@Zokiccc, те разбирам, бидејќи и јас сум ваква понекогаш, не ѝ обрнувај внимание на анксиозноста, ќе мине, може и нешто за смирување да се напиеш.
Имај физичка активност да се филтрираш и изморуваш, и научи да медитираш. Ќе ти помогне околу многу симптоми.
Samo si umorna i nenaspana,napij se edno apce za smiruvanje, legni si porano,naspij se posle ke si fatis red.
Немам мака од анксиозност, редовно си пијам лекови против депресија и анксиозност. Проблем ми се само физичките промени во телото предизвикани од анксиозноста како болка во цело тело. Треба да се знае декa анксиозноста влијае и на тело, не само на психа. И да знаете дека за џабе пиете седативи, само ве ставаат во поголема анксиозност и депресија со самото "куткање во кревет" што го создаваат седативите.Шетај те се дружете се, за д аја победите анксиозноста.
Ич разговор. Цело време јас зборував, таа ми постави тука-таму по некое прашање кои веќе ги бев одговорила додека зборував и дури ме праша нешто што за мене беше неповрзано со ситуацијата која и’ ја објаснував, од која моето ментално здравје е најмногу опсегнато. Исто така, не обрна воопшто внимание кога и’ реков за една работа со која многу негативно си имам наштетено и на моето психичко и физичко здравје, туку само рече дека тоа е нешто што можам да го контролирам. (Да имаме предвид дека тоа може уште понегативни ефекти да предизвика доколку почнам да ги пијам лековите). Кога ја прашав како треба да постапам за една премногу стресна и вознемирувачка ситуација која ме чека за некоклу дена, таа не ми одговори со ништо, само рече дека морало да го сторам тоа и да не мислам многу, повеќето работи биле само во мојата глава и моите мисли, а не во реалноста, што да кажеме дека можеби и е така, но јас не очекував баш ваков пристап од страна на психијатар ама сепак може и јас грешам.
Ауу страшна работа. Одма да си ја сменила. Какво е воа непрофесионално однесување. Оваа само повеќе ќе ти наштети отколку што ќе ти помогне.
истото и мене ми се случувало кога имам одено доле на психијатар,дури ме праша кој нејзе би и помогнал зошто и нејзиниот живот не бил среден,повеќе не би коментирала
Wow каков совет, па секако дека е во твојага глава, да не беше немаше да одиш на психијатар. Смени ја, не и давај втора шанса. Особено ако е на приватно, да не ти биде криво за парите. Колку нестручно.
Од стрес...нова средина нова работа, период на адаптација, и немаш добра рутина изградено, мора барем ние анксиозниве да сме со добар ритам на спиење ,јадење и сл. Пробај да легнуваш порано.
Неможе она да ти помогне со совет, психијатар може само лекови да ти препише, за твојов проблем ке се обратиш кај психолог.
Штета е што луѓево немаат доволно знаење што е психијатар, што е психолог а што психотерапевт, башка овие на државно психијатрите се бетер од пациентите.
Психијатарот поминува шест години на факултет, потоа уште шестгодишна специјализација во која се учи многу повеќе од само фармакологија, да додадеме и икс години работно искуство и треба барем да знае дека не може на личност со ментален проблем да ѝ рече "се ти е во главата, си замислуваш", значи во тој контекст. Такви прости муабети може да направиш со комшии кои не знаат ништо за психологија, не со некој што се нарекува специјалист. И јас ѝ објаснив на членката погоре дека терапија е посебен процес, ама ова се најосновни работи кои смешно е да ги кажува еден професионалец за ментално здравје.
Да ама стручни се ретки тука кај нас, Па затоа сме до ова дереџе тука сите бараме совети и решенија, тие што треба да го прават тоа дават совети рамно на некоја комшика што појма си нема и што мисли дека психијатар е за луди
па мене конкретно доле за анкс ме пратија на психијатрија и госпоѓава ме прашува самата што е проблемот и јас и кажувам и она ми го кажа горе напишаното,далеку од тоа дека во денешницава некој незнае што е психијатар,психотерапевт и психолог,но каде не упатуваат се должи на самиот матичен и не зависи конкретно од нас,овде ме упатија на психолог,а психијатар посетуваш во изузетно ретка состојба на длабока депресија,инаку шанси нема,како што и нема шанси да добиеш ад и седатив
ако е со купена диплома или диплома од блгарски фах незнам ни што повеќе би очекувале,македонија и се е можно,но и тука здравствениов систем не е сјаен од многу аспекти,али тоа е
Да знаеш само колку со не купени дипломи се провокатори. Врвни психијатри професори не се замараат и го оставаат човек на цедило. Му викаат фати си си дечко и на средба си бираат модел штикли за да си ги купат. (мене ми се има случено со штикливе)До утре имам материјал да пишувам и за психијатри ама ќе ме нападнат, исто како за психолози што ме нападнаа. Едит : Се ние сме глупи пациентите , ама они паметни школо завршиле, тука на форумов рипаат, а не знаат пациентите кои борби ги водат со психолози и психијатри
Се сложувам , за оваа професија освен што е потребна стручност треба и емпатија, да го сослуша човекот и да му одреди правилна терапија, пошо одредуваат терапии од ракав кои нивните клиенти не ги поднесуваат добро им ја влошуваат состојбата и сл. Оттука е после стереотипот за медикаментозната терапија. Истата доколку е правилна, контролирана и по шема нема да има клиентот никаков проблем.
доле е буквално еве ти ад и седатив и терај,дојди по месец,па по шест месеци,буквално неконтролирано препишување. а ад и седативи,па после оди откачи ги антидепресивите,буквално апстиненцијата е иста со луѓе кои апстинираат од дрога,значи страшно нешто,баш вчера читав светски форум за луѓе кои апстинираат од антидепресиви