек или па имам некоја ептен стресна ситуација каде после неколку дена ме фаќаат напади, ама гледам ич да не ни запаѓам во такви ситуации, се учам да мислам позитивно и да си зборувам со психата и да се карам со неа хахахаха ама реално некој ќе помисли сум одлепила
Ти благодарам драга на поддршка, ма знам дека можам, само криво ми е што се залежав толку, и колку и да ми потврдија дека вакцините можеле да направат некоја промена на рецепторите при сензитивни пациенти со историја на анксиозност, сепак мислам дека немаше да го добијам ова ако бев поактивна. Поради Ковид работев онлајн скоро две год и адаптирањето на раб место скоро ми врати чувства како кога се запишуваме на факс, првата анксиозна епизода како тинејџерка, буквално се осеќам како прв пат да почнувам на работа. Се навикнав да спијам до покасно, да лежам по дома и многу е лошо навистина. Минатиот месец бев супер кога се раздвижив, од завчера пак паднав преку ноќ буквално. Со интрусивни мисли, лоши спомени, лажни мемории или нешо шо сум го слушала од други и ми се врти во глава по цела ноќ. Спијам ама будно, она срце ти спие ама не спиеш, како полу буден, со некакви бизарни соништа. Сношти сонував како ми истекол мозокот од увото. Си одев по пат и наеднаш почна да ме чеша увото, почнав да го чешам и почна да прска некаква течност. И си реков ова беше мозокот сигурно. И после си помислив па нема да бидам ни анксиозна повеќе. Уште подобро.
Да, од Фајзер ги зедов сите три. И всушност тогаш ми почна, пред месец и кусур. Бев таму, ми рекоа дека кај млади имала ретки нес ефекти како перикардитис/миокардитис и повлекување на некои рецептори во мозокот и истото предизвикувало состојби како анксиозност, несоница и сл. Ама било привремено, ми рекоа да не се секирам. Дали е од вакцината или од што се залежав и самата Ковид состојба си ја разбуди старата љубов.. Без причина не е. Патем ми рекоа дека посебно ранлива група се оние кои се одвикнуваат од некакви медикаменти. Ако се во период на апстиненцијална криза со спуштање од некој лек подобро да почекаат да бидат подобри па да ја земат вакцината.
Не се лоши и не сум никаква антиваксерка да не бидам погрешно сфатена, само ете имаат некои ретки несакани ефекти како и секој лек. Полош е самиот Ковид и повеќе последици остава. Многу луѓе супер ги поднесоа вакцините, ама еве си кажуваат дека е добро човек во добра кондиција да ги земе и посочуваат на нес ефекти. Барем овде каде живеам сѐ ти кажуваат.
Да не мислат дека вадам од памет. Тука во Белгија ви кажуваат за сѐ, за сите можни последици од вакцините. Многу е ранлива групата со претходни истории на невропсихијатриски болести /состојби. Не дека е подобро да фатиш Ковид, истиот дури поголеми последици може да остави. Него да се биде претпазлив и со вакцината ако се наоѓате во ранливата група поготово ако сте на некои медикаменти или се спуштате од нив во моментот. Еве го и линкот. https://www.webmd.com/vaccines/covi...inks-covid-vaccines-to-neurological-disorders
Исто од кортикостероиди и некои врсти на антибиотици можат да се влошат симптомите на анксиозност. Да се земаат само во неизбежни ситуации и да се кажува за вашата состојба на докторот.
Јас примив две дози, прележав корона и пијам апчиња за состојбата. Така да не ги плаши луѓето. Ништо не може да им биде. Еве јас сум мн подобра. Се ќе прочиташ по интернетов.