Да ве прашам... Дали од анксиозност може да се чувствува нонстоп глад? Иако јадам често кај мене цело време ми е празен желудникот
Е како низок, ок е овој притисок, особено ако не си во движење. Немај гајле. Инаку да, времето, независно дали топло или ладно влијае на притисокот.
Порано од психијатар ми беше препишено хелекс, елицеа и уште едни заборавив како се викаа. Ги испив тие а со хелелсот продолжив по потреба. Навистина ми помагаа, ама ги прекинав пред три години и последниве месеци осеќам напнатост, вознемиреност, имам панични напади, ме стегат градите, неможам да се смирам....се наоѓам во Германија и појма неам како одат тука работите за на психијатар па маж ми отиде кај еден доктор да ми ги препише, арно ама тој ми даде едни Frisium 10mg (clobazam) кои ги гледав сега на интернет дека се дијазапам а не хелекс, па и уште таму се дерел дека дијазапамот го пиеле само наркомани, па да знае он ние какви апчиња пиеме во мк, дека сите од младо до старо пиеме и појаки од овие, ќе се шекне. Инаку сакав да прашам некој дали има искуство со овие frisium?
Јас губев апетит, буквално не можев да поднесам во уста да ставам храна, дури и најомилената, јадев со сила ама баш со сила. Глад не знам дали е симптом на анксиозност, ама ако во галава си замислиш се може да те заболи и се може да ти биде. Така да, пробај да мислиш позитивно, да си кажеш дека ништо не си болна и дека ќе ти помине. Кај мене успева.
Да, може да се јави зголемен или намален апетит, пропратен со гадење и мачнини. Кај секого е различно.
Да со гадење, мачнини, 3 пати и имам повратено, главоболки, вртоглавици, вознемиреност, страв дека ќе паднеш надвор ако си сам, боцкање во срцето, трнење на рака, препотување, па после ладно знаело да ми стане, ми смета мн жешко време.. малтене нема симптом што не го доживеав, за жал.
Тешко оди тоа да кажеш оти си добро кога ете ми смета жеково, гладен цело време, па нозете болат... Неоди некако. Треба да одам на психијатар ама тек петок.. До тогаш тешко ќе биде.