Почнува страшно да ми се врти,во моментот како не се чувствувам добро,мислам дека секој момент можам да паднам и да се онесвестам. После тоа прилегнувам да спијам,мислејќи дека тоа ќе ми помогне,ама ништо. Затоа пробувам да не мислам негативно колку што е тоа можно,но стварноста и реалниот свет брзо ме погодуваат.
Јас се чувствувам како главата ми гори,не можам правилно да дишам во тој момент. Се чувствувам како да имам потреба нешто да исфрлам од мене,да го нема,но не можам.
Дечки како се справувате со јавен настап, презентација и сл или на курс кога ве прашуваат нешто па треба да одговорите. Не можам да се справам со тремата и одма ме фаќа такихардија, како да се преброди сето тоа?
Не би требало да ти е од тоа. Можно е само потсвесно да си мислиш така па да ти се случува. Мислам дека напиша дека е во комбинација со друг АД, може сум грешка. Полека ќе почнеш да менуваш POV. Кога ти треба нешто и си го зацртуваш во глава, на пример бараш лук на пазар и кога минуваш низ тезгите се концентрираш само на тоа. За промена, концентрирај се на нешто добро: наместо да почнеш да мислиш дека ќе биде депресивен викенд, замисли си го чајот кој треба да го испиеш на тераса, ако славиш Велигден - исцртај си јајца со фломастери или истражи нови техники за украсување... Вежбање, зборување на глас, разговор со пријатели (не пишување). Тоа е најдобро решение за опуштање и испробано функционира. И мене заради комуницирање сведено само на пишување за време на пандемијата ми се случи да не можам вербално да се изразам како што треба за на крај да сфатам дека и да направам грешка не е ништо страшно, па и тоа ми помогна.
Да,јас во моментов.Гладна сум,ама од што ме боли не можам да јадам. Инаку,како сте денес? Јас немам панични напади;се надевам дека нема ни да имам во текот на денот.Ноќта ја поминав само со неколку будења,и кога станав имав болки во рамената.
Ова е одговорот кога некој ќе ме праша како се справувам со анкциозност, напади и стресни ситуации. Сè е минливо и менливо. Дали треба да отидеш на стоматолог или да држиш говор или едноставно да излезеш на кафе со друштво; сè доаѓа и проаѓа. Нема откажување, нема туку така предавање како да изрезбано во камен.
Зошто ми смета кога некој ќе ми рече, не си дете мало, доста се лигуши, прекрати, крајно време е да порасниш. Послушај ме и порасни, не умираш.
Цел ден ми се врти мисла на алергија од храна, страв ми е да јадам поради тоа, и само се анализирам. Од што мислам само се чешам по телово и си мислам да не е алергија. Ах убави празнични денови со негативни мисли ☹️
Mi se pojacuvaat simptomite, od vcera mislam na aletrgija i sto i da izedam, kako da mi trne usta, cudno cuvstvo, cesanje itn i toa trae, trae.
Како сте екипо? Јас оваа недела добра сум, вчера имав мал паничен напад, ама помина за брзо, се смирив.