Дали мислите и времево еве што е променливо влијае на анксиозноста? Или нема врска.. Ептен сум денеска за нигде До вчера бев супер..
Па незнам дали од времето, ама мн се чувствувам неубаво, мислам се нешто ќе ми се случи, како зашеметено во главата, уморно, ме боли грбот...а башка и пред добивање сум па и тоа е плус... :/ ми смета гужва и не ми се ни зборува.. без веза
Верувам дека на повеќето им беше тежок денот. Би требало малку одмор од горештината и сите да се осеќаме подобро.
Здраво луѓе значи вчера топ бев лепота и денес катастрофа ја не знам више што е ова еве веке 16 дена на Елицеа и Хелекс сум кога ке почне више да биде убаво цело време пешачам со надеж дека ке биде подобро али ништо
Продолжи да си пешачиш и не се разочарувај на лошиот период, прифати го како дел од процесот на лечење. Некогаш ќе ти биде полошо, некогаш подобро и низ тоа сите поминуваме, лечењето не е рамна линија.
Воопшто не сум спана. Си легнав после 4 и на селои саат време се будев. Сонував чудни сонови, побркана сум.
Сношти бев мегу луге пошто бев на концерт ама почна некако како да ми се врти да ми тежи главаа да ми шаренее пред очи а не бев јадена од 14 часот а беше 9 ипол кога бев на концерт не знамм од шо така ама се исплашив
Дали некој од вас има проблем со играње на мускулните неколку пати секојдневно, насекаде низ телото? Не знам дали е симптом на анксиозност, или симптом на некоја сериозна болест. Јас имам health anxiety disorder. И свесна сум за тоа генерално и кога сум при себе си викам абе каква болест аман ништо не ти е. Ама во моментот кога ќе почнат да ми играат (се гледа и со голо око) си викам ете готово, болна сум дефинитивно.
Земам баш магнезиум глицинат, и Б-комплекс. И медитирам. И јога вежбам. Ти се случувало и тебе ова со мускулите? @FreeToGo
Мене ми се дешава.. последно време почесто, и одма си наоѓам болести.. мислам од умор е ама психички умор.
Мене ми се дешава неколку пати дневно. Дури и на мускулите на грбот и стомакот.... И убедена сум дека имам невродегенеративна болест. Си закажав на психијатар.
Се ти е тоа од стравот. Јас со месеци мислев дека имам проблем со очите бидејки ми се матеше и не гледав убаво. Штом почнав АД се исчезна .