Девојкии прво да ви кажам благодарам затоа што сте ми мн голема поддршка и навистина ми олеснува кога ве читам . Иначе речив конечно да излезам овој ден , и цел ден не се свртев дома , делумно заборавив на проблемите , но сеуште неможам да се навикнам дека мачето кое што толку го сакав го нема - можеби за некого е глупост и ситница но мене тоа навистина ме боли Се чувствувам малку подобро , иако премногу работи ми поминуваат низ глава моментално , нема да дозволам повторно да ме победи мојата психа и да се чувствувам лошо . НЕМАА ! И ајде девојки договарајте го тоа кафе , каде и кога да седнеме и да си ги кажеме проблемите , ама и да се поддржиме , полесно е кога знаеш дека има уште некој со твоите проблеми , мислам дека ќе има позитивно влијание на сите нас , а тоа е она што најмногу ни треба моментално - позитивни мисли и чувства . Ве поздравувам сите и утре имајте убав ден
ииии , спарки колку се убавиииии ... ја разубави страницата А другите каде сте ? Што правите ? Каде за нова година? Ненушка како ти е на работа? Претпоставувам Буца има многу работа околу пилатес топката Поздрав до сите
па да разбијам малку монотонија, и гледам нема жива душа на странава. Што и е добар знак- сите шеткате надвор и си бркате работа. За Нова Година уште се немам договорено, има време. Се 5 до 12 традиционално, тогаш планови произлегуваат кај мене хахаха Голееем поздрав до сите гушки& бaцки
јас за нова година се знае дома ,како и до сега , каде и да идам мојот другар анксот е со мене и така да не го сеткам ваму таму си седам дома
Зошто седиш дома? од што се плашиш ? многу погрешно , за жал со тоа ти ја храниш и никогаш нема да ја победиш
Е после две недели штрајк од Фемина еве ме назад Како сте беееееее манијачки мои, арно арно, било и полошо, ќе биде добро и ќе биде пак лошо.. уживајте сега за сега... Јааааас, јас живеам со полна пареа, многу ми е убаво, среќна сум, си живеам како сакам, анксот незнам каде е, не ни ме интересира Поздрав до сите вас ве гушкам!
таци како така, се додека не се потрудиш се до тогаш ке седиш дома, ни не помислувај дома да останеш јас пак за таа работа гајле си немам имам немам напад си шетам без мака , ако имам напад ке имам и дома па и ако имам што ке има диши издиши и готово ке помине зарем ке дозволиш најубавите години да ти летнат поради еден глупав анакс јас да ти кажам една нова година имав напад на паника и свест ми се вртеше си седнав на столчето 10 мин се прибрав и ајде брате пак на играње удри бригу на веселје , и пак си поминав најубаво , јас обично кога имам напад секогаш барам начин да излезам од дома барем до продавница да идам да ми се разбистри мозочето , мора да се трудиме самите ние да се избориме не се препуштај на лековите како што вели дечко ми кога ке имаме напад да правиме она што не смирува и да мислиме на убави работи, знам тешко е но немој да мислиш дека само ние сме такви скоро секој човек има такви моменти во животот но многумина си го чуваат тоа во себе , а многу подобро да си разговараме јас мајками и дечко ми нон стоп ги масирам можда ги боле глава од мене ама ја морам да си олеснам душичката , вие како сте девојки ја оваа недела не сум баш ок не поради анаксот него поради некој глупи луге без осет а ја чуствителна па се ме погоди а временцево хаос ајде снекче нека падне да ни се исцеди мозочетоо од глупавата психа поздравче до сите имајте убава вечер
до пред еден сат бев излезена и така си бегам накај дома кога гледам снег врни!!! незнајте колку се расположив, обожавам снег. изгледав како некое мало детенце кое трчка по снегот. тие што бегаа дома брзаа в такси да влезат да не ги наврни а јас оптегната надвор ја кренав глата и го чувствував снегот како ме допира на лицето. (не сум пијана да не си помислите ) ама сега гледам не врни повеќе taci1 многу лошо ќе направиш ако заради тоа не одиш на нова година. за мене не е кузнај што но е убаво да се собериш со блиски и да си ја прославиш. тој ден не треба ни да помислиш на анксот па и да те фати паника речи си колку пати ме има фатено па не ми се има ништо лошо случено. како што ми вели дечко ми искулирај еднаш во животот! SparkyAngel леле што ми направи со овие колачињата. морав дента да излезам и да си земам благце за да си ја смирам душичката од сликите ве поздравувам сите и се рабира ќе си се читкаме a и ова ако не го знаетe напишете на google let it snow
