Кај и да е, ама побарај второ мислење. https://evromedika.com.mk/ Многу го фалат види зашто он работи и со многу потешки случаи од анкс и паник атак и може да процени дали си за пиење такви лекови или не ..
Читам овде добра била некоја Зора Митиќ се јавив да прашам немаше термини викаат приватно имало во јули ама тоа 1000ден за пола саат а 2000ден за цел саат. А државно дури август
Немам пиено анти-депресиви никогаш. Ама мелатонин пиев заради несоница. Еден месец, и ми го поремети циклусот, наредниот месец не добив. Многу чудно беше, прогуглав и видов дека и на други истото им се случило. Ама секој различно реагира.
Јас го препорачав од искуства на блиски.. мене тој не ми е психијатар. Ама апчињата што и ги дале.. мислам дека мора да побара друго мислење. Да се види што е.
Види со психијатар многу е битно да се најдете на бранова должина. Не можеш да се ослониш само на форум што се пишува.
Јас сум со мој термин 150 ден плаќам и задоволна сум од психијатарот.. ама и мноогу работам на себе и не се откажувам лесно, терапија немам зголемено веќе 6 години на минимална доза сум..
Анксиозност со панични напади. Панични напади сум немала од кога почнав кај докторот и терапија, ама и пак ќе нагласам многу работа на себе. Смената сум 180 степени од она што бев.
Да, еден месец е малку. Инаку ашваганда е адаптогена и делува онаму каде што најмногу треба. Претходно имам пишувано за ова
И јас неќам жешко и ми смета, не знам дали до то е. Вчера пример имав тригер и за паничен и за несоноца. Градуирано како запролетва помалку спијам и веќе влегвам во опасна територија кај шо сум постојано уморна и сепак не можам да заспијам и ме исцрпва. После есен/зима и по 12+ сати можам да цепам и од кревет цел месец да не станам ако не морам. Прам и ноќна прошетка, сат по ладо, да се уморам, да се дестимулирам, да намалам стрес и анксиозност се со цел да спијам и пак џабе. Еве го играм мачорот и сум wide awake и ништо нема да се смени. Па гла ме боли, шо ќе прај на не спиење. Па ми се лошело, и то нормално на не спиење. Веќе некое време и ритуализирам. Не ритуализирам секогаш ама кога ме дрма јако знам пошто и ритуали ми се ептен очигледни и ми сметат на секојдневието. Аман веќе.
Јас не знам како ама баш сега најдобро заспивам, секако порано ми беше и на мене така во чудна фаза сум искрено...