Од како почна ова со врнежите, цело време ми се спие, нула енергија и мотивација за работа. Одвај, одвај успевам да завршам обврски. И кај други вака?
Нормално е дечки, дур се навикнеме на дожд, почнува сонце, па после додека се навикнеме на жешко, ќе почне да студи и така како спобудалени, без енергија, само на спиење тера, еве сега е ладно, утре 30 степени..
И мене ми препишаа Зепира, прв пат во живот пијам АД, во петокот се напив прво апче, денеска имам вртоглавици, во упатството прочитав дека тоа може да се несакани последици од самите апчиња. Дали и тебе ти се случувало вака? Или пак доколку некој од вас има искуство со Зепира.
Зависи. Ако нема потреба (а најчесто нема) 1-3-5 години. Ја имаме можноста да стапнеме во ординација и после неколку дена да имаме резултати, Во други држави пациентот мора да се помачи за крвна слика Така да, ако нема реална потреба (и пак ќе повторам дека најчесто нема), тогаш нема зошто да се прави често. Матичниот би требало да може да оцени. Апсолутно. Многу точно објаснување. Кој и да сретнав ми се пожали на поспаност така да уживајте уште ден - два, после почнува лето...најверојатно Ова не е симптом на анксиозност
Јас пијам зепира 20 мг, и супер ми е, никакви нус појави,одлично се осеќам, функционирам што е најбитно
Ако читаш нус појави, сите ќе ги имаш, пиј и ништо не читај, на сите таблети истото го пишува, сепак не се бомбони
Ако е во ЈСП, се симнувам одма на наредната станица. Па после или фаќам такси или чекам нареден бус (со помалце гужва).
Не мислам на паничниот, бројам колку луѓе има во автобусот или пример замислувам боја и ја барам во автобусот, со цел да го тргнам фокусот и паничниот го намалува својот интензитет. Никако излагање од автобус, така само бегате од решавање на проблемот. Немате страв ни од гужви ни од автобуси, некогаш може ве фатило паничен во гужва во автобус и "аха јас од гужви имам страв и ќе ги избегнувам од сега". Сами ги создаваме тие нереални стравови, а соочувањето со нив е единствениот пат за да ги победите.