Не е баш така кај секој е различно. Знам луѓе кои без проблеми ги оставиле ад со помош на психијатар.. ама не, овде уште не земена терапија за оставање размислуваат. Море нека функционирам нормално, нит кила ме занимаат нит размишљам за оставање.
јас по 7 години пиење ама многу лошо минев и минам и јас бев нормална килажа,сега сум минус 10кг,многу екстремно слаба
Почнав психотерапија, сакам секоја недела да идам ама ми рече таа дека ќе се слушнеме. А психијатар, немам уште сменето
Душава ми знае Незнаев што ми се случува,па ни мојот матичен. Додека сватив што е,односно тука на Фемина открив,помина многу долг,црн,тежок период. Потоа веќе си почнав психотерапија и хелекс,кој го пиев долго ама во мн мали дози,повеќе од навика.Преку ноќ ги прекинав пред 6год.кога останав бремена. Имав пак период на анкс и постпородилна каде за малку фалеше да почнам да пијам ама успешно се извлеков за два-три месеци целосно се вратив во нормала. Највеќе психотерапијата ми помогна и поддршката од блиските.
Многу ми е мило што си се изборила со анксиозноста. Се надевам дека сите еден ден ќе го напишеме истото во темава. До пред некој период константно имав панични напади. Немаше ден а да немам напад. Сега ми се смирија, ама во одредени ситуации ме фаќаат тешки панични напади до степен да не можам да ја отворам устата и се чувствувам како изгубена.
Па неколку години бев без ништо. Сите голготи ги минав без апсолутно ништо,ни б6 ни магнезиум. Хелексот беше повеќе ради се што минав,малку да се опушти организмот. Да се вратам наназад,помислив дека прашањето е дали некој се извлекол без антидепресиви..А Хелексот не спаѓа во таа група нели?
На приватно,два пати неделно,точно не се сеќавам колку,неколку месеци.Психологот одредува кога е доста. Не во Ск.