Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Поздрав девојче,
    На врв ти е анксиозноста периодов и имаш веќе дереализација.
    Тоа се случува кога сме преанксиозни и веќе чувството за реалност ни се поматува.
    Сум го имала многу пати тој симптом порано и обично ми се јавувал при намалување на терапија или како нуспојава од истата.
    Ова се надминува секако. Еден ден дури ќе се смееш на ова, ама не поминува лесно и треба да се работи на ова, буквално да се засукаат ракави.
    Проблемот кај повеќето од нас е што а малку се почувствуваме подобро, или ќе намалиме терапија самите најчесто или престануваме да работиме на себе, мислејќи дека готово завршило.
    На такви периоди се имам зезнато најмногу и после нив уште полоши симптоми сум имала, поготово овој со дереализација /деперсонализација.
    Не сум доктор, али мислам дека не си требала да го намалуваш АД толку брзо. Мислам дека ова се должи на нагло намалување во брз временски рок, зашто си била поприлично анксиозна, ти дошло подобро од ад и одма си го намалила, значи не оди тоа така.
    Ад луѓе пијат со години додека стварно застанеш на нозе. После 6 месеци они го покажуваат целосниот ефект, па се земаат некое време уште после тоа и после се намалуваат екстремно бавно со месеци по 0.1 мг на две недели се ронат буквално трошки, за да не настане апстиненцијален синдром.
    За жал многу доктори не обрнуваат внимание на ова ич, и дозите кои ги кратат се поприлично високи и прават шок на мозокот.
    Од 50 мг да се симнеш на 25 е многу.
    Овде во странство дури во течна форма има Ад за таа намена, спуштање многу бавно капка по капка за да не се предизвика траума.
    Многу сум гневна што некои доктори таму не ни веруваат дека шокот од спуштање е траума за мозокот и баш тогаш настанува најчесто тоа чувство на дисоцијација и дереализација.
    Кога земаме терапија, нашите природни рецептори кои пренесуваат ГАБА во мозокот (задолжена е за мир, спокој чувство на сигурност и добар сон) се повлекуваат во невроните зашто терапијата ја врши нивната работа.
    Кога прекинуваме или се спуштаме нагло со терапија, нашите природни рецептори сеуште се повлечени во невроните и им треба подолго време додека се вратат во функција , е тогаш настанува хаосот и симптомите се уште поинтензивни и дури имаме нови симптоми, зашто нема кој да разнесува ГАБА во мозокот, терапијата што го правела тоа е намалена или ја нема, рецепторите многу бавно излегуваат од невроните пред да почнат со работа и сума сумарум : Терапијата е делотворна само ако се намалува многу бавно додека се вратат рецепторите, поинаку настанува траума!
    Затоа еден куп членови најголемите епизоди ги доживуваат после прекинување или намалување на терапија.
    И во вакви синдроми не помагаат никакви суплементи и додатоци за смирување зашто нема кој да ги разнесува нивните состојки.
    Цела работа е до рецепторите!
    Само бавно и долго спуштање од терапија за да нема вакви поинтензивни симптоми.
    Ова е чисто мое мислење и сметам дека можеби вашиот проблем лежи овде.
    А примерот со рецепторите и терапиите постои како факт и може да си го прочитате на википедија и да му го кажувате ова на докторот ако сака многу брзо да ве спушти и со кратење на големи дози.
    Значи се оди милиграм по милиграм.
    А ако вие сами сте намалиле терапија, сте згрешиле.
     
    Последна измена: 11 април 2022
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anksioznaa234

    Anksioznaa234 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Blagodaram na odgovorot. Odev i kaj psiholog no ne mi pomogna mnogu. Isto taka i psihijatarot sto mi gi prepisa AD samo 5 min razgovor ne me ni doslusuva mi pise apcinja i tolku. Samo mi vika sto se stresiras tolku za ispitite i kolokviumite neli se navikna veke pri kraj si so fakultetot. Bev na kardiolog pri krajot na mart i mi rece deka veke sum preminala vo depresija, da gi otkazam AD i da zemam nesto na prirodna baza i poveke da ne odam na kardiolog sama da se uveram deka nisto ne mi e so srceto. A mene uzasno me plasi toa steganje koe go cuvstvuvam sekojdnevno. Isto taka otkako namaliv so AD se cuvstvuvam umorna, kako celo vreme da mi se spie i nemozam da reagiram na nisto. Sedam doma zatvorena i do fakultetot sto odam, nikade ne mi se izleguva so drustvo, a nemam ni zelba da se sretnam so nikoj. Vo nekoi momenti pak mislam deka dobivam udar, odma stanuvam da setam niz soba, hiperventiliram. Koga izlezam nadvor mi izgleda kako da e mnogu svetlo, poveke od voobicaeno i taa svetlost mi smeta, a nokno vreme koga se razbudam se cuvstvuvam kako da lebdam, kako dusata da saka da mi izleze.
     
