Здраво Ибанез Не реков никаде дека е лесно да се биде мајка ... ниту дека мајката не може да ја фати ански... Уште еднаш , според мене , мајката треба да има дополнителен мотив за уништување на анксиоз, поради нејзините деца ... тоа е мое мислење ! Позз
здраво луге како сте? Ја цел ден сум заробена со семинарски чуда... уф се здрвив пред комп цел ден и никако да ги завршам, а deadline ми е понеделник... полека без паники Спарки хаха сама си се тешам. ајде идам да си земам чоколадна торта за енергија и пак се вракам на обврските. поздрав и пријатна вечер my suport friends!
Princessofthedark-zaboraviv da ti kazam-pisuvase deka imas problem so cir....da ne ti tupam procitaj vo forumot za Bartlinievi zlezdi-izgleda toa ke da e ....Mnogu zeni patat od toa...Antibiotik i mast i ke bides kako nova Pozdrav
Секси девојки мои , никогаш немојте да им се предавате на мислите , јас денес постојано имам напади и ги утепувам со тепалка за муви чао , чао , чао
Петро мори кај ти беше таа тепалката вчера да го отепам мојот напад после толку време И шо, имав напад, ајде потење, сребиење 500 на час, желудник до врат црева кркорат, јазик трне, грло суво со кнедла на среде и Ана уште жива Медицински феномен! Луѓе мои поздрав до вас, поздрав до новите членови многу ве има, нека оде на арно само, заедно е полесно, маката ќе омекне а вие ќе се зацврстите! Јас сум добра, нервозна сум многу, испити цел јануар имам, немам спено повеќе од 2 часа навечер, не ни можам да спијам, само учам, читам, а колку ме мрзе, преку ден обавезно пешачам, еве да се пофалам некња на Водно бев, се искачив до горе!!! Мора малку ова гзе и бут да се зацврсте и тоа е тоа. Толку од мене, се одјавувам, гуш до сите!
Гледам раздвижено на темава по сабајле хахаха уффф и ја више неможам да се поднесам, напади несоници учење...... неделава рушам рекорди со несоницава до 8 сабајле седам ! си спојувам 2 дена хахаха Поминаа празниците и сеа со проблеми на факултет. се повампиривме хахаха, деновиве бел ден не видов.Стани од спиење темница надвор! може и тоа да ми влијае малку на расположението, а и башка што немам излезено од дома деновиве, се зацементирав со книгиве хаха Сакам пролееееет, најубаво ми е не се прибирам дома. Обожавам да си пешачам да шеткам. А не вака зима без снег,само се мрзнеме на суво. хахаха (( хихх се изнатрескав глупости у 5 сабајле. ајдеее чаос доба нок/утро *
Ах истата мака SparkyAngel, си легнувам кај 8 сабајле па после касно станувам и бел ден пред мене не гледам. Уште поубаво што немате снег, јас многу што го сакам снегот сега не ни сакам да го видам. Премногу се лизга надвор, прееска бев до продавница како полжав се движев да не се лизнам и гледам една баба и тоа постара ме замина побрзо од мене одеше а пред некој ден како си се спружив целата како плескавица пред да влезам во такси а таксистот ми се изнасмеа уште за смеење беше сега неможам да седам на стол од газот што ме боли Петра ај те молам и мене позајми ми ја таа тепалката да ја избркам и анксиозноста моја, со се му се имам закането и никако да си замини. Доста е јас со моето жалење вие како ми сте како што кажа Петра секси девојки се надевам дека супер си врвите овие денови.
хахахаха а мислев дека малку се тие што не гледаат бел ден од проеметен биоритам.... не памтам кога сум легнала пред 3часот по полноќ... срамота... после станувам у 12-13h и не знам што се правилни оброци, ни кое време за што е ... комплетно измешан биоритам Ова испити у јануарска, семинарски и други глупости, а и времето никакво тмурно....на дек да фанам е работава денеска не ни преспав (нешто од семинарскиве а нешто од грижи) со надеж дека утре ке ми се приспие у некое регуларно нормално време и ке се опраам некако, а притоа дека ке бидам од некоја корист и нема да зјаам цел ден
добар ден на сите.убав ден е денес кај нас сонце има топло е ми доаѓа да излезам и до вечер да не си дојдам дома ама.....ок како сте ми вие денеска се надевам подобро како и мене помалку лоши мисли а повеќе позитивни.јас само имам еден проблем треба да одам во град а некако не можам не знам да одам ќе одам ама ми е тешко ова тргнувањето и згора на се треба да се пријавам во завод за вработување а таму еден женкар што да ви кажам знае дека сум мажена а сепак ме гњави.Nе знам што да правам никогаш сама не сум отишла кај него или со сестра ми или со децата или со сопругот(тој знае за оваа ситуација).Zатоа изгледа не ми се оди ми е страв да не ми направи нешто еве сега додека писувам за ова го чувствувам стравот и сака паника да ме фати.Dевојки помагајте.
