Дечки како сте, што мислите дали од страв, анксиозност може стварно да се случи некоја болест. Си направив проблем од анксиозноста со желидникот и цревата, ми се поремети се, дијареа, грчеви, крчење, катастрофа. Дали вие имате слично искуство.
Многу се жалат на желудникот од стрес, анксиозност. Да бидам искрена, се чудев како и покрај толкави нервози не ме стегаше желудник. Но еве деновиве се случи и тоа. Стомакот ме кине, во пределот кај цревата. И јас често имам грчеви, ужасно чувство. Мислам дека магнезиум може да помогне... И немој да размислуваш на болести! Бидејќи се ни е до главата и умот.
Јас мислам дека поздрави луѓе од нас нема.... И дали некој проверил б12 витамин дали сметате дека е потребно да се испита?
Ќе ве замолам некој да ми објасни што всушност е психодијагностика и на кој начин се одвива. Дали има разлика од онаа дијагноза што ја утврдил психијатар и кои би биле придонесите од истата?
Не ти ствара болест анкциозноста, туку тоа се симптомите за јака анкциозност - чувство на трема, мачнини, грчеви во цревата, протерување, дијареа... мене секогаш на тој начин ми се манифестира. Па поготово кога ми се случува "напад" - во тие моменти истовремено можам и да повратам и да ме протера и да се онесвестам - ако не го исконтролирам на време.
Тоа е од самиот стрес што го чуствуваш, болка во желудникот, нервозни црева се дел од симптомите. Јас уште кога бев девојче секој стрес го минував со грчеви во стомакот и дијареа, тоа трае до ден денес, секоја стресна ситуација ми ствара или болка во желудникот или грчеви и дијареа. Кога ќе се смириш и тоа ќе помини, не се секирај не е болест.
Ние сме здрави само во главата ме сме како што треба јас до сега ме сум проверувала вит б12, но при последниот разговор со психијатар ми препорача да го пијам, читав дека од него не можеш да се предозираш, така да едно апче денот извесен период нема да ти штети, еве јас пред некој ден почнав да пијам, тоа не лекува но го потхранува нервниот систем
https://www.facebook.com/profile.php?id=100092064848832 Девојки ако сакате да ја фоловнете странава, на мои пријатели е организираат еднодневни екскурзии, сега запоцнаа со работа, а и плус еден начин да се подобри анксиозноста е патувањето, фала лејдис
Јас не знам веќе што да правам со пулсов. Пиев пола ксанакс од 0.25 и два бедоксина предтоа па спадна малце под 100ка. Еве го сега пак 100ка е. Дај кажете што да превземам.
Дали му се случило на некој да осеќа како тропкање/пулсирање во увото? Неколку пати во минута... Напната сум периодов и не знам дали е поврзано со тоа бидејќи на неколку дена ми се јавува... Ми се случувало и порано ама не вака често...
Јас постојано го осеќам пулсот во уво. Имам и тинитус. Поготово навечер кога е попристутна анксиозноста и кога знам дека ми е повисок пулсот.
Постојано, секое отчукување, или одвреме навреме? Сум го слушала и јас кога ќе легнам ама нормално пулсирање во ритам со пулсот... А ова е како тропкање ..... После 30 секунди пак ќе тропне, па после 5 секунди пак итн. И страшно ме вознемирува...
Искрено не знам како да ти објаснам. Појди и на орл ако мислиш. Лек за тинитус скоро и да нема, јас во таа тема имам пишувано ако не те мрзи побарај. И прва прилика морам да разговарам со психолог. Вака веќе не бива особено со пулот навечер. Еднаш и на дежурен завршив ама бидејќи се напив све што можев таму ми рекоа џабе си дошла сеа ти е супер пулсот.
Но и еден од симптомите на анксиозност. Престани да го мериш Почни со вежбање или физичка активност кога ќе забележиш. Исто така претходно имав препорачано и фокус на дишењето. Има многу совети што можат да се најдат за регулирање на пулсот. Пребарај, сигурно ќе најдеш нешто што ти одговара.