Еве сум и јас да кажам нешто бев на екг се беше супер со моево срценце (освен што си добив шливка од штипката )ми олесна ептен за шекерот ми рече да не се секирам не е ништо страшно,и така срекна сум цел ден и денес да ви кажам си се дотерав нашминкав и бев со една другарка на кафе и си викам толку луге се вртат по мене(е добро де 2 ме загледаа )а ја глупача ке умирам е не бре брате па не се давам веке одсега еве ветувам ке се борам како јунак :lol па така да ајде и вие со мене во битка Ве поздравувам и гушкам сите главите горе и храбро http://www.youtube.com/watch?v=OscQXt69BPI
ова времето ме излудува, немам причина а еве неколку дена сум нервозна без врска дали е до времето така си се тешам ама по се изгледа е во мојата глупава глава не се поднесувам ни јас самата , а овој проклет анакс ме убива ма нека иде у три пм ми скисна веке кога ме фати тоа паниката и стравот се вкочам цела и мислам дека ке полудам, пред 5 години кога ми се јави мислев готова сум умирам и незнам како некое време застанав на нозе и тоа сама и пред 8 месеци пак ми се јави ужасссссс, кога имав проблеми бев храбра и ја незнам како сум се справувала мајками беше болна и се помина во најдобар ред а сега кога пу пу ми е се како што треба јас лудеам , извинете ако замарам ама тука откако ве најдов си се чуствувам дека само вие ме разбирате мајками кога и кажам како се чуствувам само ке ми каже тебе ти треба котек за да има зошто да се плашеш и паничиш да знам дека ке ми помине анаксот засекогаш море и нека ме здрве од котек ако треба , колку што можев да постигнав поголем дел од коментарите ги прочитав дали некој конечно се ослободи од анксиозноста засекогаш ?? и дали со пиење лекови јас пробав персен, чај валеријана но не ми помага затоа што јас ако не се смирам самата ништо не ми помага а освен тоа имам фобија од антидепресиви а уствари од што веке немам де .... а има ли нешто на прирподна база за лоши мисли и стравови , барем тоа да го пробам или па...освен б комплекс ништо не пијам кога имам напади а често пати стискам заби и тоа не пијам си велам храбра сум ке помине жими она храбра сум ама ајде да бев храбра немаше да ме снајде и ова ве поздравувам сите имајте убава нок
Мила, не сум стручна за вакви теми и затоа ке ти кажам само две работи за кои сум сигурна 1.од Б6 не треба да се плашиш, тие можат само да ти помогнат.Јас ги пијам по 2 на ден со години, а во ситуации кога сум напната , пијам по 2 сабајле и 2 навечер.Така да, од нив немаш штета, во тоа сум сигурна 2.поразговарај уште еднаш со мајка ти за твојот проблем.Само смирено и сталожено.Објасни и дека си имаш мака и дека нејзиното однесување ,,ке ти дадам котек јас,, само ти одмага.Побарај малку разбирање за себе,сепак ти е мајка.Ако правилно ги поставиш работите верувам дека ке те свати и ке ти биде ако ништо друго,барем подршка. Ти посакувам мирни и хармонични денови!Поздрав..
често разговарам со мајками да не се разбереме погрешно во шала ми го каже тоа али морам да признаам дека имаше период кога и мајками и татко ми седнеа до мене и ке почнеа кажи што те мачи, во што е проблемот а јас со еден збор ке кажам чашата кога се прелие тоа е али мразам и кога спрема мене се однесуваат со посебни внимание е тогаш се чуствувам како да сум болна а тоа го најмногу мразам а јас сакам само едноставно да ми помине оваа глупава анксиозност али јас сепак мислам дека секој од лугето минуват во еден таков шашлив период така да ке помине и ова дај боже и сепак мислам дека самите ние ке си помогнеме без оние антидепресиви затоа што јас еднаш успеав ке успеам пак сега барем знам ако не друго како да се справувам со овие панични напади ... ти благодарам лола-м за советите поздрав
главоболките престана денот кога заварна луге да се чудиш инаку форумов е супер работа иако психотерапевтот ми вика дека ваквите форуми се меч со две острици сепак јас го посетувам и мн ми помага ,зошто мислев дека сум сам на светов со овој проблем сега знам дека не е така и искрено сумњам дека постои некој кој не поминал ваков период,овај форум го посетуваат мн луге во Мк кои не се активни со писување и знам дека и нив им помага,една моја колешка едно сабајле иди на работа и вика луге се чуствувам како голем товар да ми паднал од грбов зошто најдов еден добар форум каде сите го имаат мојот проблем и сега ми е полесно,и кажа дека за овој форум зборува за оваа тема ,кога е веке така сакам да има и луге кои излегле од магичниот круг на анксиозноста и да ни пишувааат како го надминале како је надминале оваа состојба на мн од нас ке ни помогне паталците знаат повеке од гаталците,дунја го надмина ама сама е во сето тоа и треба повеке како неа за да помогнат на сите нас и на тие кои не пишуваат ама нашле утеха во сите нас Пздрав!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Мои разлабавени психи Не сте ок нели, па нормално тоа ми е и целта . Јас ве направив мои робови ... ммммммммм колку само лесно си играм со вас ... Знаете дека е можно сега баш да ви се слошииии, даааа, баш сега , или на дочекот на Нова Година , е тогаш многу работам . Наместо да се радувате , да бидете среќни , јас полека но сигурно ве уништувам , а вие , еххх вие , па вие не се ни трудите да ме најдете а тек пак да ме уништите. Јас немам војна со вас, понекогаш и многу сте ми досадни , премногу лесно ве добивам , ноооо обожавам кога паничите без веза , или кога ќе ви пратам мисличка дека сте болнички ... ВЕ ДУПАМ ЛУЃЕ СВЕСТЕТЕ СЕ ! Вашата Анксиозност !!!
