Луѓе аман те, не можам повеќе, притисок од цела фамилија, како сум била размазена, ниту една работа не ми се погодувала, само стрес сама сум си правела, само сум се нервирала, до толку сум била разгалена што не сум можела притисок да поднесам на работа, пример како шефицата му правела ма брат ми сопки, па како он се снајдувал и храбар бил, а јас слабак..Џабе сум пиела апчиња кога ништо не бидувало од мене. Не сум знаела цврста одлука да донесам за ништо ни за љубов, ни за ништо.
И јас сум така но не можам мора да се борииме еве денес сум на работа,вртоглавица занесување тонењеее цело време без престан имам едвај издржуваммм се тресам целаа тоа е
Не знам. Се трудам да најдам од каде започна се тоа,некако ново ми е тоа чувство,главата ми е сосема различна. Осеќам како секој момент да ќе се онесвестам или дека ќе паднам,повратам. Како некоја празнина внатре имам.
Мислев на одвојување од родителите кои го прават притисокот зошто пиша дека си во иста ситуација како girllove
Добро како да препознаам дали имам стварно анксиозност и депресија или не не можам верувајте веке сум изморенаа значи не ми е доброо,сега имам и кочење во десна рака
Кочењето на рака може да ти е од стрес, многу често стресот манифестира болка или вкочанување во одреден предел во телото. Најди начин физички да го опушташ телото. Јас обично препорачувам медитација (има и тип на медитација во вид на "скенирање" на телото чија цел е да го опушти секој дел), ама ретко кој се нафаќа да медитира, поготово на подолг период. Ако ти звучи добро, пробај, ако не, најди друг начин.
После секојдневни проблеми со твоите не размислуваш дека е време да се одвоиш и да прекинеш/намалиш контакт со нив?
И дали може да ми се јаува од анксиозноста пошто цело време осекам така дека не ми е добро ке паднам некаде
Од анксиозност е, нема што друго. Мора да се соочиш со своите стравови и чувства. Секој организам е различен и затоа треба да најдеш што тебе ти помага. Најпрво треба да ги отргнеш лошите мисли. Наместо да ти се мота во глава дека не можеш да одиш на работа, не можеш да излезиш и така натака, ти речи си можам и направи го тој чекор. Тешко е, но не е невозможно. Зборувај со блиските, ако имаш некоја блиска колешка уште подобро. Ако имаш поддршка, тогаш полесно ќе го надминеш ова. Неколку работи што ми паѓаат на памет во моментов се да си чуваш бонбонче, чоколатче (кога ќе имаш напад би ти помогнало), чај или шолја топло млеко со мед... Ако не осеќаш никаква промена откако ги пиеш апчињата, зборувај со докторот. И верувај дека ќе биде подобро!
Ти не можеш да си даваш сама дијагнози, ке одиш на психијатар,тој ке те посматра, ке разговарате,и според разговорот и тоа што те гледа како се однесуваш ке ти воспостави дијагноза и соодветна терапија за проблемот, доколку установи дека го имаш.