  3. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам сосема и исто имав палпитации многу време и колку повеќе се плашиш толку повеќе ќе ги имаш зашто истите ги предизвикуваш со мозокот во овој случај оти срцето ти е здраво.
    Мислата е многу моќна значи неверојатно моќна работа и многу сензации и симптоми си ги предизвикуваме самите преку симпатичкиот нерв , но да ме должам.
    Најпрвин како може кардиолог да ти каже што да правиш со АД, зашто тоа е работа на психијатар и кога стварно имаш проблем природни алтернативни не помагаат, да бидеме искрени.
    Тие се ублажувачи на симптоми.
    За некои од психијатрите јасно ми е колку слушаат и колку внимание посветуваат на пациентите, поготово таму и после сите тие пациенти на редови.
    Многу нестручно се испонашале и обата во твојов случај.
    Јас сметам дека треба да најдеш добар психијатар за почеток кој убаво ќе те ислуша за сѐ и ќе одреди добра терапија убаво да се смириш и дојдеш при себе а после со тек на време ќе најдеш и добар психолог и ќе си работиш на тригерите за во иднина да научиш да ги препознаваш и справуваш полесно.
    Ако ти е полошо сега него кога си почнала со терапијата и си ја намалила мислам дека ти е од наглото намалување, а и не била ни толку погодена терапијата.
    Имам нешто слично доживеано со ад, за 3 месеци ми беше подобро и одма ми го намали еден доктор од 50 на 25 и мислев дека полудувам.
    Изгубив скроз чувство за себе.
    Сѐ што ќе прочитав мислев дека го имам или ќе станам.
    Амбиентот надвор ми беше како да сум во друг град (дереализација) и многу други непријатни чувства.
    Па после друг психијатар ми продолжи терапија и нешто друго ми даде и земав цела година додека се вратив при себе и после уште цела година ги редуцирав трошка по трошка со нокт лупев, е тек тогаш беше добро и се прилагодив одма без да кркам сетбек оти редуцирањето одеше бавно и психијатарот ме пратеше и не ме брзаше воопшто.
    Сѐ одеше со тегнење што се вели, ама затоа резултатот беше беспрекорен.
    И тој ми ја кажа цела работа со сетбековите поради рецепторите.
    Да си најдеш добар психијатар и да земаш терапија некое време е мое мислење, да не чекаш со магнезиум или бедоксин да ти е подобро.
    Кога треба терапија треба.
    Самото мачење и стресот низ кој поминуваш поголема штета прави него било која терапија.
    А кардиологот во странство би одговарал за ова.
    Да ти спушти терапија и уште да ти рече сега си депресивна и земај природно, а токму АД ти треба во случајов.
     
    На Anksioznaa234 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Тоа со светлото и лебдењето со две раце потпишувам дека е од синдромот на повлекување што ти го намалиле АД.
    Чувство како да може секој да ти продре, да види колку ти е тешко и колку си слаба, како гола да си пред цел свет и само дома ти се крие и седи. А дома пак немаш мир.
    Секаде е сѐ различно. Атмосферата нигде не е иста.
    Ни омилените песни не ти ја даваат утехата и амбиентот како порано, како и тие да се смениле.
    Дури светлото од лустерот како да свети повеќе или е сменето.
    Твоите, мислам на блиските, исто ти се чудни... Може и несакани мисли да имаш разни бизарни..
    Знам драга моја, сѐ се ова симптоми на Апстиненцијалниот синдром при нагло намалување на терапија.
    Ама ајде кажи им на докторите таму. Не знаат оти не пиеле па да видат како е нагло кога ќе им намалиш.
     
    На Anksioznaa234 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Пиши ми порака ако ти треба разговор.
     
  6. Katty52

    Katty52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Вака, незнам дали само мене ми се случува ама приметувам дека секоја год, ова време ми се случува да имам преголена анксиозност, исто така и намален притисок. Цело време ми се врти, ми се спие, ми смета многу сонце, како да не сум присутна додека разговарам чудно ми е. Башка незнам зошто значи јас Пред 5 години престанав да читам глупости на интернет, и незнам зошто ме натера ѓавол да отворам пак, да прочитам за хормонален дисбаланс и видов некоо глупости и се исповадив од памет и паничен напад добив, што го пребродив тој период многу одамна и се изборив со анксиозноста. Мака ми е кај низок притисок па уште да си ја замарам главава со глупости.
     
