Баш ми е мило за тебе. Ништо одмарај сега, за жал ние со оваа дијагноза една ден веселење, три дена од кревет нема станување после. Битно помина супер
Од вчера сум крш, пак мислите за грлото, вчера малку ми залетна храна, и цел ден внимавам како џвакам да не се задавам ☹️ денес усната ко да не е моја, аман се прашувам дали ќе заврши оваа агонија, се прашувам како само мене може да ми е нешто, не можам да уживам во денот со семејството.
Јас немам анксиозност туку симптоми на анксиозност поради тироидната односно поради хипертиреоидизам. Денес од сабајле времето е облачно, тмурно и врнежливо и почна да ме стега вратот и доле под брадата како да имам нешто и уште малку ќе останам без воздух и треба да викам брза помош. Отворив прозор за воздух да можам да дишам. Јадев покасно од страв да не се задавам. Црните мисли ми се нижеа една по друга, никако не можев да ги сопрам. Сега ми е подобро. После кафето седев на телефон повеќе од 15 минути и после тоа вака ми стана. Сега ми е подобро само чувствувам нешто во вратот како некоја кнедла потврда. Последниве четири дена само два дена пиев апче, заборавив, па може и тоа придонесе.
Има ли тука некој кој многу сака да спие, и го тера на спиење (од лекарства, можеби)? Јас душа давам за спиење, знам дека претерувам ама не можам против тоа. И дома не ме разбираат, мислат сакам да сум непродуктивен. Јас ако сум надвор - цело време мислам на тоа како ќе ми биде кога ќе си одам дома за да си легнам, да поспијам. Сакам да кажам, дали е ова чест симптом за анксиозно нарушување? Или само од лекарствата ми е?
Луѓе ви се случува ли наеднаш да блокирате, значи јас понекогаш основни функции не можам да извршувам, како некоја играчка што е тешко да ја уклучите, пример одам до некаде сама пример да купам нешто, влегувам, слушам само звуци секој зборува а јас се кочам лебдам летам, кога дојде ред да наплатам или така нешто пак кочење занесеност, како да не сум тука. Се грижам ќе помисли некој дека на нешто дроги супстанци сум од тоа мое отсутно понашање, ама некогаш ми е тешко да сум присутна не знам како да објаснам, згора на се концентрација нула, мозокот чинам ми се исуши од анксиозност.
Јас симптоми од скоро имам и стварно страшно е. Ми се десило само што ќе влезам в маркет да се изгубам и појма немам по што сум дошла и викам џокер ќе сети се сети се накај кои полици треба да одиш, како да лебдам и под дроги да сум, и си викам да не помислат оваа е луда или сака да краде. Едно време се гушев само што ќе влезев в маркет, снемував воздух. А на каса се немам изгубено до сега освен еднаш кога ми се слоши па пред да дојдам јас на ред мораше да седнам, а плус со две мали деца бев, па се тресев до дома едвај чекав дома да влезам. Многу страшно е анксиозност.
Исто исто, значи мозокот како преоптоварен ми е и со толку малку информации некогаш , си викам како другите функционираат. И јас се плашам од тоа што велиш , значи да не помисли некој оваа луда е или друго, ми се иде малце па ќе се срушатм а си велам толку едноставно нешто,не можам ни да купам нешто што сум наумила.... Но мозокот кочи , понекогаш и од телевизија, звуци, социјални мрежи, пишување со овој оној , се ме преоптоварува и мислам ќе ми испрсне мозокот од хаос, па и работа ми е таква што треба да сум нон стоп Алерт што се вика.
Б6 или чај/капки од валеријана, медитација или книга. Инаку пречесто ми се случува. Обично после некој длабок разговор со блиска личност.
Мислам дека од тоа Лорисланот најмногу ти се спие, мене пола од 2, 5 ме смирува, а некогаш и заспива. Толку си вознемирен што на два пати ти го даваат?
Па фактички една таблета на ден, два пати по пола. Не знам дали ми се спие од тоа, мислам дека токму тој лек ми помага најмногу. Како без него поим неам, знам дека ствара и зависност, ама имам искуство, сум го прекинувал без проблем.
Фалии витамин Д сега, друго е лето, ќе излезиш, ќе појдиш некаде на плажа ќе се попечиш на сонце малце и друго кажува, сега во зима малце да има сонце се излегува надвор доволно е да зрачи сонцето на лицето
Denes sun krsh, kako moze tolkava voznemirenost vo gradi da imam, se prepotuvam od strav, me bocka od leva strana, grbot pozadi, strasno, mislite samo negativni.