Се случува. Ако немаш направено во скоро време, направи си крвна слика. Може ти е само ниско железото или пак низок притисокот. Ништо страшно. Ама мораш да најдеш начин да се справиш. Ако е притисокот, само надворешни активности и прошетки помагаат. Кафе претпоставувам може да ти направи полошо па можеш нешто газирано да се напиеш. Инаку ако седиш дома можеш и по цел ден да спиеш А ако се натераш да излезеш да прошеташ, откако ќе се вратиш и додека уште си на нога можеш да ги средиш и садовите и плус уште по нешто
i mene sea mi e taka kako loso vo zeludnik ne znam od zeludnik mi ide se losoooo pa pocnuvam da se prezevam paa nekako da mi se vrti ne znam se olabavuvammm
Здраво, имам 24 год и пред некој ден станав сабајлето најнормално после 20 мин се онесвестив. Ме измерија притисок ми брше низок, и еве неколку денови со ред ( инаку од 18 год ми имаат дијагностицирано висок притисок 120 со 160 ми е во повеќето саати во текот на денот, носев и холтер не ми утврдија од што би можело да се покачи, но не примам никаква терапија) Направив крвна слика комплетна, тероидна проверена и мерење на кортизол, сите вредности се во ред. Инаку сум overthinker и знам дека понекогаш размислувам и за работи што никогаш нема да се случат и можеби до тоа е проблемот. Некој со слични искуства? Благодарам
Направив во октомври месец, се беше во ред. Хормони исто така лани проверив сите беа во ред, само тироидната ми беше на граница од стрес. Инаку кога лани бев во Хрватска на работа ќе си дојдам од работа ќе се избањам, ќе одам да се прошетам, ќе се вратам кафе мафе ова она со вереникот ќе се слушнеме со нашите и ќе си легнам, значи немав време да мислам на ништо, и се беше во ред. Кога си дојдов дека пак дома затворена, пак ми се врати анксиозноста ама многу полошо од пред тоа. И со докторката правев муабет во октомври кога вадев крв ми рече немаш хоби, немаш работа, не излеваш, по цел ден дома и имаш простор во текот на денот да размислуваш апсолутно за се, и во право беше. Сега пак заминуваме за странство па се надевам нема да мислам и анксиозноста ќе ја има ама не до тој степен.
Денес до попладне добро, сега никако а еве и притисокот ми падна на 100 со 60, ми се слоши одеднаш, мислам многу и времево влијае што сме вакви никакво ееее
У јас иам притисок 90 со 60; 3 дена по ред ме кине глава, па еден не; ми се повраќа поради главоболките поголемиот дел од времето; и каква врска има тоа со анкциозност? Нешто да не пропуштам?
Знам, ама мора да се биде поцврст во животот, сите ги мачи по некој здравствен проблем. Како ќе се избориме со анкциозноста ако постојано се жалиме за сè и сешто? Не ме сфаќај грешно, те разбирам целосно и не сакам да ти одмогнам, напротив. Многу помачно е кога и' се препушташ на болката како да си беспомошен. Животот е премногу краток за да го поминеме во жалење.
Секој ден се полошо и полошо ми е... Си го дочекав алармот без око да склопам и џабе кога не ми се мрда. Не можам да се наканам да се спремам и да излезам. Душата ми гори, како да излезам и да се смеам пред луѓе?! Што правите во вакви моменти? Мислам дека прв пат ова ми се случува...
Општо не ти се бидува со луѓе или осеќаш анкциозност поради нешто друго, на пример работа која не ти се работи?
И двете, повеќе за луѓето. Како да глумам кога душата ми гори? Секогаш сум глумела, сум се смеела, ама овој пат просто не можам. 10 минути си зборував дека сум силна и дека го можам тоа, излегов и каде сум сега?! Пак дома...
Не глуми, не се форсирај. Сведувај ја комуникацијата на минимум, биди љубезна и културна, но не се смеј на сила, едноставно ако не ти е до смеење, не ти е. Ако се грижиш што ќе мислат другите, не се грижи, нема зошто да даваш некому објаснение зошто не ти е до смеење. Имаш право да не се смееш и да не глумиш расположен, кога не си. Во меѓувреме посвети се на себе, да откриеш зошто се осеќаш така. Тоа е битното, да направиш да се осеќаш добро зошто заслужуваш да се осеќаш добро.