  7. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    Ima t.n sezonska depresija. Na nekoi na esen gi fakja na nekoi na zima I slicno. Za ova procitav na stranata na fb na doktor Mitev ako vi e poznat.
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Сосема сте во право за напишаново.
    Мора и лекови (ако има потреба од медикаменти) и психотерапија, за да се има ефект.
    Не знам за која земја станува збор, но во Македонија прашање е дали има некој што работи бихејвиорално -когнитивна терапија воопшто а не пак терапија на изложување (exposure) која е еден вид на ваква терапија. За жал тука психолозите се обучуваат на свој трошок за одредени видови психотерапија, она што е достапно. Затоа има многу што учеле гешталт, ама од некои други правци нема или ако има се едуцирале вон државава. А инаку овој тип кб терапија со постепено изложување е многу ефикасен за лечење на фобии и стравови.
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Може некој линк од кб терапија? Да видам за што станува збор. Јас имам една фобија за која не знам баш како да се справам. Ама не верувам дека ќе има некое ефикасно достапно решение онлајн.
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Да, Роршахов тест. Чудни се сликите, но тестот си има зошто се прави. Станува збор за тест за кој психолозите/психијатрите поминуваат посебна обука за да можат да го користат.
    Не е вистина дека секој психолог го дава уште одма од прва посета. Ако не е обучен да го прави или не го користи во својата пракса, нормално, нема ни да ви го даде.
    Сликите колку и да се чудни, намерно се такви апстрактни и нецелосно дефинирани за да дозволат пациентот да се проектира себе додека ги опишува. Значи роршах тест е проективна техника - тоа значи пациентот правејќи една активност која не е заканувачка за него (опис на флека, слика во случајов) проектира свои емоции, конфликти, ставови, несвесни мисли и сл. Психологот на тој начин може полесно да добие претстава за менталното здравје на пациентот, со минимални опструкции и блокади од негова страна. Има и други проективни техники и тестови во психологијата кои се користат, не само Роршах, има ТАТ тест, цртеж на човек, цртеж на дрво или на куќа итн..
    Недостаток е што овие тестови на крај не даваат бројчани резултати (квантитативни) или даваат некои ограничени квантитативни податоци, туку даваат описни или квалитативни резултати. Што значи начинот на толкување во поголема мера зависи од искуството на психологот или психијатарот што го прави, од неговото знаење и стручност. За да се избегнат грешки во толкувањата на вакви тестови затоа психолозите направиле прирачници кои содржат критериуми по кои се оценуваат одговорите на пациентот за чија употреба треба обука. Така што со обука и искуство психологот може со вакви тестови да добие прилично добри податоци за менталната состојба на пациентот со кои ќе ја дополни анализата на случајот. Значи обично овие техники се користат во комбинација со други техники и особено за луѓе кои тешко ги изразуваат своите најскриени мисли и емоции.
    А обичните математички задачи можеби ги давала само колку да види дали пациентот поседува интелектуални способности кои се очекувани за неговата возраст. Многу од тестовите кои психолозите ги користат за деца се уствари со цел да се види кои развојните задачи и цели рално ги оставрило детето за да се знае дали интелектуалниот и менталниот развој се соодветни за календарската возраст. А за да го провери тоа мора да го праша нешто, да му даде нешто да направи/нацрта на детето и сл.
     
    На Angellcee, Srckata28 и Dashing:) им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Кога велам когнитивно бихејвиорална терапија мислам на еден поширок поим - начин на работа со пациентот, филозофија и теорија која стои зад тој принцип на работа на терапевтот, сосе купот техники на работа кои ги користат. Значи ова е нешто што може да го прави само психолог кој својата работа ја насочил баш во тој правец. Има сајтови доста кои се чисто информативни и содржат некои општи објаснувања еве еден линк до видео што ми се гледа доста концизно (на англиски е).
    https://www.mind.org.uk/information...ounselling/cognitive-behavioural-therapy-cbt/
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Дааа сега се сетив. Ми даде да нацртам едно човече и да го опишам какво го гледам јас. Јас само и кажав позитивни работи за него и ми рече ти ја направи совршена. Иначе и ми рече и пол да изберам и избрав женско. Што она може од ова да заклучи?
     
