Леле и мене ми е така последниов период, пијам пробиотик и нолпаза, ама ми ескалираше состојбата со стомакпт последниве две недели, со некои кратки дијареи што не можам да кажам дека е дијареа, болки во стомак и сл. Викендов триста мисли, не знам како може и покрај толку обврски јас наоѓам време да си го анализирам телото и само ми текнуваат болести. Кога ќе заврши чудово ☹️
Хелекс пред повеќе години имам пиено 2,5 милиграми во ден во три дози. И пак не се осеќало најидеално. Две дози по 1 мг и една од 0,5 Едно апче од 0,25 пијат луѓе од 90 години. Освен дозите може да се менуваат и лекарствата. Знам луѓе што поднесувале подобро лоразепам и обратно
mene posle sekoe jadenje mi e tesko loso i obicno i koga ne sum jadena mi e taka kako tezina kako losenje od zeludnik ne znam epten gadno
Да не се лажеме.. анксиозноста е болест, значи спаѓа во ментални болести и не знам зошто толку ве вреѓа тоа.
https://www.instagram.com/reel/CosD6bdvvf1/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Не велам дека е вака едноставно. Или дека треба да се баталат терапии и сесии. Само сметам дека вакви едноставни мали секојдневни нешта и те како помагаат. И 2 убави коментари:
И јас тоа го сватив одавна, не знам зошто некои не сакаат да прифатат,и сеуште се тешат со тоа дека е состојба.
Здраво. Нова сум на форумот и се борам со анксиозност веќе 2 ипол години. Тешко ми е многу деновиве, па сакав да споделам како се чувствувам. Не знам од каде да почнам.. ќе се обидам да бидам што пократка. Вака..прво да кажам дека јас имам говорна маана, пелтечам од дете уште, сега веќе 27 години ќе правам, не се повлече пелтечењето, нема врска океј сум со тоа. Имав не така убаво детство. Во школо на почетокот ме зафркаваа, ме имитираа како зборам, ме избегнуваа, плачев дома, бев повлечена не зборев со сите само со две три другарки кои ме прифаќаа. Ајде тоа некако помина, маките почнаа во средно. Пелтечењето ми се влоши, не можев еден збор да изговорам од трема и страв, па морав секогаш писмено да полагам. Тогаш се случи нешто во мојата фамилија, татко ми стана алкохоличар..секој ден доаѓаше од работа пијан, правеше проблеми, кршеше, викаше, некогаш не удираше мене и брат ми, но повеќе беше психичко малтретирање. Да не влегувам во детали, можете да претпоставите.. Почна скроз да полудува, да му се причинуваат работи, стана агресивен, изгледаше како да е пијан цело време иако некогаш не беше. Неколку пати беше хоспитализиран на психијатрија и цело време така, те беше добар, ќе почнеше да работи и пак по некое време се враќаше на алкохолот и пак во болница. Сега веќе е смирена ситуацијата, но тој е на антидепресиви и и воопшто нема желба за ништо, само спие и јаде, толку. Јас доживеав голема траума, замислете секој ден да го гледате вашиот татко пијан и насилен. Не можев некои денови да учам, да излезам да прошетам со другарки зошто ми забрануваше, ми го зимаше телефонот. Морав факултетот да го оставам затоа што не можевме да го плаќаме и тогаш се вработив. Работев на каса и секој ден некој се наоѓаше да ми искоментира или да ми направи фаца за пелтечењето, ми викаа не сум требала со луѓе да работам ако не сум знаела чисто да зборам, а немав друг избор, таму ме примија и морав да работам затоа што морав од негде лебот да си го вадам. Ми беше стресно, со плачење некогаш одев и се враќав од работа, ја мразев. Еден ден почина баба ми која ја гледав мајка (мајка ми никаква поддршка не ми дала во животот и она ме има малтретирано како помала, толку треба да знаете за неа). Бев многу повраза со неа и од тука почнаа моите симптоми.. Прво едно утро се разбудив со вртоглавица која се повторуваше на неколку дена, па имав и главоболка и гадење и се. После десет испитувања ништо не излезе дека е, па ми препишаа на стрес. После тоа други симптоми.. Гушење, тахикардии, црни мисли, страв дека ќе умрам во спиење, дека сум болна од многу тешка болест и слично, знаете.. Ајде ехо на срце, холтер, екг, се беше уредно некако се смирив кога дознав дека резултатите се во ред. Еден ден доживеав паничен напад на