анушке ептен ме израдува твојот пост ! алал да ти е само продолжи така ,уживај до максимум ! taci1 како така дома ? па не давај анксот да те надвладее до толку,јас лани овој период бев крш ,бев за никаде ,тој ми беше најгрозен период од животот се ежам кога ќе се сетам ,но сепак не се откажав ,бев на нова и тоа на журка со еден куп народ ,па супер си поминав ,анксот го надвладеа самата еуфорија и атмосфера ,супер беше ,така да не откажувај ! никогаш! јас периодов не можам баш да се пофалам како анушка ,затоа што пред некој ден пак ме посети другарката,беше касно 1 саат вечер а јас се враќав сама накај дома и у бус ме фати паника ,добив напад и почнав да се гушам .....и во еден момент кажав стоп ,престани ,не те сакам бегај од мене кучко глупава остави ме да си се приберам домче како секој нормален и ме послуша ,но после тоа еве веќе 2-3 дена се осеќам тапо ,пак некоја тапа болка во гради и тие проследни глупости,ама ќе бидам добро ...еве се спремам пак да почнам да учам ...да го исчистам семестаров и да сум си на рааат,па и да имам што друго да славам на нова година да можам да кажам уште само 5 испита во 8 семестар и готово ! сум го надминала студентското така драги мои уживајте во атмосферата ,макар и дома да сте ,сега барем е период на тие малце глупави но еуфорични филмичиња новогодишни баш се за релакс ! ве гушкам сите ,останете со добро ,денеска е голем ден ,Св .Никола ...башка јас слава имам дома ,на дечко ми именден ќе спремам нешто за вечер голем поздрав до сањичка ...ме заборави ти ...ако ,ако јас не ! голема гушка ....и една смешка да си направам ...ќе почнам и јас да се издавам како пилатес топка,готова сум хахахха
Ада вечна слава , и нека му е вечно името на дечко ти За многу години празникот Св. Никола ! Исто морам и на едно мало бебенцеее , на внучето на Сања да му честитам име ... Толку
Прво, за многу години да ни е празников Св. Никола, вечно да си го славиме, да ни дарува здравје и само убави моменти .. Ада душо, како можам да те заборавам тебе?! Тоа што можеби не си спомната во моите постови не значи дека сум те заборавила, напротив, повеќе јас се заборавив себеси, отколку било кој друг, како роботче сум веќе, функционирам со многу малку спиење и активна сум од јутра до сутра, ама не си ги заборавам пријателите .. Инаку мило ми е што си добро и што фураш онака со полна пареа. А кога ќе дојде теткава, и кажуваш марш у пи*ку материну и не и се замараш .. Среќна нека ти е славата, бидете здрави, живи и среќни и за многу години да си го славите Св. Никола, само убави нешта да Ви носи во домот и да ве исполнува со најубави чувства. Воедно, среќно име и на дечко ти, вечно да си го слави .. ... Секое добро мила .. убав ден .. Пепито, благодарам, да си жива и здрава и вечна .. Нестле, редно беше да се појавиш .. . Мило ми е што си добра... Останатите како сте ми? Планирам кафето да биде после Нова година, измеѓу Божиќ и Василица, така што ако има уште заинтересирани, повелете, ако не ќе си одам јас со девојките што се пријавија до сега ... Убав ден и секое добро дечки .. поздравче ..
Здраво на сите,уште одамна сакав да си го пишам искуството на темава и се заборавав. И мене ме мачеше таа анксиозност,пред да ја прочитам темава не ни знаев дека така се вика на македонски.Се си беше супер кај мене ,никогаш никакви проблеми,и еднаш на еден Божиќен пазар во градов си пиев греано вино,си уживав и наеднаш ми се сврте,многу гадно чувство,не паднав ама сакав да седнам некаде,а немаше каде,срцето ми чукаше брзо..и така безвезе ми помина вечерта,дома си дојдовме и уште мислев на тоа одвратно чувство.3 дена после тоа требаше да одам во Мк да ги полагам последните 5 испити од факултет и тој период за мене беше пекол.сите сакаат да се видат со тебе,се само забави и ручеци,вечери,па и писмени устени испити,а тебе само ти се лежи во кревет.каде и да одев ми се вртеше,што и да правев гледав само кај да седнам,не бев опуштена ич.среќа си ги положив испитите,како-не знам.па се вративме тука и почнав одма на нет да барам што е тоа,напади на паника,не знаев што ми се случува.и видов на некои форуми дека многу луѓе патат од тоа со години и само со тоа се занимаваат.после 2 недели интензивно барање на интернет си реков вака не,од читање нема да ми биде подобро.од тогаш не ни читам веќе такви работи.страв ми беше пред врата да излезам,до продавница да отидам,еднаш го гледам автобусот како поминува и си викам ее којзнае кога пак ќе можам да се качам во автобус тогаш во тој период си најдов работа на шанк тука во еден ресторан,леле па тоа какви подготовки беа,како ќе работам таму,па толку луѓе,па ке ми се врти...и така почнав малце по малце ,првиот ден беше тежок,после тоа се навикнував и на многу луѓе и на работа и гужва и се...почнав секој ден по малку да излегувам,прво до другата улица,па до продавница,па еден круг во маало,па до градот со автобус..и така се навикнав,од време на време имав напади ама поминуваа.последниот напад ми беше во Ск на еден фестивал во 2009 мислам,и од тогаш ништо.најмногу од се ми помогна прогресивно опуштање според Јакобсон,уште до ден денес ја применувам таа тактите за било што,главоболка,несоница..Кога забременив малце ми беше шубе,знаев дека на бремени им се врти па да не ми се вратат пак нападите..ништо,цела бременост на нозе ја истерав,се беше супер. Целото тоа искуство за мене беше многу чудно,бидејки ја обично сум многу независна и секаде сама можам да одам и супер да си поминам,еве и тука кога дојдов сама без никој,ни мапа ни ништо ги шетав градовите,и наеднаш кога тоа ми се случи без мм никаде не одев.тоа беше најтешко за мене,таа зависност од некој.Така да можам само да ви препорачам,било што што ве опушта,или Јакобсон,Јога, не е важно.можам до утре да пишувам на темава,бебето ми плаче,ќе се навратам пак деновиве. ви пуштам многу среќа на сите што се борите со тоа!
