И мене ми се има јавено тоа чувство на "меурчиња" во стомакот. Најчесто ми се јавува во периоди кога имам тремор, тикови на одредени мускули по телото, но не сум сигурна дали е предизвикано од анксиозност или е нешто друго.
Тоа го нема во симптомите за анскиозност. Ги испрочитав сите. Не можам да разберам. Да сфатев ваљда ќе бев оздравена веќе.
Zdravo. Pak jas. Sakav da ve prasam dali so anksioznosta imate zgolemena agresija, ste se skarale so site prijateli i nemate zelba da izlezete od doma?
Не читај симптоми цело време, така не си дозволуваш да ти се подобри ситуацијата бидејќи цело време мислиш и бараш симптоми. Да, се случува. Мене ми се случува кога не спијам како што треба, не мора да значи дека е симптом на анксиозност Се случува. Мора да најдеш начин да не ги оддалечиш сите од тебе. Тешко е и ќе биде тешко ама тоа е патот кон подобрување. А можеби и ќе биде полесно бидејќи веќе имаш препознаено проблем и сега е прашање само како ќе го контролираш Едит: немањето желба за излегување од дома исто така е проблем ама како одминува време мора да се почне со мали чекори. Отворив и тема за тоа: Мали достигнувања за нашето здравје Кога ќе си во можност, направи напор и излези малку, пиши во темата ако сакаш
Иначе јас бев анксиозна многу после смрт на близок човек и ми беше многу тешко да го пребродам тој период и мислев дека никогаш нема да ми помине но ете некако се извлеков од тој пекол и ако можам на некого да му помогнам нека повели што го мачи, јас сум тука за секој
Кога патувам некаде имам стегање на гради и не можам да дишам. До сега вакво нешто сум немала . Пиев запира ама веќе не пијам. Не знам дали ми е од анекс или од што имам здравствен проблем. Бев одлична до сега Да се надополнам, морам редовни котроли на срце и пристисок да правам, од бременоста ми останаа некои работи. Пиев до пред 2 месеца пола бипресо и енап од 5мг., значи 2,5. Сега не пијам ништо и бев пресреќна дека се изборив со сето зло. Ама ова веќе ме загрижува.
Запира немој во никој случај да ги пиеш. Кога бев анксиозна отидов на "психијатар" ставам наводници бидејќи нема П од психијатар, и ми даде запира па кога почнав да ги пијам многу лошо ми беше, само на спиење ме тераше и како болна да бев немав сила за ништо дури и во сон се будев постојано како кошмари да имав, многу лошо ми беше да не се повтори и кога ги прекинав апчињата ми беше многу подобро.
Те молам немој вака. Секој има различно искуство со апчињата. Мене пример ми беа добри. Ве молам немој да заплашувате членови. Секој себеси да си се гледа и да си осеќа како него му делуваат и контактирање со психијатар, психолог.
Ги пиев и ги прекинавме. Бев добро. Сега наеднаш имам стегање на гради кога патувам. Не можам да дишам. Не знам дали ова е симптом на анксиозност.
Што зборуваш...! Да од АД има некои нус појави се додека се навикне организмот и дури да почнат да делуваат... Јас почнав со зепира, па потоа психијатарот ми смена на зенфакса, па пароксетин (некоја негова шема... Се покажа како многу добра) и сега пак сум на зепира и сум во фаза на откажување... Немам никакви нус појави (немав дури ни кога ги менував, а ги менував наеднаш) и се чувствувам одлично... Збогум анксиозност моја... Нема да ми недостигаш и мене исто П.С. Слушајте си ги советите од докторот, соберете малку храброст и издржете некој период... И бидете со луѓе кои ве сакаат, ви даваат поддршка и ја сваќаат вашата состојба.
Јас сакам да кажам нешто да ми олесни навистина,имам анксиозност долго време и опсесивни компулзивно мисли,навистина е тешко и секојдневно да се бориш со оваа состојба.Кога дефинитивно ме фала анксиозноста цел ден трае и ме уништува,ми ја црпи цела енергија,на пр.го средував козметичкото катче мое лично,и ми доаѓаат мисли дека можеби некој крем,кармин е расипан со поминат рок,дека ќе ми се случи нешто на лицето и сл.Иако сите производи редовно ги менувам и се нови и не се расипани.Ама не е до мене што да правам.Некој совет дали некој поминувал низ вакво нешто или слично?
Помош дечки.. Некои може не памтите пишев овде, еве 3 та година со анксиозност сега веќе послаба форма… Вечерва имав стресна ситуација, почина свекор ми, ко ми кажаа наеднаш осетив болка на левата страна и на грбот премногу се исплашив се јавив на матичната ми рече да не се плашАм од стресот ми е и да се напијам диазепам. Се напив од 5мг ми се опушти цело телоо и болките ги снема, си лежам сега покрај син ми се смирив некако но само шо ке видам некој од фамилијата јас се тресам, незнам како ке излезам да се видам со нив, незнам како да бидам смирена утре, ми е страв да не ми се случи пак како вечерва… Совет дајте како да се совземам му требам на син ми, на маж ми, премногу се плашам…