Верувај, не е тешко да истражиш, колку многу анксиозни има со партнери, би се зачудила.Многу луѓе, неспремно влегуваат во бракови, заедници, и ете го притисокот, стравот и анксот.Инаку да, да имаш некој што ќе те разбира е многу полесно, макар и пријател или роднина.
Здраво, веројатно долго време си била силна, низ целиот тој период позади тебе, па веројатно дошло време и тебе да ти треба поддршка.После загуба на близок, нормално е да следува тежок период, на адаптација, на помирување и нормално е да се јави анкс.Од моето искуство, мене ми делува дека ти имаш некој благ анкс, и убаво е што презимаш одма нешто.Околу испитувањата, можеш да ги направиш чисто за себе, да си докажеш дека не ти е ништо.
Ах не, поентата на муабетот беше дека тагата и осаменоста предизвикуваат анксиозност. Уствари вака почнува, ќе доживееш некој удар животен и ти слабее духот. Нашиот мозок не знае како да се справи со траума.
Моја грешка, лошо сум ве разбрал.Во право си за тагата и осаменоста, особено ако тоа се случи онака, многу брзо, дали губење на близок, или ете, некако сите имаме блиски насекаде низ светот, и сите паѓаме на тој испит.Не можеме да ги подготвиме мозоците на таа траума, и веројатно паѓаме, кој повеќе кој помалку, секој на свој начин страда.
Ти благодарам на одговорот.Да, долго време бев силна за себе и за сите.Дојде време да си помогнам сама на себе.За почеток започнав со неуробион Форте, со медитација, вежби за цервикална спондилоза и еве денес пешачев со друштво.На еден момент кога нагло од пешачењето седнав на клупа ми се појави тоа чувство на ,, вртење на подот,, поседов за неколку секунди помина и продолжив со прошетката. Од понеделник, ќе видам со орл и другите испитувања. Поздрав и убава вечер.
Супер, медитацијата стварно знае да помага, практикувај ја секој ден штом ти помага, ќе те смирува.По мене, вртењето што ти се јавува, е од притисок што сама си го создаваш.Но ако, направи ги сите испитување што мислиш, едно по едно елиминирај ги сите работи што те мачат, за да стигнеш до вистинскиот проблем за ова што ти се јавува.
Се согласувам, сакам да ги направам испитувањата за да ги тргнам сите можни причинители за оваа појава, а потоа да знам на што конкретно да се насочам.Се сомневам во центар за рамнотежа затоа што таа појава тоа ,,движење,, ,,нишање,, под нозе ми се случува најчесто кога гледам надолу, но ќе видиме, здравје.
Се чувствувам многу напнато и цело време како да се стегам цели нозе како да ми се стегнати и болки низ цело тело,не знам дали може да е од стрес и што би можело да ми помогне?
Имам едно прашање дали некој од вас чувствува како притисок во глава да има, некое чувство како да е,,затната,стегната,, главата а нема главоболка?
Upornost ,prifajcanje na nekoj raboti,bez AD ,koga ne mi e Dobro pijam magnesium, mnogu rabota vo denot I nemam vreme da mislam na anksioznosta.