Сањичке фала ти многу на убавите зборови исто и на Петра баш ми е мило името Никола ,па и мило ми е и што на внучето сте му го дале нека е живо и здраво ,за многуууу години ... за кафето сакав да пишам ,дека се пријавувам и јас...конечно сакам да ве запознаам лично и персонално... само да кажете на време ,оти после нова ќе одам малце на одмор у ср да испланирам да дојдам ск ....планирајте ме ! marina сите минуваме и сме минувале низ истото ,тоа е тоа ,таа гадна состојба тако звана анксиозност баш сум среќна што си ја надминала и си успеала ,големо браво за тебе ! за јога знам дека помага ,ама ете никако да одојам време да се запишам на некој курс ,а многу сакам ...ама ќе биде у скоро време се надевам бакни го бебенцето од мене поздрав
SANJA_NEKA MU E DOLGOVECNA SLAVATA NA MALOTO COVECE NEKA GO PRATI SREKA CEL ZIVOT!!! ADA -isto taka cesitki za imendenot na tvojot decko i daj boze da doagame na ;zaednicka"slava kade ti ke ne posluzis so kolaci kako na prethodnite sliki :rofl Taci najposle se najdovme Ke ti se javam...Nemoj da bides tazna...Zalosno e tolku ubava zena da sedi doma...Ostaj me ti mene jas sum veteran koga ne se nadevas izniknuvam kako feniks I jas go ocekuvam snegot ,no ova skopjevo se namurtilo(kako mene)i ne ugusi so smog...Marina drago mi e koga ke cujam pozitivni misli...Sekoe dobro i pisuvaj koga ke mozes... POZDRAV ANKS_GIRLS AND BE HAPPY
дечкиииии се чуствувам анксиозно некој немир и страв ме демнее ај ке се правам на трииполка демек не го осекам , осекам дека ми треба една бајачка сега , вие како сте ми абе времево лудница си викам само мене ми е така каде и да се свртам лугето се жалат времево и ударало на психата од времето ни е да си знаете ако и на вас ви удара вие како сте , ви посакувам вечно име на вашите најмили и уште децении и децении да му се радуваме на убавиот празник поздравче до сите
анггелл не си сама , и јас денес пиев кафе со неа ама бар не паничам ... јбг , не ми е прв пат , со паниката само ќе си напраам полошо , тоа искуство 100 пати го поминав и ми здосади ... Лепааа... што ти е?
со паниката се справувам некако ама стравот ми оди тешко осекам страв за се и сешто ,па дури и без причина ми се јавува онака си кулиркам и одеднаш ме фати страв уфф ужас , ајде ке дојдат подобри времиња само едвај чекам да ми помине овај анакс заборавив веке како е човек да биде опуштен у пм веке , дали знаете дека кафето, кока колата предизвикуваат паника,раздразнетост затоа што содржат кофеин ,кафе имам се на се 10 пати пиено у мојот живот а кока колата ја откачив не ми треба ,добро ми е и со чајчињата .....имајте убава нок
Санчу јас ве читав само не пишев инаку тука сум тука, каде би заминала Инаку да ви кажам, блазе си им на тие кои не се замараат, и кои ладно реагираат и не си прават бајрами на мозокот, а пу бе, да ти се плукнам на ксметот, на тие како мене, шо од мравче прават слон, и шо си развиват филмови во глава за се нешто безвезално Кај мене анксот е послушен, ама во последно време сум станата неподнослива, самата јас не се поднесувам, а не па тие до мене, шо може да очекувам Значи се нешто анализирам, се нешто критикувам, и си правам филмови за се нешто од тука до Венеција За добра, добра сум, имам есеи спремам, со колешки,оваона, колку можам ќе шетнам малку и тоа е, да не замарам, имајте добра и мирна ноќ!