Petra ti toa na mene ,i se sprotistavuvas deka objaviv bitka Sekoj zbor e tocen sto si go napisala bravo iako ke te pobedime pozdravce
Александро, јас го поминав анксот. Наврати се во моите постови, имав еден пост кај што на подолго објаснувам како сум се справила со тоа, кои биле моите први чекори .. Да не се повторувам, многу ме прочитаа, а она што се чита два и повеќе пати, веројатно и досадно е .. Како и да е, битно денес сум ок! Едно е битно, никогаш не престанав да мислам позитивно, да мислам дека нема излез, да мислам дека готово, толку е ... Ааа, лажам, помислив така кога прв пат ми се случи, а не знаев што е. Кога дознав, почнав да работам, и тоа со полна пареа. Благодарение на Бог, докторот и секако на себе, во позадина ми е анксот ... Денес ако ми се случи некаков симптом, знам дека е нормално и дека не сум од камен да не чувствувам, затоа не обрнувам внимание. На оние што се околу мене , неанксиозните, бетер им е од времево, и тие чувствуваат, луѓе сме, тоа е .... Битно АНКС не е! Убав ден дечки, секое добро ..
здраво на сите цленови на овој форум.Jас после долго мисленје дали да се зачленам на овој форум конечно собрав храброст. и јас како сите вие ја имам глупа и теска состојба нарецена анксиозност, со која се борам можеби повеце од 8 год. ...пред околу 7 години ми поставија дијагноза анксиозно-депресивно нарусување со паницни напади .тогаш лекарот ми даде ASENTRA I HELEX од кои првите 2 недели ми бесе полошо, ама постепено ситуацијата се подобруваше, ..асентрата ја пиев околу 3-4 години мозе и повече со прекини кратки, а хелексот усте го пијам сигурно има 7 год, не оти делува више ,....и така полечка малку ве вратив во нормала но не така како сто бев старата среќна и храбра, во мене се имасе усте некој страв но ..да се каже бесе добро. пред 3-4 месеци ми се врати пак тоа цуство ама сега бесе многу посилно и потешко..со силни панични напади, страв да не ми се слуци нешто и да не ве давам ги знаете симптомите кои се , помагајтееее оти незнам више како да се справам со оваа состојба, сега пак пијам асентра ама ништа,овие неколку месеци дури од дома не излегувам , а некаде кога треба да се оди на некоја веселба или сто и да е , јас вече си терам изговор да не одам....дајте ми некој совет ве молам , вие имате можеби повеце искуство.....
Здраво ... Јас би ти препорачала да ги исчиташ сите страници на форумот , го имаш секое можно искуство и секој начин на справување , исто и да ја прочиташ книгата паник авеј доколку ја немаш прати лична порака мене или на било која друга девојка со е-маил, за да ти ја пратиме ... Ти посакувам добредојде , и ти гарантирам дека читањето на постовите ќе ти помогне многу . п.с не разбирам зошто ти требало толку храброст за да зачленеш на форумот ииииииииииииииииииии немој после 2-3 пишувања да исчезнеш .
