Здраво друштво,како сте денес?Јас сум на одмор поминав одлучно,е денес после пладне ми е безвеза ,матно во главава,како без енергија,терапија земам редовно.Одлична бев 6 дена зошто денес вака незнам.А апарат за притисок не носам и намерно не го зедов.
Јас бев на вежбање, се направив ама чудно ми беше. Ко изгубена бев, зошто не ми поминува?? Ко изгубена се осеќам. Се нервирам.....
Сконцентрирај се на тоа што го правиш, ти веројатно постојано мислиш на нешто, па се осеќаш изгубено.И веројатно ти треба малку повеќе самодоверба во себе.
И денеска со ова гадење и немање апетит, 2 месеци пијам зепира од 5мг и дијазепам од 2мг и бев добра последниве 2 недели се контролорав, од завчера со гадењево не можам, пак мислам зошто ми се врати, зошто ми е вака, се нервирам многу, нема крај, само вртење во круг, пак мислам сум болна од нешто, зошто ми се гади...
Според мене затоа што само мислиш на тоа затоа ти се гади,така и јас само мислев и после се пренасочив кон нешто друго излегував,се дружев и прекинаа таквите мисли,пробај да не мислиш на тоа
Земав антиметил со ѓумбир, ама мене ме нервира зошто ми е пак така, си правам филм дека имам пак болет чим ми се гади, и немам апетит..
Ама на некои периоди ми е вака, па после ми е добро, и си јадам, си имам апетит и се останато.. па ќе помине некое време па пак.. и веќе се нервирам многу..
Антиметил делува многу бавно и е неефикасен, или барем кај мене беше така. Мене многу ми помагаше чај од ѓумбир, а ако не ми поминуваше од него земав Домперидон или Реглан. Земи некое од овие, не се нервирај
Јас сум сигурна дека ништо не ти е,може мислиш на тоа подсвесно и затоа пак ти се повраќа,и плус еве зошто си создаваш дополнителен стрес мислиш дека нешто ти е
Знам, ама кај сите е различно, плус ти пиеш од 20 а јас тек пред месец дека почнав од 5мг, не мора да е нус појава од зепирата, ама мислам дека не може одеднаш сите симптоми да исчезнат како што јас сакам, треба раб и време ваљда, така ми кажа и психологот. Домперидон се апчиња? За реглан сум слушнала има и сируп и апчиња, ти што земаше? За колку време од испиено ти делуваа? Дали уште земаш некаква терапија и колку време си со дијагноза анксиозност?
Знам дека е така, ама џабе некогаш нр можам да се изборам психички, тешко ми е некогаш, иако и раб на себе и се...
Апчиња се, да, и се многу поефикасни од Регланот. Јас нив ги пиев по потреба. За саат време од испиеното веќе делуваат. Инаку не земам веќе никаква терапија, а бев 2 ипол години на Елицеа.
Здраво луѓе веке 1 месец пијам Елицеа од 10мг ништо подобрување катастрофа се осекам не знам више кај да го барам спасот бар 5% подобро да беше ништо нема промена сеуште
Уште малку време почекај со Елицеата, биди трпелив и не губи надеж, треба малку време на организмот да се приспособи на Елицеата, ама ќе почне да делува.Какви симптоми имаш ти и што највеќе те попречува за нормално да функционираш ?