Пред два дена ужасно низок притисок, не ни успеав да излезам од дома. Ужасно беше, вчера подобро и си реков добро е, се реши, излегов, прошетав, сработив, се супер. Вечерта на секој час нешто ме разбудуваше, одвај-одвај презаспав. Ваква криза имав пред година-дена. Ај тоа, па и кога се разбудив чудна жештина по стомакот, во желудник и срце. Пак сонувам глупости, ама среќа од толку трауматични сонови, си најдов начин како да ги заборавам и ништо не памтам.
Тогаш продолжи на психолог, тригер секогаш ќе се најде , дали дома дали на улица, едноставно мора да сфатиме дека некои работи се неизбежни и дека не треба толку да им даваме внимание.
Луѓе дали ви се случило пред одмор да ве фати да ве боли нешто? Не знам дали тоа има врска, ама од вчера фати десната страна да ме боли како кај јајникот па погоре, чудно некако, на ехо бев се е добро, на гинеколог исто, крвна слика добра, а неам ни некој посебен апетит, сабајлево и пролив имав, дали сето ова се должи на целиот стрес како ќе поминам на одмор, нова средина и сл? Не ми се трга ваква на одмор..
Дали може некој да каже искуство ... Дали би имало проблем ако се испие едно пиво вечерта и после да се испие и пола деметрин ?
Уф пак паничен,до постојка појдов без проблем,ама кога застанав ме фати паника,грбот пак ме боли ужасно дополнително ме оптеретува,како ќе ја издржам третата незнам,рацеве ми препотува,нозеве безвезни ги чуствувам,дури седам добро ми е ама во офејне тешко ми е
Луѓе што е више работава еден ден добар еден лош , прашање имам молим те одговор сега пиев Хелекс од 0.25 дали смее да се меша со Еглонил од 50мг , а пијам и Елицеа 10мг ???
Во вакви случаеви најважно е да останете смирени.Кога знаеш веќе дека имаш панични напади,полесно би ти било да знаеш и како да се справиш со нив.Тие обично се разултат на лошите мисли што ти се појавиле во одреден момент.Нареден пат пробај седни некаде и пробувај да мислиш на нешто позитивно,пр:дека ќе си наоравиш прекрасен ручек/вечера,мисли на сите добри работи што ти се случиле,што те насмевнало. Ако им дозволиме на нашите лоши мисли да преовладеат со нас,тие секогаш ќе бидат тука.
И јас сакам тоа да го практикувам, да пишувам во тетратка, сама да си се искажам, инаку не пијам антидепресиви, многу одамна ми беше тешко и бев на психијатар, ми препиша асентра, некако ми беше потешко од нив и ги прекинав. Немам некои кој знае какви панични напади, ама од време на време знае да ме фати паника и си замислувам дека ќе доживеам мозочен или срцев удар и одма како главата ме боли, срце да ме стега, во таков случај излегувам и шетам по бутици, пешачам, тоа ме смирува, и претпочитам сама да шетам. Се дружам со неколку другарки само, не сакам гужви, не сакам кога идеме по слави и слични работи во затворен простор, се гушам, исто не сакам дома многу народ, едноставно се гушам ако има гужва во мал простор. Кога ќе се најават повеќе да дојдат на гости ме фаќа паника, незнам зошто.
Дали некој има панични напади во ПМС ама само на лето? Јас овој проблем го имам само на лето во ПМС, и не знам како да се справам. Ниту витамини, ниту ништо не помага? Некој предлог за витамини? Пред 10 тина год бев со панични напади ама тоа го надминав, сега ми остана ПМС во лето со панични напади а преку година немам проблем. Без врска се вознемирам и почнува паниката со секакви мисли. За некој саат помине ама ме истоштува ептен и нејкам вака да ми е. Јас општо на лето не функционирам. Мислам дека мозокот не ми работи. Нервозна, вознемирена сум кога е жешко, се препотувам, мисли никакви. Многу ме истоштува и едвај чекам есен. Вака ми е секое лето. Ќе ве молам девојките ако имаат совет за витамини да предложат, магнезиум и б6 на лето не ми врши работа веќе.
Здраво ми се случува при спиење наеднаш да добијам грозница вилица ми се тресе и премногу ми е ладно и тоа треа најмн 10 мин. Дали тоа е симптом на анкциозност ?
Ќе ти одговорам и тука. Во лето обично не пијам витамини воопшто, некој месец праам пауза малку, доста ми беше со месеци ги пијам оние стандардните, ц, д3, омега 3 6 9 исто пиев едно време ок беа, магнезиум по потреба не редовно. А еден месец ги пиев овие, демек природен антидепресив и мене лично одлични ми беа, некако позитивно и енергично се осеќав и расположена бев, после не ги продолжив, скапички ми се малку ама треба пак да земам, кога знам дека убаво ми делуваа. Инаку, неам панични напади, анксиозна и депресивна знам да сум на периоди па после поминува само од себе, не пијам Ад, по потреба дијазепам некад ако сум ептен вознемирена или б6. Овие суплементиве на Солгар значи стварно се топ, скапи ама има и те како разлика во однос на другите суплементи, стварно појаки се некако и поефикасни.
Јас проблем имам само во пмс и тоа на лето. Не знам дали дека жешко не трпам и ми се јавува панични напади и вознемиреност. Ова лето пукнав. Ќе ги земам само да се ефикасни Мене ми е проблем многу ПМС на лето, буквално ме вади од такт. Еве цела ноќ си ја седев бев со паничен, па средував плакари Јас за преку лето овие ќе си ги земам се надевам ќе ми ги намали ПМС симптомите. Ти благодарам
Пробај, се надевам добро ќе ти делуваат, нема штета од нив. Мене многу убаво ми делуваа тогаш кога ги пиев. Инаку и ја не трпам топло ама некако издржувам.
Нешто како природен антидепресив ама далеку послаби се од вистинските ад, мислам нема споредба. Мене ми помогнаа, ама зависи од состојбата во која се наоѓаш, колку е полесна или потешка, така да не помагаат кај сите. Имам понекогаш така блага анксиозност, напнатост, вознемиреност и несоници, панични не сум имала. Колку што знам не треба да се меша многу коа се пијат ад, ама за најсигурно прашај во аптека. Чекај Деметрин не е ад така? Неам пиено ад, така да не знам баш. И не се апчиња овие, суплемент се, не идат со рецепт ама сепак на своја рака не зимај ништо штом веќе пиеш терапија. Прашај психијатар прво што ти ја препишал твојата терапија.
Секако. Кога сме малку под стрес се случуваат тие работи. Е сега некако да се ислободиш од тој стрес.