Здраво на сите , прочитав доста постови и се пронајдов доста , со анксиозноста се борам од 16 год сега сум 23 , првиот пат траеше некаде околу 3 год , никако не кажував на никој , и некако ја пребродев сама , одев неколку пати на психијатар ама не сакав да зимам терапија и успеав сама да го пребродам тој период .Но ете пред една година се случија доста потресни работи , и толку ми требаше стресот ме победи и пак се најдов во истиоѕ круг.А што е најлошо отидов летово и за америка со дечко ми , претходно ми се случуваа неколку напади ама поретко и бев решена да идам . Мината год бев сама и немав ама никаков страв , но што се случи сега , кога стигнав нападите беа страшни со самата помисла дека сум далеку од дома уште повише ,побарав помош од психолог таму и ми препиша асентра која доста му помогна и сега сум мн подобро.Но сакам да престанам да пијам и ве молам да ми посочете добар психијатар или психотерапевт во Скопје од кои сте задоволни,ви благодарам на сите ми помогновте многу читајки ги вашите постови , ветуваме дека ке бидам тука да ве известувам за борбата со нашата состојба , ви посакувам срекја на сите и само упорност! Ве молам предлог за психолог од кои сте задоволни.
Добредојде за жал, совети колку сакаш испишани на темава... Се е до психата, сами мора да си викаме дека ке биде подобро, затоа што ништо не ни е! Кога ке осетиш дека ти доага паника- не паничи, туку научи се да правиш игнор на негативните мисли. Излегувај почесто од дома, најди си хоби некое,некоја занимација што ке ти го пополнува времето. Се надевам дека ке бидеш подобро, поздрав и пријатна(вечер) сабајле Останатите како сте ми, ве читкам редовно. Ја само што се прибрав дома, и одам на спиење мртва уморна сум... уште еден викенд убаво поминат без анкс. -good news леле утре треба да станам у 12 да земам да учам гррррр... и уште си дремам на фемина хахаха ајде поздрав дечки
alekcoki заеби психијатар , иди со парите у шопинг, на планина, у Париз , крстарење по Босфор . Добро , ако мислиш дека ќе ти помогне ќе каже некоја од скопските девојчиња шо има искуство. 16 год, баш се опасни за навлекување на анскиз. Некои на тие се навлекуваат на цигари, на дрога, на пиење ние се навлековме на анскисиозност Дајте да формираме некое друштво, претседателка и заседавач ќе биде Буцка (мислам ќе иде тоа де на гласање) а почесен претседател ќе ја стаеме Дуња . Иначе немој да забушаваш како дојдов, прочитав и си отидов, да пишуваш ОК? спарки ммммм викенди без анксиозност, ќе ти се налути таа бе Поздрав до тебе , драго ми е што си ок ... Буц како ќе се вика внукот ? Поз до сите
kako сте мили мои јас еве со анксот сум супер да не се подречам ама друго ме маче синоќа цела вечер ме болеше мислам јас се дека е желудникот на левата страна под градата ме болеше ужасно и грбот ме болеше многу до сабајле до 6 часот ме болело и тоа јака болка и од сабајле осеќам како тежина и жештина да ми мине за што станува збор ве молам пишете ми ве чекам
Нема нема не бегам ,и јас сум за да си организираме едно друштво , јас тотално се изненадив декане имало многу , мислев дека само на мене ми се случуваат овие работи , Поз до сите и идеме напред ) Petarpanka фала на советите , ипак ако има некој искуство со добар психијатар нека ми пише , сакам да ги манам ова апчињата , јас иначе сум Фармацевт можеш да замислиш како е коа знаеш шо не се ставаш у себе бррр
kako сте мили мои јас еве со анксот сум супер да не се подречам ама друго ме маче синоќа цела вечер ме болеше мислам јас се дека е желудникот на левата страна под градата ме болеше ужасно и грбот ме болеше многу до сабајле до 6 часот ме болело и тоа јака болка и од сабајле осеќам како тежина и жештина да ми мине за што станува збор ве молам пишете ми ве чекам Зоцеее не се плаши, најверојатно ти е желудникот ако си била гладна подолго време , мене често ми се дешава дека си гладувам и најчесто и грбот ме боле , немај гајле напиј се едно Б6 или касни нешто и немој да паничиш.
Пепи, мене ми велиш дека забушавам?! Инаку јас веднаш го отстапувам претседателското место, високо ми е многу, а се плашам од висина .... .Внукот ќе се вика Никола, желба на внука ми уште откако дозна дека е момче и еве денес си ги земавме дома и сега ни подплачува по малку .. Торти на тета најубави .. .. Tи како си ми? Останатите? Што има? Јас Ве поздравувам сега, ќе одам на фудбал, малку да се размрдам .. Поздравинела и секое добро .. Адиос..
Јас да ви се "пофалам" ове 2 дена сум крш, цело лето мислам вакви лоши симптоми немав, ама знам од што ми е, идиотката анксиозност, дали е до времево или до мојов мозок глуп пак нешто незнма ама мисалм едвај стојам на нозе и ми се повраќа, ми се вртииии тоа знаете пренајмногу, лошо ми е и веќе ми е смачено. Ама мора пак да се борам пак и пак од почеток, само дали ќе има крај веќе еднаш????? Поздрав