Петра ти си цар,многу се изнасмеав ова утро,девојчиња мои гледам по постовите па сите сте толку млади,уживајте во младоста,јас на вашите год.живеев 200 на час,иако имав проблеми(семејни,помеѓу родителите),директно се одеше преку мене,бев сведок на мн.лоши нешта а ништо не можев да сменам,тогаш се чувствував мн.јака,учев на туѓи грешки,мислев дека ништо на светот не може да ме скрши,едноставно гледав секој момент да го проживем како што сакав,и ми успеваше!Тоа бев јас во младоста,живеејте,лудувајте,журкајте се,потпинувајте,тоа оди со младоста!Подоцна животот се менува,со брак,деца ,др.обврски,др.проблеми,па плус и свекрвата ако не ви се погоди ,ха,ха,(таа е сл.како анксот),уште кога ја видиш од вратата се тресеш од нервози и срцето ти прескокнува,ха,ха ма бетер од анксот! Понекогаш си велам само малку да се вратам на моите 20 год,и да ја имам истста сила и воља! Поздрав до сите,и не се предавајте! Ваша Дада-Н
ЗдравоооОоОоОо Ангелак Згора на се да се пријавиш во завод а таму женскарот ... А што ако човекот не е женскар туку ти си неодолива ? м,м,м,м ... баш те боли каков е , заврши ти работа, залапај се пред него со мажот ти и готово без заебанција , ако е толку опасен , сопругот нека те чека пред канцеларијата , и тоа е тоа ! акана,спарки,буби - со пореметен биоритам ... и јас страдав од тоа подолго време ... многу е тешко , посебно кога губиш осет кој ден е ... не е здраво ни за организмот, пошто нели сите знаеме дека ноќта е за сонот и тн и тн ... тоа мора да го промените . Дада-Н така така ... во право си за се, нека читаат младиве а не само офф леле , ова ми е она ми е , наместо да зграпчат некој петел па со него пердуви да летаат Анушка тепалката за муви , ми ја даде Буца , ја купила од психијатарот што продава костени на зелено пазарче ( старо гафче на Буце ама незаборавно) БУЦЕ ДЕКА СИ?
Здраво женски. Гледан многу сум пропуштила а само 2 дена ме нема на форумов. Иначе не дека не сакам,ама некако последниве 2,3 дена ми се врати непожелната гостинка,па неможев да седнам да пишувам.. Ептен се обесхрабрив некако..сега имам некој стравови дека ќе ги заборавам сите..мајка ми и татко ми ги гледам како да не ги познавам,па дури ни себеси како да не се познавам,ко само да ги гледам сите,а ко да не сум присутна...ептен ми ми е лошо,нокеска цела нок сонував дека не постојам дека само сум скриена негде во телово и немо посматрам,ептен се плашам дека ќе престанама да постојам,дека ќе исчезнам..незнам шо да превземам,се плашам ептен...
поооооооо се паднав од смеење петра и буцка сигурни сте дека сте анксиозни???хехе па ептен сте некако оптимистички настроени ,,,,то со психијатарот костените и тепалото јако е хехе со да праиме да се насмееме малку уфффффффффф мразам повеке да мислам и да се замарам денов со вас и со смеење ми почна па ке терам така ај поздрав
по долго време ресив пак да писам ,анксиозноста многу ме нападна во голема депресија сум со страсни црни мисли од кој се пласам да не се остварат бев кај цадловски во скопјр ми даде елицеја некој нови и заласта со хелекс но мене ми е полосо веке три месеци ги пијам совет и поздрав до сите на форумот
Хај Гузи ... еве ти совет , читни ги постовите од почетокот па до сега и не еден, милион и еден ќе најдеш ... Дазлинг ај не заебавај , враќај се во позитива
Аааааааааа (акнала Сањо, акнала ), него што е ова, некако сте се ми се размазиле .. .. Абе кога ќе ве грабнам сите со тепалката на Пепито, има газињата црвени да ви ги направам , дечки мои, па што ви се случува?! Зашто се предавате? Сите многу добро знаеме дека чумава секој ден барем по еднаш чука на порти, ама кој ја шмиргла бре луѓе мои ... шибнете и еден бокс, нека брка работа! Изгледа временцево променливо на сите ни влијае, и јас сум како мавната овие денови, но како што реков, не дозволувам било кој и било што да го наруши мојот мир. Си скиткам и ич не му чуе што Македонија нема море!!! Не се давајте така лесно на она што не е лесно да го извадите од Вас. Добро другарчиња, да Ве прашам, односно констатирам .. Сигурна сум дека сите си се сакате себеси, знаете дека за Вас, никој не е побитен од Вас самите и дека си го сакате спокојот и мирот кои некогаш ве обземале.. Тогаш зашто дозволувате едно нешто, кое е подло создадено, да има толкаво влијание врз Вас? Добро, разбирам, во почетокот дошло, предизвикало емотивно курвинско-подли емоции, ве разнишало и подбутнало малку, но сега кога веќе знаете со што си имате работа, зашто уште се угнетувате