Добро утро. Дечки вака режимот на спиење ми е катастрофа во последно време. Во средата ноќта легнав во 3 часот и станав во 4 поручек, и ноќта не можев да заспијам некоја нерва ме јадеше и еве никако не сум спана, легнувам и нерва ме јаде и не можам да спијам. Можно ли е од што бев комирана од спиење и да сум наспана, па да не можам да спијам? И што да правам да не легнувам денес па дури вечер и што да се напијам за да можам да спијам страв ми е да не ќе не можам да заспијам.. Инаку вака сум постојано легнувам покасно и ставам касно ама вчера врвот на спиење ми беше..
Премногу си спиела, денес не легнувај, не смееш во три после полноќ да легнуваш, максимум 23,00 да си заспана па да фатиш некој ред.
Мелатонин во секоја аптека го има, на природна база е и го забрзува процесот на заспивање. До 3 мг е дозволено, барем мене ми беше од психијатар.
Moze do 6 mg melatoninot, ima bigarski apcinja vo nasive apteki vo kombinacija so valerijana, top se za reguliranje son
а си помислила дека можеби ти е погрешна терапијата? Еве јас само на Сероксат убаво реагирам. Лорсилан не сум ни пиела, нит ми бил препишан.
Нема помислено. Следно ќе дојде со скриншот од трета братучетка и ќе праша дали е тоа вистина што и пишале.
Не е тоа на контрола да ти кажат дали ти е подбро. Ти треба да знаеш дали ти е подобро. Не психијатар да каже Еве сега добра си а тебе ти се плаче ти се рика и имаш анкс напад. Психијатар/психолог треба да ти даде насоки како да се справиш со секкви ситуации а не само да те накљука со Лорсилан и после ете подобро ми е. Те читам на темава. Едит: И едно ќе ти кажам можеби малку грубо, јас да видам разговор мој приватен вака оптегнат на форум, одма ја бришам личноста од живот. И после се жалиш дека немаш другарки, дека ова дека она? Мислиш дека нема да прочита? Да се препознае?
До кога ке бидеш подобро?Мжеби 24 часа,после стара песна.Досадно веќе,нема простор никој да се пожали,барем еднаш,а тука сме и нас не боли.
А бе Ани и јас не се осеќам секој ден 100% добра. Неделава па сум крш. Ама не паѓам бе не се давам. Ме дрма анкс нека дрма. Ќе предрма. Не се оптеретувам со тоа, пијам терапија покриена сум и готово. Друго може да е од време, од ненаспаност од умор од хормони од се. И ако јас на секоја можна сензација на телово давам значење па јас од дома нема да мрднам. А и јас сум како неа немажена, со куп проблеми на глава фамилијарни секакви, на работа одговорна работа имам. очигледно или пристапот кон лечење не и е погоден или па она не сака да се излечи ! Не сум психијатар ниту психолог ама нешто има. И се додека не го најде тој тригер нема да се среди.
Башка што влијаат и други работи, ама некако секогаш се занемаруваат. Као, што јадеш, колку јадеш, колку вода пиеш, колку кофеин, колку саати спиеш, какво ти е спиењето, дали седиш помеѓу 4 ѕида или искачаш да те фати воздух/сонце, дали седиш/лежиш претежно, имаш ли некаква активност, дали имаш тишина доволно, со што си го полниш мозокот, читаш ли книги, какви книги, каква музика, какви серии, итн. Сето тоа лачи разни хормони, влијае на моментално расположение и долгорочно на психа.
Aj да пишам нешто за оздравување што помага,ама делува многу лудо и чукнато кој сака да проба,се исфрла секоја затворена и негативна емоција што ја имаме во нашето тело.Одиш во шума или под мост или кај сакаш и вриштиш,се дереш,урлаш,пцуеш по што ке ти дојде,или во затворен простор со гласна музика за домашни услови.Преубаво е после тоа кога ,она во грло се исфрла надвор.Еве и видео како изгледа. Primal Scream Therapy
И сакам нешто да кажам за темава. Овде треба да се бодриме, да си кажуваме убави работи а не само да се кука, леле леле вака ми е аман помагајте. Оној кој и самиот е анксиозен не смее да теши и оправа друг, зашто прво: Не е стручен и како второ: Него му е тригер за да ја врати анксиозноста и пак во круг.
Прво има тоа што секоја будала ѝ кажува што сака и она на секое доаѓа на форум да бара валидација дека не се во право....и упорно не успева да увиди што е погрешно тука и така во круг постојано....искрена да бидам не страдам од анксиозност, можеби не сум вистинската личност да ја разбере 100% совршено, ама ја читам толку долго што или проблемот е во нејзиниот менталитет или психијатрите нешто имаат превидено при дијагностицирање.
3 години ја маткаат. Греота е. Сигурно има мака и јас гарантирам дека е погрешна терапија од старт дадена и тука е направен куршлус.
Терапија не се погодува од прва,ама најочигледно е дека на некој баш и ова му одговара,сигурно не на мене,тебе и многу други.