Во последно си го осеќам пулсот во грлото незнам дали од што мислам цело време на тоа или од друго, страшно ме нервира дури и паника ме фаќа. Можно ли е од анксиозноста и од стресот да ми е така? Што мислите вие?
Аклонилот е од 2мг, а Клозапинот од 100мг, не е истото мила, нема логика. Првиот е бензодијазепин со седативно дејство, а Клозапинот е антипсихотик за лекување состојби како шизофренија. Само што ни објаснија убаво во Зегин и им благодарам, си ја знаат работата. Замена за Клозапин е само и единствено Лепонекс 100мг, со истиот генерички состав Клозапин и отсега само него ќе го има во продажба . Инаку, фала ти за одговорот.
Го знаете она чувство кога сакате се да заборавите и да не се сеќавате на ништо? Епа така се чувствувам во моментов. Што повеќе работи знам, тоа повеќе сум свесна за иднината и тоа повеќе товар ми ствара. Ми ида да ја тресам глата од ѕид додека не заборавам која сум.. И знам дека има милион начин како да си помогнам, а јас не се ни обидувам да ми биде подобро. Едноствано не сакам, немам желба. Иначе има уште некој дежурен вечерва?
Отсутност и многу слаба концентрација.... Чаре? Док уште ме остави на 37,5 мг Зепира, и кажав дека Лорисланот пола од 2,5 уназад цела година постојано го пијам... Ми рече нека стои дозава, се гледаме во Јуни. Не знам дали да и пишам како се осеќам. . Се двоумеше дали да ми зголеми или смени. @poi повели.
Bolki vo grbb iam cel den isto taka i napred me stegaat gradite mnogu se plasamm deka ke ne mozam da disammm i ke me mavne udar
Мене неуробион ми препорача докторката за концентрација, исто така се чувствуваш. Ги пиев еден месец и не осетив некоја голема разлика. Сигурно требеше редовно да ги пијам. Е сега во твојот случај најдобро е да ја контактираш докторката порано или да закажеш термин, бидејќи до јуни има уште бајги. Јас мислам да не чекаш до тогаш. Инаку јас онака мислев, за разговор.
И мене се' ме стега неколку вечери по ред... пулсот ми е исто висок, осеќам тресење, се потам, едвај земам воздух и воопшто немам сила за ништо. За жал не знам чаре за ова. Како мала поддршка еве дека не си сама...
Па да, болките во грб може и од тоа да бидат. Ако си била изложена на промаа сигурно е тоа. Или па пократка маичка или на кратко останала гола кичмата и одма фаќа. Напиј се нешто, пример магнезиум или нешто такво да ти ги релаксира мускулите. Можеби ќе помогне. Или земи истуширај се, мене ми олесна малку откако се освежив.
Инаку пред некој ден читав една статија, ми се чини на Црно-бело беше. Како луѓето со самоубиствени мисли всушност не сакаат да умрат туку сакаат да не чувствуваат болка повеќе. Колку само се пронајдов во тоа, колку беше убаво напишано. Не дека ми е толку лош животот, ама е тешко да се справуваш со психата и психичките проблеми со секојдневните обврски. Имам желба за многу работи, но не можам од кревет да мрднам. И како некој што се обидел да се самоубие можам да потврдам дека статијата беше точка. Не сме кукавици, не бегаме од проблемите, не значи дека не сме силни ако мислиме на самоубиство. Напротив, бараме начин како да не чувствуваме болка повеќе и тоа е многу просто. Деновиве баш размислувам на овие теми... се "распознавам себеси". Ќе побарам пинк од статијата и ќе ви пратам, сигурно многу ќе се пронајдат.
