Еве денес јас го имам овој проблем. Ми се случува последно почесто, но денес особено многу. Рацете многу ми се потат, а и се останато. Да е топло да разберам, ама напротив мрзне во собава. Ја соблекувам тренерката и одма студ ме мава, значи не ми е топло. Мијам раце, се бришам по мене со марамче и за 5 минути пак сум се испотила. Ми гази на живчи искрено. Напната сум нешто денес, но не до толку за ова да ми се случува.
Ke bide vo red se decki, eve jas seushte sum okej fala mu na Gospod, pa ke vidime do koga, da Vi kazham nemozham ni potpolno da se opushtam, kako da ja ischekuvam..
Господе земи ме…. Тоа се зборовите кои секој ден неколку пати дневно си ги кажувам себеси. Зошто мора се интензивно да чуствувам? Зошто при најмало нешто јас имам панични напади? Го направив профилов за да можам некаде да се искажам бидејќи немам на кого. Доволно ги секирав моите дома, страв ми е мајка ми да не легне болна, а татко ми да добие мозочен удар и да си умре човекот. Немам на кого да се обратам, сите пари ги одадов по психијатри и нема никаков резултат. На почетокот кога ги пијам лековите се е супер, а потоа повторно се враќа анксиозноста во различни форми. Моментално пијам хелекс и елицеа, некогаш земам хелекс и дупла доза. Ама не ми делуваат лековиве веќе. Немам повеќе сила да се борам, почнав да имам суицидни мисли. Анксиозноста и депресијата си одат рака под рака. Извинете на долгиот текст, се надевам некој ќе ме разбере….
Немој да размислуваш така, сите го доживуваме истото што и ти,ова е минливо, ке трае може години ама ке помини, ти си физички здрава така да, нема да умреш,ко ке ти е така напиј се апче и ке помини, не сваќај го толку трагично, пола свет е со панични, еве јас секој ден имам, десет години по ред, ама никогаш сум немала суицидни мисли, не смееш да дозволиш да те надвладее, кажи му на психијатарот како ти е, разговарај и со психолог, он лине, ке ти олесни кога ти е тешко, поздрав и биди јака, се е минливо.
Закажав онлајн сесија на разговор.мк апликацијата, прв пат пробувам па да видам како ќе биде.Ако некој има искуство нека пише, јас ќе ви пишам штом завршам.Инаку деновиве како времево, променливо ама фала богу без премногу јаки напади.
Јас сега од 13:00 имам сесија ќе ти пишам како сум поминал, одбрав психолог по случаен избор, според описот како работи па ќе видиме.Секако ништо не се губи може само да се добие, па си реков да пробам.
на Брза помош ако ептен ти е лошо, а најубаво е да знаеш дека е само напад на паника, да се смириш и дека ништо лошо нема да се случи. @nikja во темава има многу пишувано за Пароксетин ( Депрозел, Сероксат) и Алпразолам ( хелекс) побарај.
Јас имам сесии понекогаш он лине, кога ми е тешко и сакам да разговарам за некој проблем без да ги замарам домашните и пријателите, и добро е,убаво што им текна вака.
Како што ти реков и во лп,секоја личност е различна и различно се справува со проблемите. Еве да кажеме,сите не се исти како тебе,не се силни,и едноставно,се потресени од самиот проблем.Зависи како ќе го прифатиме овој проблем
Анксиозност не е резултат на лична слабост. Доста со советиве што го поттикнуваат тоа размислување. Членкиве тука што пишуваат имаат очигледни проблеми кои не можат да се надминат со чисто игнорирање, со игнорирање само се потиснува и испливува на други начини.
Фала на одговорот. А каде се наоѓа брза помош во Скопје? Има на едно место или повеќе? Последните неколку дена/вечери многу се потам, ме фаќаат паники, ми се зема здивот... Се справувам некако, но кога ќе помислам дека не знам каде да се обратам за помош уште повеќе ме фаќа паника.
Ве молам за одговор, доколку некој е запознаен. Близок роднина пие Clozapine 100 но не можел да ги најде ниту во една аптека, не знам зошто, некој ако ги користи, нека ми каже. Па сопругот беше до Еурофарм и му дале Аклонил - Clonazepam 2mg. Сега читам дека овие се бензодијазепини, а првите се антипсихотици и дека се тотално различни. Во право ли сум и ако сум, како можат во аптека да направат ваква грешка и да се тотално неуки.
Аклонил ти е клоназепам, истиот состав убаво ти дале,клоназепимот е антипсихотик не е седатив, составот е клоназепам ,го има под разни имиња,едно од имињата е аклонил, и јас сум пиела аклонил,имаат седативно дејство, ама се антипсихотик