и често се самоанализирате?! Убаво кажа Дада-Н, живејте ги годините, понатаму темпото ќе се смири, ќе се убрза другиот дел на ритамот, домаќинскиот. Се чувствувам дека многу Ви попувам, но навистина ми е мака што подобрувањата се периодични. Ајде малку похрабро, посамоуверено, ги имате Дуња, еве и Ерик сега е тука, личности кои се повозрасни и кои ја поминале анксиозноста, мене, која можеби не сум доволно компетентна, но сепак сум паталец, па драги мои прашувајте што ве интересира, да пробаме да ги решаваме битките една по една, во ред е да се искажеме сите, но не и да останеме само на тоа кажаното. Џабе зборуваме, ако не делуваме. Не знам дали ми верувате, но навистина сакам да сте добро и во полн ек да чекорите кон предизвиците. Ќе биде се‘ во ред, заедно сме во сето ова! Дадо, ти не се престарувај, таман си, тука некаде сме , и потполно те разбирам што сакаш да ни посочиш, верувај ми дека колку што можам, на полна пареа функционирам.. хехех .. Александрито, бев анксиозна, да, и сега знае да си тропне на врата, но откако ја дознав и научив што ѓубре е, и знае само да ме комплицира, за неа, вратата е заклучена за цел живот, испцуена е не во 3, во 313 лепе пи*де материне , не ми треба таква кучка... Кажав во некој пост пред, дека насмевката и смислата за хумор, не дозволувам никој да ми ги одземе .. Дазлинг душо, ти некни за пиење ме прашуваше, а сега види .. Ајде опушти се со една чашка греано винце, да видиш што е празник на душата и емоциите .. Не се секирај, ќе помине оваа периодична променливост, ќе огрее сонце над облаците ... АнгелаК, ако се замараш ти со секој што ќе ти пријде на таков начин и за него добиваш стравови и паники, тогаш девојко јас ќе ти упатам закани , многу ми се опасни и тешки, прашај ги другарчињава, се тресат од нив, ахахаххахахахахахахахаха .. шала на страна, типот може само да гледа, повеќе не! Ако се обиде нешто, има обезбедување и летање од работа, ќе биде исфрлен како проектил.. Оди и заврши си работа и не се замарај .... Акана, Спарки, Буби, легнувајте таму, да не Ви се заканам и Вас, па ќе видите што ве снашло , ахахаххахахахахаха ... Вечерва сум многи опасна, ррррррррр, ахахахахахах Сјело никаде ми ја нема, се прашувам како е? Нестлево, заљубено изгубено, конечно се јави, добро е, си искачува таа Монтеверести, ехехехе.. Пепито, прашуваше кај сум, епа еве сега читај ме ако немаш друга работа ... Се извинувам за долгиов текст, но мое си е да си напишам, а Ваше е дали ќе прочитате ... Ибанез, Блакце, Даника, Ангел, Таци, Ненушка, Јасминајами, Адела, Ада, 485, Рибче, Надеж, Алекцоки, Зоце, Принцес, Мања, Еци.Ск, Писателка ...., простете ако некој пропуштив, како сте? Се‘ е во ред со Вас или и тука да се заканувам? Хахахахаххахахахахаха .. Убава вечер на сите драги мои, до следниот пост ... П.С Не заборавајте да се насмевнете, запомнете, таа Ваша насмевка некому му значи живот Ајде поздравинела, прекраснотијата Ваша, една и единствена, елегантно препоплнетата, Буц ... ахахаххахаахаха ...
Здраво девојки . Не пишувам редовно ама затоа секој ден ве читам , па еве да кажам и јас дека деновиве сум подобро , онаа недела имав 2-3 дена кои што навистина беа кризни , толку што немав волја ни да станам од кревет , ниту пак да пишам овде . Спеак некои работи се средија и тој период помина , Деновиве имам мн обврски така што ретко и помислувам на анксот иако знае да ме здрма барем еднаш во текот на денот , добро е тоа што успевам некако да го исконтролирам навреме . Инаку ја запоставив терапијата па од следната недела кога ќе завршам со обврските ќе почнам повторно и сигурна сум дека следи еден по позитивен период за мене . Ве поздравувам сите и се надевам дека сте добро .
еве добра нок и од мене. Пред малку само што се прибрав дома. Се смрзнааааав. у главно ок си поминав. Некако ве читам и една мисла цело време ме измачува..Што ако ова состојба никако не ја надминам..?вие што сте ја надминале од анкс, сте оделе на терапевт и ви помогнал низ разговор.. Јас освен тука на форумов немам со кој да споделам и со Б6 и Б комплекс сигурно дека мн потешко ке ја надминам состојбава. Ахх незнаете колку се нервирам што толку мн сум чуствителна и мн лесно може некој да ми влијае на самодовербата.. Мислам дека од кога сум на форумов и знам низ што проагам полесно ми е дека не сум единствена. Ама кога и да помислам дека сум надминала 1 левел во врска со анкс, пак ми се врака. Или поточно кажано јас паничам ( и ко сама да си ја барам)...