Jas samo se plasam deka ke go izgubam mozokott i deka ke stanal ludaa deka ova samo mi e pocetna faza ili ne daj boze ke imam blaga sizofrenija i deka eden den ke poludam skroz i nema da znam deka sum poludela od toa najmnogu se plasamm
@GirlLove во право си. Знам колку време се мачиш со ова... и да, се е до тоа што го мислиме. Имам толку многу работи што сакам да ги остварам во животот. Ова црнило, депресијата, ми одзеде многу убави моменти од животот и уште го прави тоа. Ме јади од внатре. И цело време мислам на тоа. Што би било кога би било... Но што да правам мила кога немам воопшто сила да станам и да бидам полезна. Еве денес бев многу мотивирана, но на мрдно ме. Само се ислежавам и мислам на све и свашта, а тоа ме дообува. Вечерва напнав во темавата. Знајте сите дека секогаш ве читам, но ретко враќам и ви се извинувам на тоа. Се трудам да помогнам колку можам, тука сме за тоа. Да ви кажам уште нешто мотивирачки. Депресијата (па и анксиозноста) е болест што ги снаоѓа паметните. Многу мислиме, ги разгледуваме сите случаи и си ствараме уште многу проблеми. Значи избрани сме со причина. Се тоа ми е јасно, но немам желба да си помогнам, немам желба да го сфатам ова. Знам дека еден ден ќе успеам... Па треба некои денови и да се рипа по цела ноќ, да се колне, да се копнее по доброто што некако сме го испуштиле. Секогаш сум имала замисла дека ни треба група за поддршка. И друга членка имаше предложено тука. Тука и сме група за поддршка, но да соединениме за подобро. Не сакаме празни совети, само сакаме да сме ислушани. Ви благодарам на сите што сте тука да ширите позитиваз бидејќи не сме сами во ова и ми значи поддршката од тука. Иначе, еве ја статијата за која зборував погоре: https://www.crnobelo.com/zabava/eve...rat-samo-sakaat-bolkata-da-prestane?showall=1 Вечерва едвај дишам, ама од друга страна прегочема енергија имам и желба да одиме кон подобро..
Оф мила... Колку пати сум мислела дека сум го изгубила мозокот и дека за на лудница сум. Но не, ние сме луди, ние сме само пропатени души. Често се понашам хистерички, викам, пцујам, кршам околу мене... Некогаш ми помага, некогаш не. Но не, нема да полудиме до толку. Ќе се бориме за наш, сите заедно. Знам дека колку што јас осеќам потреба во моментов за поддршка, толку секој од ја бара таа поддршка. Значи заклучок: Да не дозволиме да полудиме!
А и некогаш убаво е да боли, да се чувствуваш како да полудуваш... нека боли, нека не распрчи... затвори сама во соба и плачи, ликај саат-два-три колку ти е потребно.. Јас се наоѓам пред мост. И како да не мислам, како да не ги разгледам сите случаи? Што би било кога би било вала, што во дригоот случај... Дали да го поминам мостот од другата страма на реката или само да се свртам назад по кој пат и дојдов. Убаво си кажа @GirlLove , се ова ни е од што премногу размислуваме... ама некогаш најдобро е да стоиме со скрстени раце и да оставиме на времето?? Нашето ќе биде кога тогаш наше. Само треба прво да се исбоцкаме по трњата на патот што го поминуваме со голи нозе. Па дечки нека тоа е тоа од мене вечерва. Изгледа ќе почнам почесто да ви се придружувам навечер. Барем некој да ни ги слушне маките, не барам решение, доволно е само да ги споделиш маките, товар помалку.
Да ти кажам добра сум, почнав да не мислам на болести како пред тоа, само преѓеска ми залупа срцето и од тоа паничен ме стрефи, смс ми помина брзо. Мене вака ми се случуваше пред две три недели не знам точно кога, ужас беше цела недела ме држеше. И тоа како помага кога ќе се искажиш на некој со иста мака, знаеш дека не си сам, кога ми е нешто не кажувам на мајка, брат, вереник, директно на вас пишам ме смирувате многу.
Она кога од нигде никаде ќе ти се вратат старите спомени,доживувања и чувствуваш како грутка во градите- анксиозност на највисоко ниво Како сте дечки? Јас сум подобра,панични напади ретко имам,ама премногу се потам и тресам.