Истото ќе и го велев. А јас сексуално опседната (не со секс), со сексуални теми и прашања. За џабе не сум Скорпија
На првово гледам канџи од Скорпија и главата помеѓу е на Скорпија само без телото. Црвеното околу ме асоцира на отров во крв. Токсично ми е првото. Второто и јас некоја психоделична пеперутка или две нилски кончиња, третото глава од некој инсект или глава од ракче, шримс. Рогчињата ми се од некое морско создание. И за последното кажав, семејство. Двајца родители и бебе.
А јас што гледам карлици? првото е карлица на ртг. второто е карлица со боен контраст. четврто карлица од крава. помалку медицина а? хај. утре најголемиот мој страв, отворен пат. 6та година по ред... мразам отворени патишта. таму каде што летав со 180 сеа едвај 100. не е сомнеж во себе, туку анксот иде до степен ќе ме збере некој и детето ќе остане без мајка. го мразам ова чуство ...
И јас карлица видов прво ама канџите отстрана ме асоцираа повеќе на Скорпија, сепак е сексуално репродуктивно. Не сум далеку. Барем како таква е претставена Скорпијата. Да, првото веројатно е еросот во нас, а истиот е смртен и знае да биде и те како токсичен, па имав сексуално ОКП. Останатите се другите аспекти од нашето битие, идентитет, платонска љубов, семејство на крајот, барем јас така ги гледам.. Супер ќе биде сѐ, не се секирај.
Цел тест е Пиши го името Рохшаров како се вика И ќе ти искочи од црно бело Повеќе од 4 слики се Сама треба да кликаш https://www.crnobelo.com/testovi-i-...-licnosta-shto-prvo-kje-zabelezite-na-slikite Еве
Карлицата е мајката во нас и веројатно ја имаш исполнето, поточно, рече дека имаш дете и во сите аспекти го гледаш мајчинството.. Тоа ти е идентитетот всушност сега.. Барем јас така ти го толкувам. А кај мене отиде на Скорпија зашто тој дел го немам исполнето и ужасно ме плаши. Сеуште е само сексуален и опседнат со тие теми и прашања. А на последното гледам семејство со бебе, зашто ми треба веројатно многу потсвесно. Еј стварно има смисла ова!!!
Ти благодарам драга. Асертивна личност испадна. Добро е што не испадна "ментална" личност. По нашки знаеме какво значење има. Хахахаха
Браво! Обожував медицина како мала, ама во друга гранка се пренасочив за жал велам сега, зашто како стареам сознавам дека барем асистент на доктор би сакала да пробам, (квалификувана сестра). Можно е од есенва да пробам. Има и онлајн студии тука каде сум што е прекрасно.
За Радиологијата имам посебна почит. Се ежам буквално. Еден од најголемите напредоци на човештвото. Бидете горда на вас.
Јас се ежам од уметниците. Како знаат да нацртаат слика. Тоа е неверојатно. Секој човек можат да го нацртаат каков што не е.