работа, мислев ќе умрам, почнаа проблеми со желудникот да ми се јавуваат, болки, надуеност, гадење, не можев три дена леб да ставам во уста од што ми беше лошо. Земав често боледувања и од работа почнаа да ми реагираат, како сум била неодговорна, грешки сум правела. Дадов отказ од работа бидејќи не можев веќе од дома да излегувам од страв дека нешто лошо ќе ми се случи на работа. Еве веќе неколку месеци сум без работа, ги изгубив сите другарки, таа што ми беше најблиска се пресели во друга држава и не комунира веќе со мене, буквално се осеќам како да немам никој освен дечко ми што ми ја дава максималната поддршка и сум преблагодарна за него. Се изолирав од сите, срам ми е во аптека апче да си побарам, срам ми е храна да си порачам, срам ми е со други луѓе да комуницирам поради пелтечењето. Да не ми се смејат, па што ќе мислат за мене, па како ќе излезе зборот од мојата уста дали ќе се здткам или не. Скроз се изолирав од се, дома не можам татко ми да го гледам таков без живот во него, надвор се плашам да излезам да не ми се слоши. Почнав и суицидни мисли да имам, дека ова моево нема да помине, дека сите ќе ме избегнуваат, дека ме гледаат ко за греота да сум. Пробувам да зборувам со мајка ми, но таа не ме разбира, ми вика го имитираш татко ти. Имам разговарано со психолог, едвај и таму се искажувам, цела се тресам, губам воздух за да кажам нешто, научив некои техники, ми помагаа на почетокот, но сега веќе не. Буквално не можам од дома да излезам од страв дека нешто ќе ми се случи.. До сега избегнував да пијам апчиња затоа што го гледам татко ми колку се повлече, па ми е страв да не ми се случи како него, но веќе немам сила да се борам сама, па доколку сакате да ми препорачате некој психијатар што вас ви помогнал би ви била благодарна
Јас пре би рекла дека вие што упорно тврдите дека е болест не можете да прифатите дека е состојба, зошто кога ја дефинирате дека е болест, за вас е неизлечлива, и тука има лажна утеха.
Нешто што не ми дава да станам од кревет со денови, што ми направи да изгубам работа, да се осеќам како да ја имам најтешката болест и дека ќе умрам, за мене е болест.
Обично се согласувам со тебе ама за ова грешиш. Има разлика помеѓу периодична и лесна анксиозност која што ја чувствуваат сите луѓе и анксиозни пореметувања кои се ментални болести и може многу лесно да се најдат како официјални дијагнози под шифра. Не ми е јасно зошто ова е воопшто спорно, како да е нешто срамно.
Претежно е обратно. Од што ја сметаат за состојба и нешто што "ќе помине", често останува нетретирано и го намалува квалитетот на животот. Не е табу веќе анксиозноста
Ништо ме е срамно. Но едно е анкциозност, а друго е на пример анкциозност со депресија. Ама класичната анкциозност е состојба иста како стравот на пример, дел е од човековата природа, со причина. Работата е што ние луѓето сме различни, некои се почувствителни, некои се поцврсти и секој различно ја поднесува. И секако најмногу игра улога што превземаш за да научиш како да се бориш против анкциозноста.
Секако дека не е табу. И секако дека не треба да се игнорира, баш напротив. Исто како што не треба да се игнорира и едно најобично чувство што ти се појавува, доколку ти прави проблем.
Тој што има хронична анксиозност што трае со месеци тоа е клиничка слика која може да крие и други состојби и треба да се обрати на доктор. Клиничка слика не е исто со секојдневен стрес и акутна фаза која проаѓа. Освен тоа лекарствата не посројат за џабе и за нив си има стручни доктори.
Ти повторно пишуваш за вообичаена анксиозност. Кога ќе станат симптомите доволно силни и чести за да го попречат нормалниот живот на еден човек, се исполнуваат дијагностички критериуми за да се даде дијагноза и да се нарече болест/растројство.
Многу е опширна и широка темата за да ја дебатираме, секој човек има анксиозност, или се почувствувал анксиозно во период од животот, многу не се ни свесни дека ја имале, а кај многу од нас трае и се бориме со неа. Ти малку ги мешаш работите, нормално дека има потешка слика на анксиозност, тоа не го спорам.