    На Angellcee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Па има доста работи, од реални проблеми физички кои може да ги осеќаш (пошто некои имаат и психосоматски тегоби), внатрешни конфликти и сл, па и до тоа како се перцепираш себе. И за овие техники има прирачници како се анализира цртежот, обемни се толкувањата. Жените обично бираат женско да нацртаат ако немаат проблем со сексуалниот идентитет на пр.
     
  14. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Точно, и на сите слики јас гледав сексуален спој, што всушност беше мојот проблем со сексуалното ОКП, секако со несакани мисли кои не се од моја природа и не ме возбудуваат, ама стравот ми го вклучуваше сензомоторниот систем и добивав одговор на препони (groinal responses) што се нешто многу ужасно. Како од трема или висока анксиозност кога чувствуваме "струја" во гениталиите. И ако лицето не е запознато со овој природен телесен феномен, може да мисли дека се возбудува на мислите и колку ќе стравува за сензациите толку ќе се интензивираат.
    Ова психијатар обично не ви го кажува и препишува само медикаменти а често може и да не дијагностицира ОКП и пациентот да го смета за "опасен".
    Или пример тие со повредување ОКП буквално доживуваат сензации во раката кога ќе видат нож, и секако мислат дека го сакаат тоа и уште подлабоко навлегуваат во магичниот круг на ОКП кој ќе го хранат со страв а сензациите и мисиите ќе бидат уште поизразени.
    Истите сензации и симптоми ги добиваат и анксиозните кога имаат тахикардија веднаш штом ќе се стресат за срцето или притисокот, или ќе помислат дека нема да можат да дишат и автоматски се згрчуваат, зашто најсетне и анксиозноста е опсесија, само со болести.
    Затоа сум гласна за психотерапија, зашто ако ова не се разбере, кога ќе престанеме со медикаменти, страшилото нѐ чека пак во дворот.

    Таму кој знае како е, јас сум години надвор.
     
  15. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Каде го има ова на нет да го најдам? Озбилно каде го наоѓате сето ова?
    Јас кога сакав да читам за болестиве, ништо не ми даде. Ми отвори некој синдром што се вика ,,Алиса во земјата на чудата". А овде некои што коментираат, не знаат. Во една тема си ги најдов моите апчиња и мислев дека ја имам таа болест. После прочитав на упатството на апчињата и таа болест ја немаше.
     
    На Angellcee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Јана24

    Јана24 Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Голем поздрав и подршка и побрзо надминување на оваа состојба. Дали некој од вас забележал видливо пулсирање на вратот?
     
  17. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Алиса е пореметување на перцепцијата и времето..
    Баш сум Алиса напати!!!
    :во земјата на чудовиштата...
     
  18. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.737
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Ми фали цртаниот :D Многу личи на филмот Нарнија 8)
     
    На Mentalna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Ја овде гледам, горе две жени седнати, пеперутка некоја чудна, доле кај ова црново глеам фаца од диво животно со роговине кај муцката да ме убиете не ми текнува као се викаше, и најдесно гледам љиљак
    Бар на прв поглед ова.
    И што значи тиа за мене?
     
  20. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    1.119
    Пол:
    Женски
    Благодарам драга!
    Исто!
    Секако во мигови на висок стрес.
    Кај некои луѓе пулсот е повидлив кај некои не. Некои имаат и потенка кожа и колку пати и на чело сум приметила им пулсира на луѓе.
    Може да е и сезомоторно ако премногу внимание му посветуваш и го следиш.
    Ако ме читаше погоре, пишував за моќта на телото да имитира симптоми, затоа и постои анксиозноста и сите врсти на ОКП, зашто за жал или за среќа, телото сме ние самите и секоја мисла била негативна или позитивна е поврзана со сензомоторниот систем.
    Кога анксиозноста не би била поврзана со сензомоторниот систем не би ја чувствувале.
    Би била на база на банални мисли како што имаме многумина од нас.
    Мислите почнуваат да имаат значење и симптоми кога реагираме со чувства за нив, во спротивно само ќе лебдеа во нашите глави.
    Она што многумина не го разбираат е дека не може телото да се отцепи од она што го мислиме и чувствуваме било тоа добро или лошо.
    Секоја мисла има и сензација и чувство. Што повеќе ја храниш толку поголема моќ и симптоми има.
    Можно е да си му дала многу значење на пулсот и сега кога и да го видиш ќе пулсира повидливо зашто тоа го очекуваш.
    А можно е и кожата да ти е тенка и затоа е повидлив.
    Ако ништо од ова не те смирува разговарај со доктор зошто е повидлив кај тебе.
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.