Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Членката не побара план како да се одмазди и што да му направи, туку како да се справи со сопствените чувства. Не е тоа поентата.

    @Lisandra мислам дека убави совети доби, само дополнително сакам да додадам да не се осудуваш за тоа како се чувстуваш и тоа што не си ок. Нормален процес е, дај си време и имај трпение кон себеси. Не се форсирај, ќе помини.
    Низ слична ситуација поминувам истиов период и потполно те разбирам.

    Најпрво ликовите за кои се нервираш, веќе си ја живеат својата карма со тоа што се тие. Среќни и задоволни личности не си трошат време за уништување на туѓи животи.
    Но сепак, пак ќе напишам, не се форсирај! Доколку можеш да си дозволиш да бидиш мрзелива и непродуктивна, биди.
    Гледај само да се храниш здраво, минимално да си физички активна и да излегуваш на сонце, колку да не западнеш во уште поголема дупка, но не очекувај дека преку ден ќе се вратиш во нормала.

    Јас од искуство ќе кажам само дека колку повеќе гледав да не посветувам внимание на се и да си продолжам со нормален живот, толку полошо ми беше и ми се манифестираа и физички симптоми, по што започнав да чувствувам и омраза затоа што се чувствувам така и потоа се по ред.
    Откако забавив и оставив да се чувствувам лошо и да процесирам што се случи и зошто, полека, малку по малку, ми се намалуваат симптомите.

    Не се сеќавам точно на цитатот, но баш ми се појави шорт периодов што беше нешто во смисла "кога ќе го прегази некој камион, никој не очекува наредниот ден инвалидот да стани и да трча, но за психичка болка се сосема поинакви очекувањата." Не ги третирај и ти различно и дај си време. Предлогот за дневникот мислам дека е баш spot on и ќе го применам и јас.
    Исто, доколку имаш некој што би те ислушал, без да ти соли памет и би ти бил поддршка, разговарај, верувам би ти било полесно.

    БТВ, да постапеше поинаку, сеуште ќе беше заглавена со истите шити луѓе! Можеби поубави работи и подобри луѓе те чекаат во иднина! Не се разочарувај и гледај само што можеш да научиш од ситуацијата.

    :hug::hug::hug:
     
    Последна измена: 21 ноември 2022
    На Lisandra и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    И јас исто се чувствувам, некогаш сум супер, некогаш не, ме боцка и стегаат градите, такихардии, како се справувате со тоа, дали пиете терапија?
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.760
    Допаѓања:
    40.476
    Пол:
    Женски
    @MissChievous малку офтопик ама сега прочитав дека водиш дневник. Како го водиш, запишуваш сѐ што мислиш, чувствуваш...? Сакам да пишувам, ама малку ми е чудно и awkward, не знам како. :D
     
  4. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми пише лп? Ми треба совет како да помогнам некому, важно е.
     
  5. Darling.

    Darling. Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Да ми пише некој лп што има искуство со хелекс ако може??
     
  6. Skorpija12

    Skorpija12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2022
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Мене ми препишаа хелекс од 0.25, тотално ме успиваше, не ми одговара.
     
  7. Darling.

    Darling. Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас на своја рака зедов баш заради несоница но воопшто не ме успа, 3 апчиња испив од 0.25 па така да заспијам.. Незнам дали би имала некаква штета од три?
     
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.247
    Допаѓања:
    119.643
    Пол:
    Женски
    Браво бе. Со кој памет хелекс земате на своја рака? Ајде еднаш биднало да не се повтори. Ако не те успива друг пат пробај со лексилиум, или чај од маточина или липа.. Ве молам не земајте антидепресиви на своја рака. Не се бомбони.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    10.893
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно. Но не земај пак за успивање.
     
  10. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    I jas sum hipohondrik, i da, i toa ti ja pojacuva ankcioznosta.
     
    На Zokiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tarantulla

    Tarantulla Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    472
    Пол:
    Женски
    B6
     
    На Matea^_^ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    14.855
    Пол:
    Женски
    Хелекс не е антидепресив. А, зошто би можело Лексилиум а не Хелекс?
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.247
    Допаѓања:
    119.643
    Пол:
    Женски
    Па не е ни Б6.. Лексилиум заспива повеќе, ама никако без консултација со лекар.. Хелекс, Дијазепам, Деметрин, Лексилиум..никако на своја рака. Земете Б6, земете Валеријана капки, Персен на пруродна база се, не си играјте со лекови.
     
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.393
    Пол:
    Женски

    Па баш со хелексот најдоа да ти си играат...Арно им кажа поарно лексилиум да пијат со препорака на доктор .Не сте свесни колку штетат седативи те со краткотрајно дејство.Кога ќе почне да ви касни циклус,да ви паѓа коса немој да се чудите
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    ме интересира еве конкретно за деметринот,знам за него дека има продолжено дејство на траење али од кога ќе го испиеш треба и поголемо време да почне да делува,он не спаѓа во истата група со хелекс колку што знам или?јас конкретно само него го појам со години,порано по потреба,а сега тераписки зошто сум со јаки панични напади и несоница
     
  16. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    и јас и често умирам од срцев удар,мозочен итн….страшно нешто е,но мора да се преживува некако и надминува
     
    На Tarantulla и Zokiccc им се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.393
    Пол:
    Женски
    Не е толку опасен како хелексот оти е со продолжено дејство (исто како диезапамот ) Хелексот со тек на времето тера на секој два саати да го пиеш оти е со краткотрајно дејство.Демитринот е многу подобар избор на седатив од хелексот што е за анксиозност и панични напади .
     
    На poi и Nena Jovanova им се допаѓа ова.
  18. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    тоа го имам слушнато ,а незнаев дали е и точно и затоа и прашав,стриктно на деметрин сум само али пак сум со напични и тоа пред спиење најчесто
     
  19. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Дечки како да прекинам да чувствувам симптоми што ги немам, сега прочитав една статија за мал срцев удар и пишуваше симптоми како мака со стомакот, мачнини, болка во гради и одма истите симптоми ги чувствувам и јас... Значи сакам да се справам со тоа, но не знам како, не ми оде, ве молам помогнете ми, дадете ми совет...
     
  20. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, пред пмс сум, стомакот веќе цела недела ме боли и повеќе, вчера имав мачнини, ама од склет што ме изеде почнаа мачнините и се исповраќав да ми помине, градите пред паничен да имам ме стегаат ама многу ретко, и сега ја читам статијата и си викам зар може сите симптоми да ги имав во овие два дена, си викам да не е некој знак ова дека ќе имам срцев удар, и ај сега кажи му на мозокот дека не ти е ништо...